Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
F

Frankie Yale

Гостин
Реинкарнација не постои, а и да постои таа е тотално бесмислена и безначајна така да не знам зошто се расправате.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако може бог да биде самосоздаден и самодоволен, како тоа вселената неможе? Салтирање итекако!:helou:
Може...еве како.

Бог е нестворен и Он нема свој почеток во просторно-временскивов континуум, оти Он ионака е надвор простор-времето, но Он ги створи и просторот и времето.

Вселената е создадена, има свој почеток во времето. Вселената, бидејќи створена, подлежи на принципот на каузалност, што значи дека Вселената има своја претходница, своја причина која ја создала Вселената.

--- надополнето ---

Од едноставни хемиски елементи се создаваат покомплексни.

Причам ти причу-ова „као„ Деравин да ти го дошепнал. Сигурен сум дека таков процес на „спонтано„ восложување никој „никад„ не видел, Ти понајмалку.

--- надополнето ---

Сите овие работи укажуваат на дијалектичниот карактер на СЕ' околу тебе. Од каде наоѓаш сили да се труеш со фиксен, неменлив бог и фиксен, немелив морал?!?!
А воа, „као„ Маркс да Ти го дошепнал-дијалектика има саде во умот Марсков, а во објeктиваната реалност, има саде неповратни-иреверзибилни процеси, за кои не можеш да стиснеш „анду„ команда во „Ворд„ и да ги вратиш процесите степени наназад...

--- надополнето ---

Твојата дегенерирана религија те учи дека се' околу тебе се распаѓа и трули. WTF?!?
Е па, тој „фак„, некои го нарекуваат втор Закон на термодинамиката, според кој, сите системи се движат кон неповратен распад. Се чини дека овој универзален физички закон, кој делува во распон од молекула до галаксија, до Тебе не „стигнал„:

--- надополнето ---

И ти што правиш?!?
Живеам спред мојата веросиповест и се надевам на милоста Божја.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Бог е нестворен и Он нема свој почеток во просторно-временскивов континуум, оти Он ионака е надвор простор-времето, но Он ги створи и просторот и времето. Вселената е создадена, има свој почеток во времето. Вселената, бидејќи створена, подлежи на принципот на каузалност, што значи дека Вселената има своја претходница, своја причина која ја создала Вселената.
2. Причам ти причу-ова „као„ Деравин да ти го дошепнал. Сигурен сум дека таков процес на „спонтано„ восложување никој „никад„ не видел, Ти понајмалку.
3. А воа, „као„ Маркс да Ти го дошепнал-дијалектика има саде во умот Марсков, а во објeктиваната реалност, има саде неповратни-иреверзибилни процеси, за кои не можеш да стиснеш „анду„ команда во „Ворд„ и да ги вратиш процесите степени наназад...
4. Е па, тој „фак„, некои го нарекуваат втор Закон на термодинамиката, според кој, сите системи се движат кон неповратен распад. Се чини дека овој универзален физички закон, кој делува во распон од молекула до галаксија, до Тебе не „стигнал„:
5. Живеам спред мојата веросиповест и се надевам на милоста Божја.
1. Пак ти се погрешно поставени тврдењата. Како што си врзуваш у крпче за господ, така и за све друго у животот, пошто така ти кажале, а ти не си размислил ни најмалку. Ако за било што претпоставуваш почеток, тогаш тој ќе треба да важи за сите. Ако господ постои - тогаш некој мора да го создал. Ако не го создал никој, зошто и вселената да не ја создал никој?!? Бог не е нестворен, Бог е НЕСТВАРЕН!!! Не постои.
Овој универзум можеби има почеток, а можеби е во вечно пулсирање. Како и да е, тоа е комплексна творба, која, доколку има креатор, истиот мора да е покомплексен од својата творба. Ако е покомплексен, тогаш мора да е створен од уште покомплексен ентитет. Така одиме во недоглед, а тезата за комплексен семоќен креатор е парадоксална сама по себе.

2. Од друга страна, по пат на набљудување на небесните тела и нивното зрачење потврдена е теоријата дека поедноставните хемиски елементи произведуваат посложени: од хелиум во водород, од водород во кислород.... Земјата е доминантно железо... Има една наука што се вика Хемија. Таму све ти е објаснето (+проверено) Само кој да чита книга што не ја разбира. Ако ти си доволно утупен за да не се интересираш за усложнувањето на хемиските елементи, не се срами наоколу со вакви прости и неуки тврдења.

3. Дијалектиката е во све околу тебе. Животот, земјата, универзумот. Се што ти гледаш се менува. Само глупоста останува неменлива. Пошто таа не се труди. Дури и Црквата е во постојано суптилно прилагодување на тековниот морал. Слушам сега и хомосексуални бракови ќе озаконувале у црква. После долго време антагонизам, Папата напраи муабет за куртони. Тоа што порано било нормално да се проповеда (земи ја за жена девојката која си ја силувал) сега се крие под мантија да не случајно некој го постави како прашање. Сакал ти да си признаеш или не, очигледна е дијалектичката природа на све околу тебе

4. Тоа ти е кога е човек прост и поводлив. Вториот закон на термодинамика се однесува на затворени системи. Земјата не е таков систем поради тоа што постојано добива енергија од сонцето. Седни и прочитај ја другата страна пред да се насанкаш како илјадници други приучени верници кои имаат уво само за догмата која ги гнети во послушност.

