Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Зошто теистите секогаш ги прашуваат атеистите за едни те исти работи, како настанал универзумот, времето, материјата итн итн... Ако некој е атеист не значи дека треба (за теистите: не значи дека МОРА) да има одговор на сите прашања. Ако некој атеист е продавач на пиперки на пазар што нема завршено осмо одделение можеби не го знае одговорот на смислата на животот, но одбива да прифати дека одговорот за се е господ, алах или некој друг бог. Неговото логичко размислување (колку и заостанато да е) не му дозволува тој да поверува во работи за кои што не постојат докази, или барем тој не видел. Но сепак, доколку во текот на животот наиде на логичен, докажан, издржан одговор на неговите неодговорени прашања, тој би поверувал во некоја идна теорија, што можеби сега не е ни откриена.

Јас мислам дека е тоа поради товарот на доказот. Мислам дека паничен страв во индоктринираниот теистички ум е скепсата што ја чувствуваат кон постоењето на Бог. Верувам дека на секој верник му се случува да се посомнева (а „богами“ има и зашто) дека Бог навистина постои. Така, претпоставувам (пошто не знам), дека во моментите на прелест (ко што би рекол Мики) испаничени дека не можат да најдат рационално објаснување за неговото постоење, се обидуваат да ги нападнат останатите алтернативи. Во овој случај, тоа се атеистите (иако они, у ствари мислат на наука - ко што може да се види и тука) и „нивната религија“ (пошто не можат да разберат што е научен метод, peer review и критичко мислење).

Така, теистите секогаш бараат конечна вистина, апсолутен одговор и затворање на отворените прашања за да си најдат мир во овој свет преполн со неизвесност. Теистите не разбираат дека конечна вистина не постои и дека секое одговорено прашање не не' води поблиску до конечното знаење туку дека едноставно отвора илјадници други, уште потешки за одговарање прашања.

Мислам дека теистите кои не ја почитуваат науката всушност се уплашени од нештата кои не ги разбираат, па го сметаат конечниот свет на религијата за покомотно место за боравење.
 
Да, здравиот разум не ми дава да давам смешни, глупави, апсурдни и нецелисходни одговори, со кои би требало да одговорам на извесни прашања и теми...Џабе трошење енергија е тоа.

Истото можам да го кажам и за твојот бог затоа одговори на прашањето те молам...
 
Ако прашањето беше, дали постои крилат еднорог (или така нешто...), тогаш, одговорот е: не, не постои. Никој не го видел, оти е дел од нечија митолошки ориентирана фантазија.

Еве од мене до Тебе неколку прашања, користејќи ја твојата логика:

1: Дали постои Црвенкапа?
2. Дали постои лошата вештерка?
3. Дали постои „баба рога„?
4. Дали постои Пепелашка?
5. Дали постои...

И така натаму...
 
1: Дали постои Црвенкапа?
2. Дали постои лошата вештерка?
3. Дали постои „баба рога„?
4. Дали постои Пепелашка?
5. Дали постои бог?

И така натаму...

Јас ке ти одговорам
Не. Сите се измислени ликови од прикаски. Никаква разлика нема меѓу тие 5.
 
Додаги го господ на таа листа зошто тоа не е моја логика тоа е твоја. Ти си тој што рече дека непостоењето на господ неможе да се докаже.
 
Јас ке ти одговорам
Не. Сите се измислени ликови од прикаски. Никаква разлика нема меѓу тие 5.

Добро сега, можеби не се сите ликови од прикаски, тој крилестиот еднорог сигурно е лик од нечиј trip на LSD, ама пак... не е различен од другите :) Инаку, според моето мислење, 90% од „владеачката структура“ на христијанството се верници заради парите, славата или сексот со мали деца, ако некој сака, за ова имам и доказ (релевантен и логичен, не духовен)
 
Зошто теистите секогаш ги прашуваат атеистите за едни те исти работи, како настанал универзумот, времето, материјата итн итн... Ако некој е атеист не значи дека треба (за теистите: не значи дека МОРА) да има одговор на сите прашања. Ако некој атеист е продавач на пиперки на пазар што нема завршено осмо одделение можеби не го знае одговорот на смислата на животот, но одбива да прифати дека одговорот за се е господ, алах или некој друг бог. Неговото логичко размислување (колку и заостанато да е) не му дозволува тој да поверува во работи за кои што не постојат докази, или барем тој не видел. Но сепак, доколку во текот на животот наиде на логичен, докажан, издржан одговор на неговите неодговорени прашања, тој би поверувал во некоја идна теорија, што можеби сега не е ни откриена.

Колку празен пост со комплетно утната поента. Зашто теистите секогаш ги поставувале истите прашања? Хеј, па инвентивноста на атеистите богами оди до немајкаде. Тоа се прашање до прашање кое се разликува едно од друго. Мислиш дека комплетно ќе разоружаш било која теистичка мисла или став со ваков дебакл спектакл?

Нешто ми боде очи на овој подфорум, интересно теистите секогаш биле обвинувани за фанатизам, фрустрација и неразбирање, а овде постојано читам постови на атеисти полни со фрустрации. Се би било во ред доколку би било тоа прикладна дебата, ама па и мнението дека теистот верува во чичко во бело кој седи на облаците и игра мапет шоу повеќе ми сугерира дека немаат поим што напаѓаат и дека воопшто не го разбрале било чие верување (христијани, муслимани, евреи, небитно...).
 
Добро сега, можеби не се сите ликови од прикаски, тој крилестиот еднорог сигурно е лик од нечиј trip на LSD, ама пак... не е различен од другите :) Инаку, според моето мислење, 90% од „владеачката структура“ на христијанството се верници заради парите, славата или сексот со мали деца, ако некој сака, за ова имам и доказ (релевантен и логичен, не духовен)

Мала блага интервенција пред да го навлечеш муабетот во погрешен правец. Тема на разговор се ставовите на атеистите, а не на теистите, а уште помалку религиозните институции и нивните службеници. Службениците во религиозните институции по дефиниција треба да се верници, и веројатно се - сите оние кои служба даваат без надомест за својата „работа“, а за другите, посебно оние кои ти ги посочуваш ... има кој да им суди (може Бог или кривичен суд, или пак некој голем верник со јатаган, ... сеедно :)).
 
Убаво пишав: "во однос на времето во друг простор". Или пример само, времето околу неутронска ѕвезда тече побавно во однос на времето околу нашата планета. Значи разлика во просторот. :)
Но тука исто така треба да се земе предвид и фактот што просторот околу неутронската ѕвезда не е ист со просторот околу нашата планета.
И околу неутронската ѕвезда светлината 1 км ќе помине за 1 наносекунда (пример само), и околу Земјата светлината 1 км ќе помине за 1 наносекунда. Но гледано од Земјата, времето потребно за светлината да го помине тој 1 километар околу неутронската ѕвезда е многу поголемо отколку на Земјата.
Те сваќам, само друго ми беше муабетот. И неутронската звезда и нашата планета а и просторвремето во кое се наоѓаат тие, се дел од овој универзум и затоа може да се споредуваат еден во однос на друг. Но теориите како стринг теоријата, претпоставуваат дека целиот универзум е мембрана која се движи и кога ќе наиде на друга мембрана во точката во која се допираат се случува биг бенг. Оваа теорија за мене е крајно безсмислена и апсурдна затоа што надвор од универзумот непостои некој виртуелен простор во кој би се движел универзумот, ниту пак виртуелно време! :toe: Всушност целиот тој контекст наликува на концептот на креатор кај религииве. Ако постои креатор кој го креирал креаторот?! Така и овде, ако постои виртуелен универзум во кој нашиов "лебди" тогаш и виртуелниот универзум може да "лебди" во некој друг виртуелен универзум....итн до бескрај!
 
Прашање до атеистите:
Ако не постои простор, дали е можно движење на материјата? Не се разбирам баш од физика или што е тоа што ова го изучува, па има ли некој да одговори?
 
Па не треба да се разбираш од физика за да знаеш дека за движење ти е потребен простор....:toe:
 
Прашање до атеистите:
Ако не постои простор, дали е можно движење на материјата? Не се разбирам баш од физика или што е тоа што ова го изучува, па има ли некој да одговори?
А кој рече дека атеистите не веруваат во простор и материја?
 
Колку празен пост со комплетно утната поента. Зашто теистите секогаш ги поставувале истите прашања? Хеј, па инвентивноста на атеистите богами оди до немајкаде. Тоа се прашање до прашање кое се разликува едно од друго. Мислиш дека комплетно ќе разоружаш било која теистичка мисла или став со ваков дебакл спектакл?

Нешто ми боде очи на овој подфорум, интересно теистите секогаш биле обвинувани за фанатизам, фрустрација и неразбирање, а овде постојано читам постови на атеисти полни со фрустрации. Се би било во ред доколку би било тоа прикладна дебата, ама па и мнението дека теистот верува во чичко во бело кој седи на облаците и игра мапет шоу повеќе ми сугерира дека немаат поим што напаѓаат и дека воопшто не го разбрале било чие верување (христијани, муслимани, евреи, небитно...).

Зошто утната поента? Ако атеистите тврдат дека нема бог бидејќи нема докази за тоа, овие другите одма реплицираат со прашања од типот на „Ами тогаш кој го создал универзумот?“ или ете прашањето на Јоан неколку постови погоре „Ако не постои простор, дали е можно движење на материјата?“ Зошто овие прашања се адресирани до атеистите? Можда некој го создал универзумот, можда сам се создал, можда крилестиот еднорог го создал... Јас не знам кој го создал, немам ни потреба да знам, but it sure as hell isn't god!
 
Тој или тоа или таа што го создала Универзумот еве може да се нарече БОГ, но БОГ во смисла дека од него тргнало се и јас верувам дека има нешто од што се почнало!

Е сега има и друга работа, тој или тоа или таа БОГ сигурен сум 10000000000000000% дека ич *ур не го боли за што се случува на Земјата, и што прават луѓето и да одредува кој ќе оди во пеколот, кој во рајот, кој во на мајка му!

Тоа е работата дечиња, ама се додека има вера(различни вери) секогаш ќе има и проблеми, и војни и глад, а богами и поповите и оџите ќе возат џипови :tv:
 
Добар гол на Руни ама не е до верите туку до тие што се над верите.
А верујјјјј тие се и над такозваната наука.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom