Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не се откажувајте од она што сте, затоа што ако верувате дека вие сте само хемиски процес ќе ги изгубите квалитетите кои не
прават да бидеме она што сме луѓе кои во себе носат многу Љубов и Светлина.
Ако не верувате во себе и во Бог без разлика каква и да е вашата перцепција за Него тогаш вие не сте воопшто свесни за самите вас
за тоа каква е вашата природа и сте излажани и изманипулирани од ѓаволот или пак сте негови слуги свесно или несвесно.
Затоа не заборавајте дека вашата суштинска природа е Љубовта без разлика какви сте и колку гревови или грешки сте направиле во
вашиот живот. Не го напишав ова за да повредам некого туку да ве потсетат на она што сте, затоа имајте отворено срце за да
можете да препознаете што е вистина а што не е вистина.

Ех, само да го тргнеше делот „и во Бог“ и она со ѓаволот и постов ќе ти беше за јако зеленко... штета...
 
Ех, само да го тргнеше делот „и во Бог“ и она со ѓаволот и постов ќе ти беше за јако зеленко... штета...

Тоа сепак е едноставна вистина без разлика како и да ти звучи.
 
Тоа сепак е едноставна вистина без разлика како и да ти звучи.

Пораката беше одлична и сосем на место. Стварно не гледам зошто тие два лика улетаа тука. Супер си беше без нив.
 
Бог е Љубов Светлина и Милост извор на животот и креатор на секој атом на твојата рака, тело и душа зарем кон Тоа
имаш одбивност.
 
Бог е Љубов Светлина и Милост извор на животот и креатор на секој атом на твојата рака, тело и душа зарем кон Тоа
имаш одбивност.
На кој бог мислиш? Ги има прилично доста!
 
На кој бог мислиш? Ги има прилично доста![/QUOTE]

Верувам во Едниот Бог, Отец, Седржител, Творец на Небесата и на Земјата, На се видливо и невидливо.
И во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји.
Единороден, кој е роден од Отецот пред сите векови.
Светлина од вистинска Светлина, Бог вистински од Бога Вистински.
Роден, Нестворен, Едносуштен на Оца, преку кој заради нас луѓето и заради наше спасение слезе од Небесата и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана Човек.Пострада и Беше рапснат заради нас луѓето во времето на Понтиј Пилат и беше погребан.
И Воскресна во третиот ден според писмото и седи оддесно на Оца,
и пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите и Царството негово не ќе има крај.
И во Светиот Дух.
 
И во Светиот Дух, Господ Животворец кој произлегува од Отецот, кој заедно со Отецот и Синот заердно му се поклонуваме и го славиме и кој говорел преку пророците во Едната Света Соборна и Апостолска Црква исповедувам Едно Крштение за опростување на гревовите
го го чекам Воскресението на Мртвите и животот во Идниот Век. Aмин

Зошто он? Зошто не Алах? Зошто не Зевс? Зошто не Јупитер?
 
Веруваш ли ти во мојот невидлив црвен еднорог со шарени крилја? Ако не веруваш, докажи го своето неверување целосно...

На погрешни прашања, се дава погрешен одговор...

--- надополнето ---

А кој е по-грешен, атеистите или кривоверниците (бушмани, мушмани, муслимани и тако даље?)

Може ќе „звучи„ нелогично, но кривоверците се во подобра потенцијална положба од атеистите. Крививреците барем не ја запоставуваат вродената човекова религиозност, која дури и Св. Ап. Павле ми се чини дека ја споемнува. Атеистите исклучуваат секаква можност за Божјото постоење, тргнувајќи од својата рационална логика дека ако нешто не е прифатливо за човековиот ум, автоматски тоа е невозможно.

За оние кои веруваа пак, можно е и постоење на „необични„ битија и настани...
 
На погрешни прашања, се дава погрешен одговор...

Прашањето (74 пати поставено) е сосем на место. Само некој нема г'з да го одговори. Ни со да, ни со не.

Е ТОА Е ИНДОКТРИНАЦИЈА! Да си правиш самоцензура. Дути и на работите за кои не мораш. Пострашна е и од ропство. Индоктринацијата е САМОРОПСТВО!!!
 
Море DBack, прашања од типот „....шарен еднорог со крилја....„ се сами по себе смешни, така да на тој начин и можат да се одговорат-со смешен одговор. Овде, на форумов, дискутираме за теми од духовно-етичка природа така да на такви прашања, можам да дадам одговор, ако прашањето има своја намера и цел. А која целта од еднорогот со крилја, да плаши деца, да формира некаква митологија или?....
 
3. Секако дека се докази. Само да ги провериме од поише страни. ...само, те молам, стварно, постирај ги линковите или кажи ми каде да ги барам. Еден по еден ќе ги поминеме и ќе пробаме да разјасниме све. Озбилно.

4. Накратко постапката:
(а) Постои утврдена поделба на геолошкото време на земјата (http://www.ucmp.berkeley.edu/help/timeform.html). Ова е дел од науката геологија.
(б) Постои екстензивна база на фосилни наоди (пример за една мала: )- бројката на досега каталогизирани фосили е околу 250.000.000 (милиони, да :)). За споредба, во времето на Дарвин имало неколку илјади. Ова е задача на палеонтологијата.
(в) Биологијата (независно, а сепак во совршена порамнетост со палеонтолошките наоди) го составува филогенетското дрво на животот, а
(г) генетиката ги проучува геномите на видовите и секој нејзин наод безгрешно се вклопува во филогенетското дрво.
Биологија и генетика ни беа основни предмети на факултетот па отприлика имам некои познавања за што се работи (иако од поодамна)...тоа што ми останало во сеќавање.

Линковите кои ги постирав беа од професори и директори на археолошки музеи и универзитети во чии изјави стојат ставовите дека за 2 века истражувања недостасуваат преодните форми од водни преку амфибии и рептили, мајмуни и човек. Темелен и евидентен фактички одговор сеуште не постои.
Овие линкови не ги објаснуваат оние прашања што ги поставив за абиогенезата. Дали имаат успеано фактички со експеримент да ја докажат оваа теорија, ничим изазвана :)

Ок, да се движиме...дали си запознат со експериментите на еден Дејвис, физичар и писател (некои го споредуваат со К. Саган) од кои има произлезено информации дека универзумот е токму така создаден и скроен за да се оформи живот каков што е.
Следно, дали си запознаен со една од најголемите измами во 1912 во врска со теоријата за еволуцијата кога е подметнат череп од мајмун/човек за кој се открива дека не е на некоја преодна еволутивна форма туку е всушност на човек починат пред 500 години (сега 600 :) ).

Дејвис во својата книга (иако атеист по убедување) Умот на Бог вели дека универзумот не е воопшто бесцелно случување туку се поставено точно каде треба и како треба за да се створи она што постои денеска низ вселената и овде.

Понатаму може да видиме и за други теми/експерименти (за Вселенскиот Шум и експериментите 1964, оксфордски професор...) засега би сакал со твои зборови (не со видеа или линкови) да добијам информација за точноста на фактите во врска со овие неколку проблематики погоре како и за начинот на абиогенезата, дали се добиени факти од експериментите, кои се.
 
Море DBack, прашања од типот „....шарен еднорог со крилја....„ се сами по себе смешни, така да на тој начин и можат да се одговорат-со смешен одговор. Овде, на форумов, дискутираме за теми од духовно-етичка природа така да на такви прашања, можам да дадам одговор, ако прашањето има своја намера и цел. А која целта од еднорогот со крилја, да плаши деца, да формира некаква митологија или?....

Да/Не прашање е, Мики. Што туку се врткаш и трткаш. Можеш да го одговориш или нешто не ти дава?
 
