DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.557
Зошто теистите секогаш ги прашуваат атеистите за едни те исти работи, како настанал универзумот, времето, материјата итн итн... Ако некој е атеист не значи дека треба (за теистите: не значи дека МОРА) да има одговор на сите прашања. Ако некој атеист е продавач на пиперки на пазар што нема завршено осмо одделение можеби не го знае одговорот на смислата на животот, но одбива да прифати дека одговорот за се е господ, алах или некој друг бог. Неговото логичко размислување (колку и заостанато да е) не му дозволува тој да поверува во работи за кои што не постојат докази, или барем тој не видел. Но сепак, доколку во текот на животот наиде на логичен, докажан, издржан одговор на неговите неодговорени прашања, тој би поверувал во некоја идна теорија, што можеби сега не е ни откриена.
Јас мислам дека е тоа поради товарот на доказот. Мислам дека паничен страв во индоктринираниот теистички ум е скепсата што ја чувствуваат кон постоењето на Бог. Верувам дека на секој верник му се случува да се посомнева (а „богами“ има и зашто) дека Бог навистина постои. Така, претпоставувам (пошто не знам), дека во моментите на прелест (ко што би рекол Мики) испаничени дека не можат да најдат рационално објаснување за неговото постоење, се обидуваат да ги нападнат останатите алтернативи. Во овој случај, тоа се атеистите (иако они, у ствари мислат на наука - ко што може да се види и тука) и „нивната религија“ (пошто не можат да разберат што е научен метод, peer review и критичко мислење).
Така, теистите секогаш бараат конечна вистина, апсолутен одговор и затворање на отворените прашања за да си најдат мир во овој свет преполн со неизвесност. Теистите не разбираат дека конечна вистина не постои и дека секое одговорено прашање не не' води поблиску до конечното знаење туку дека едноставно отвора илјадници други, уште потешки за одговарање прашања.
Мислам дека теистите кои не ја почитуваат науката всушност се уплашени од нештата кои не ги разбираат, па го сметаат конечниот свет на религијата за покомотно место за боравење.