Заради тоа што не постои
некој кој тоа го може. Кога би постоел, истиот би морал да биде, исто така, создаден од покурназ некој. Во универзумот
не постои надуниверзумска сила! Нема простор каде таа може да се наоѓа (битисува), а уште помалку ексклузивно да се занимава со креирање на живот на едно зрно железо изгубено во вселената. Нема причини
зошто да постои такво створење, ниту пак изговор за намерите кои човекот му ги припишува.
Моето сигурно тврдење е поставено врз основа на моите здрав разум и логика, како што се поставени и сите други ставови кои ги имам во животот. За сите природни феномени, здравиот разум и логика безгрешно бркаат работа. Не гледам причина зошто и за овој феномен (природен) да не ги употребам истите механизми.
Тоа е и мојот спор со теистите. Од една страна тие немаат никаков проблем да применуваат здрав разум и логика во секојдневниот живот, и феномените со кои секојдневно се среќаваат, но кога станува збор за нештата кои не ги разбираат (пошто недоучиле), тогаш може све да биде ирационално и во таа ирационалност селективно да применуваат разум и логика.
Муабетот ми е: Ако за нешто во животот користиш рацио и критичко мислење, тогаш ќе го користиш а се'. Не можеш за едно вака, за друго така...
И уште нешто: Човекот
никогаш нема да стигне до конечната вистина, затоа што такво нешто
не постои. Ќе откриваме и ќе дознаваме се' повеќе и повеќе. Ќе се менуваме, еволуираме и мутираме засекогаш! Дел ова што сега го тврдиме, некаде во иднината ќе биде смешно, исто како што е смешно денес тврдењето дека Господ ја создал жената и на првиот ден и после, откога му го извадил реброто на Адам. Како што е денес смешно тврдењето дека земјата е плоча, така, можеби, некаде во иднината смешни ќе бидат и моите зборови тука. Сепак, критичкиот пристап кон напредокот и објективното поимање на светот ќе останат со нас уште долго, долго време. Религијата, (со стариот дедо-воајер со бела брада) тешко.
--- надополнето ---
Црни дупки, Мики... Матки на нови паралелни универзуми. Науката за све си има чаре
Не си ја видел сликата на претходната страна, а?
Сонцето нема засекогаш да свети. Ќе го потроши водородот. Непосредно пред тоа ќе потече, ќе ги лапне првите 3 планети, ќе ја спржи земјата и на крајот (за некои 5 милијарди години - знам дека не можеш да замислиш) ќе колабира во мало бело џуџе големо колку денешната планета Земја. Тоа џуџе, доколку го опне некој доволно голем астероид или друго тело, ќе може да прсне во Нова, од која, доколку се формира црна дупка, ќе може да биде мајка на еден нов универзум.
Врзан круг.
И доста со глупите тези за вториот закон на термодинамиката, особено ако не го разбираш.
--- надополнето ---
Смешни постови. Се обидувам да разберам што ти е целта, ама единствено што читам се лични напади, наместо напади на моите тези. Нема проблем, мене ми е кејф со сите да зборам.
Луѓето кои ја оспоруваат науката, а седат пред монитор по цел ден и ц'цкаат постови се навистина смешни. Порекнуваат очигледни бенефити, а тоа го прават со елаборирање на теории на заговор. Тие луѓе се паднати верници кои Бог (за кого им е веќе очигледно јасно дека не постои) го заменуваат со други измислени „моќни сили“ кои те гледаат, контролираат и ти го раководат животот. Смешно.
Луѓето кои ја оспоруваат науката се оние кои немаат капацитет да размислуваат на апстрактно ниво. 95% од современите откритија се толку апстрактни што доколку не си сериозно упатен во конкретната научна гранка, можеш да ги разбереш единствено по пат на илустрации или аналогии.
Оние кои не можат да се помират со фактот дека немаат капацитет да разберат нешто - оспоруваат и негираат дека тоа воопшто и постои.