Lurtz,

Веројанто мислиш на измамата позната како „питлдаунски човек„? Да, тоа е череп од човек, комбиниран со вилица од мајмун, која се до раните 50-ти била „јак„ доказ за наоѓањето на „алката која недостасува„ помеѓу човекот и мајмунот...

--- надополнето ---

Да/Не прашање е, Мики. Што туку се врткаш и трткаш. Можеш да го одговориш или нешто не ти дава?

Да, здравиот разум не ми дава да давам смешни, глупави, апсурдни и нецелисходни одговори, со кои би требало да одговорам на извесни прашања и теми...Џабе трошење енергија е тоа.
 
Биологија и генетика ни беа основни предмети на факултетот па отприлика имам некои познавања за што се работи (иако од поодамна)...тоа што ми останало во сеќавање.

Линковите кои ги постирав беа од професори и директори на археолошки музеи и универзитети во чии изјави стојат ставовите дека за 2 века истражувања недостасуваат преодните форми од водни преку амфибии и рептили, мајмуни и човек. Темелен и евидентен фактички одговор сеуште не постои.
Овие линкови не ги објаснуваат оние прашања што ги поставив за абиогенезата. Дали имаат успеано фактички со експеримент да ја докажат оваа теорија, ничим изазвана :)

Ок, да се движиме...дали си запознат со експериментите на еден Дејвис, физичар и писател (некои го споредуваат со К. Саган) од кои има произлезено информации дека универзумот е токму така создаден и скроен за да се оформи живот каков што е.
Следно, дали си запознаен со една од најголемите измами во 1912 во врска со теоријата за еволуцијата кога е подметнат череп од мајмун/човек за кој се открива дека не е на некоја преодна еволутивна форма туку е всушност на човек починат пред 500 години (сега 600 :) ).

Дејвис во својата книга (иако атеист по убедување) Умот на Бог вели дека универзумот не е воопшто бесцелно случување туку се поставено точно каде треба и како треба за да се створи она што постои денеска низ вселената и овде.

Понатаму може да видиме и за други теми/експерименти (за Вселенскиот Шум и експериментите 1964, оксфордски професор...) засега би сакал со твои зборови (не со видеа или линкови) да добијам информација за точноста на фактите во врска со овие неколку проблематики погоре како и за начинот на абиогенезата, дали се добиени факти од експериментите, кои се.

Баш ми е мило за биологијата и генетиката, пошто така ќе можеме многу полесно да се разбереме.

Те молам, ако можеш, најди го линкот за да можеме да ги провериме тие тврдења. Мене, некако, ми се чинат смешни, ама кој знае... може има нешто таму. Тоа што споменуваш транзициони фосили веќе ми тера на некоја „школа“, ама ај да видиме, шо! Плиз, залепи ако можеш да го најдеш линкот.

Во моментот кога човекот ќе успее да создаде де-факто саморепродуцирачки жив организам ќе има големо славје по научните булевари. Мислам дека ќе треба да бидеме уште малку трпеливи. не долго.

За Дејвис: Секако! Гравитациона константа и рамнотежа - фер. Тоа и е основата за теоријата за мултипли универзуми. Како ти го толкуваш овој негов наод? Господ? Ако да, тогаш дали си на деистичко или на теоистичко стојалиште?

Мислам дека полека ми станува јасна твојта позиција, чим го спомена човекот од Пилтдаун. Тоа е, друже, приказна од 1912 година која е дебанкирана од научната јавност скоро потоа. Да не барам линкови сега, те молам, не влегувај во креационистички замки со примериве, пошто стварно имам сеопфатен каталог на сите нивни тврдења со комплетни објаснувања за секое посебно. ТЕ МОЛАМ, немој со кеационистички подвали, пошто ова ќе се претвори во една друга тема, каде 5-6 пати се правеше истиот муабет.

За крај, те молам да ми дадеш наслов од книгата на Дејвис за да можам повеќе да прочитам за тоа, па да можам да зборувам. Вака би било од рукав, а тоа не би било фер,нели.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom