Нешто ми боде очи на овој подфорум, интересно теистите секогаш биле обвинувани за фанатизам, фрустрација и неразбирање, а овде постојано читам постови на атеисти полни со фрустрации. Се би било во ред доколку би било тоа прикладна дебата, ама па и мнението дека теистот верува во чичко во бело кој седи на облаците и игра мапет шоу повеќе ми сугерира дека немаат поим што напаѓаат и дека воопшто не го разбрале било чие верување (христијани, муслимани, евреи, небитно...).
Интересно какви двојни стандарди, двојни аршини имаш.
Ти бодат очи исфрустрирани атеисти, а исфрустрирани на квадрат теисти не ти бодат. Многу интересно. Не ти бодат очи што одредени (да не речам скоро сите) теисти си лечат комплекси? Подотвори ги малку очите.
Ќе изјават дека атеистите немале никакви доблести...
Ќе изјават дека атеистите немале никакви морални норми...
Ќе изјават дека атеистите се Дарвинисти.....
Ќе изјават дека атеистите се Комунисти, Ленинисти, фашисти...
Ќе изјават дека атеистите потекнуваат од дисфункционални семејства....
Ќе изјават дека атеистите биле за јавно бесење на плоштад.....
За овие изјави ти си слеп, не ги гледаш, не допираат до тебе.
Е ако ова не се фрустрации, тогаш не знам што се.
Е па браќа верници премногу еднострано ги гледате работите.
Што ќе сеете, тоа и ќе жнеете
Сеете ли омраза, омраза и ќе жнеете.
--- надополнето ---
"If there were no God, there would be no Atheists."
Браос.
Мали буда, докажа дека има господ. Брилјантно.