Ова не знаев дека Исус бил политичар

...
Инаку под паганизам се подразбираат политеистичките религии, идолите, тотемите кои се божествени фигури или незнам шо, така да, само се трудиш најдобро што можеш да си атеист.
Јас иако сум христијанка, сепак прекршувам некои христијански правила, но се трудам да си останам доследна на верата, барем имам храброст да си признаам.
И уште една работа, не можете да ја обвинувате религијата за некаква штета, додека таа е злоупотребувана од оние лица кои демек и служат, а уствари ја користат за нив како ќе им се сака.
Исус, другарице, везе нема со христијанството. Не знам каде си го чула/прочитала Исус да збори за било што што христијанството збори. Исус за себе си викал дека си е евреин, дека господ му е Јахве, јасно кажал ДЕКА НЕ Е ДОЈДЕН ДА МЕНУВА ЗАКОНИ или да воведува нови религии. Екплицитно си вика дека он е дојден да си стане ЦАР на евреите (да, си пишува во Писмото), што и било негово наследно право.
Политичарот, во случајов не бил Исус (иако и он имал слична намера, мада немал баш некој добро издржан план) туку Царот Константин. Мислам дека нема да ти се наљути попот ако прочиташ нешто за востаноувањето на христијанството како „државна“ религија на Римското царство. Ќе ти се разјаснат работи.
Верата е интимна работа која, барем според зборовите кои писмото му ги припишува на Исус, треба да се практикува
интимно, во својот дом, далеку од очите на јавноста. Верата не се покажува во црква, не се покажува на плоштад, со верата не се цртаат слики и не се наплаќаат пари.
Религијата, од друга страна, е збир на догми и ритуали кои по својата природа се ограничувачки и имаат за цел да ги покорат и водат поданиците низ лавиринтите на лажни ветувања и подли закани. Религијата е таа која гради цркви, црта слики, ствара идоли, лажно ветува, краде пари од народот и ги условува со закани за вечен пекол.
Исус, другарице, никаде не споменува рај или пекол. Религијата од тоа живее и на тоа се стрви. Срамота.
Јас немам апсолутно ништо против твојата верба и интимни убедувања. Мене ми се гнаси од лагите со кои религијата го држи во незнаење простиот народ и не му дозволува да стане самостоен и одговорен за своите постапки и својата и иднината на своето потомство.
Тоа што на Цар Константин му требал идол на кого ќе му ја накалеми својата новокомпајлирана религија е сосем друг муабет. Ако си навистина посветен христијанин, мислам дека треба да прочиташ нешто и за крпењето на таа религија.
Вербата не можам да ја обвинувам за злосторствата, НО можам со мирно срце да ја обвинам Религијата за Босна, за 60 години Израел и Палестина, за 9/11, за средниот век, Индонезија, крстоносните војни, за уништувањето на 4000 години стари артефакти во Афганистан.
Кога религијата не би постоела, верувам дека и сите овие гнаси кои се случиле, немало да се.