Исус, другарице, никаде не споменува рај или пекол. Религијата од тоа живее и на тоа се стрви. Срамота.
Ај да провериме дали си во право:
„...А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во
Рајот...„(Лука, 23.43).
Значи, Исус го наведува и Рајот...
„...А Јас тебе ти велам: ти си Петар, и на тој камен ќе ја изградам Црквата своја и и вратите на
пеколот нема да ја надвладеат...„.(Матеј, 16.18).
Значи, Исус го наведува и пеколот...
Значи, некој овде лажит...
Срамота!!!
--- надополнето ---
Бидејќи тврдиш дека Коледе е паганска традиција, а јас не сум запознат, објасни ми што е Коледе?
Како прво што етимолишки значи зборот Коледе?
Потоа, што се парви на Коледе?
Потоа, суштината и пораката на Коледе.
Еве ти три прашања, на кои се надевам дека ќе одговориш, а може и секој кој вели дека Коледе е пагански празник, да го објасни тоа и паганството, и не е лошо да каже што е паганство. Нека започне со: Што е паганство!
Повелете.
Хвала....
1. Не ми е познато значењето на поимот „коледе„. Мене лично, ми звучи нецрковно...
2. Самиот празник Бадник, денот пред Божик, е наменет за коледарењето. Тоа рано утро, малите деца ги посетуваат домовите од верниците, а таа посета е симболика за евангелскиот настан, кога ангелите им се јавија рано утрото на пастирите, во близината од витлеемската пештера во која се роди Младенецот, и на пастирите им го објаија раѓањето Христово. Така, коледарчињата го објавуваат Христовото раѓање, аналогно на англеската објава за иститот настан до пастирите/овчарите од Витлеем.
3. „Коледе„ не е пагански празник, но за беља, кај нас има пагански примеси;: доволно е да слушнеме која глупост ја пеат коледарчињата!
3. Поимот „паган„ има старо словенско потекло, кој изворно се пишува како „поган„, што значи „лош човек (или народ, сеедно...), а кој поим се однесува на паганите, .т.е. на народите кои вистинскиот Бог го заменија со нивните измислени богови и ним им приредуваа пагански обичаи и принесување жртви.