5. Надај се, Мики! Помини го животот во надеж, наместо во ангажман. Чекај, наместо да правиш.

--- надополнето ---

Мислам дека за оваа скица нема потреба од многу објаснување. Ако некому треба превод, тука сум.

 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
...3. Дијалектиката е во све околу тебе. Животот, земјата, универзумот. Се што ти гледаш се менува. Само глупоста останува неменлива. Пошто таа не се труди. Дури и Црквата е во постојано суптилно прилагодување на тековниот морал. Слушам сега и хомосексуални бракови ќе озаконувале у црква. После долго време антагонизам, Папата напраи муабет за куртони. Тоа што порано било нормално да се проповеда (земи ја за жена девојката која си ја силувал) сега се крие под мантија да не случајно некој го постави како прашање. Сакал ти да си признаеш или не, очигледна е дијалектичката природа на све околу тебе...
Не е толку едноставно како што кажуваш. Не е се дијалектика. Каква дијалектика се т.н. „Црни дупки“ во Космосот? Постои таму дијалектика? Која хемија или физика таму важи? А илјадници Ѕвезди, Сонциња, а можеби и неколку стотици или илјадници галксии колапсирани во една „Црна дупка“ односно Квазар, што е тоа, која е таа сила, енергија? Која е дијалектиката, хемијата, физиката... се што е овде познато и е закон, или претпоставка, во Квазарат едноставно нема смисла. Ме разбираш?

Второ, вероватно по биологија учеше дека: „Од ништо мртво не може да произлезе ништо живо“. Биологијата, односно Филозофијата како наука за живот нема ТЕОРИЈА, а не тврдење за постанувањето на животот.

И на крај едно просто прашање: Што ти дава живот на твоето тело?
Телото е склоп од повеќе органи кои меѓусебно функционираат. Што е тоа што ги тера органите да функционираат, односно да бидат ЖИВИ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
5. Надај се, Мики! Помини го животот во надеж, наместо во ангажман. Чекај, наместо да правиш.



DBack, по којзнае кој пат, откога си на форумов даваш погрешен став и заклучок кон живеењето според верата...

Секако дека се надевам, оти и Св. Ап. Павле ни посоветува дека треба на Бога да се надеваме а не на луѓето (што значи, да не се надевам и на самиот себе...), а што се однеусва до твојот краен израз, дека требало да чекам наместо да правам ( и пак згреши...), ние, кои сме во Црквата, не чекаме нешто само до себе да ни се случи, па ни спасението, туку делуваме со цел да си заработиме спасение, оти релацијата меѓу Христа Бога и Неговата Црква е двонасочна.

--- надополнето ---

4. Тоа ти е кога е човек прост и поводлив. Вториот закон на термодинамика се однесува на затворени системи. Земјата не е таков систем поради тоа што постојано добива енергија од сонцето. Седни и прочитај ја другата страна пред да се насанкаш како илјадници други приучени верници кои имаат уво само за догмата која ги гнети во послушност.
[/IMG]
И пак си во криво: само Вселената можеме (условно) да ја сметаме за затворен систем.
П.С:

А Сонцето, од каде добива енергија? Зарем Сонцето бесконечно ќе свети? Па и тоа, кога ќе ја претвори својата водородна маса во хелиум, ќе згасне или ќе колабира/или експлодира (what ever...), што значи дека и Сонцето подлежи на својата термодинамичка смрт!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не е толку едноставно како што кажуваш. Не е се дијалектика. Каква дијалектика се т.н. „Црни дупки“ во Космосот? Постои таму дијалектика? Која хемија или физика таму важи? А илјадници Ѕвезди, Сонциња, а можеби и неколку стотици или илјадници галксии колапсирани во една „Црна дупка“ односно Квазар, што е тоа, која е таа сила, енергија? Која е дијалектиката, хемијата, физиката... се што е овде познато и е закон, или претпоставка, во Квазарат едноставно нема смисла. Ме разбираш?

Второ, вероватно по биологија учеше дека: „Од ништо мртво не може да произлезе ништо живо“. Биологијата, односно Филозофијата како наука за живот нема ТЕОРИЈА, а не тврдење за постанувањето на животот.

И на крај едно просто прашање: Што ти дава живот на твоето тело?
Телото е склоп од повеќе органи кои меѓусебно функционираат. Што е тоа што ги тера органите да функционираат, односно да бидат ЖИВИ?
Хммм.. чуден муабет. Како ли да го фатам?!

Дијалектика е процес на промена низ конфликт на спротивставени сили... Постојана промена на состојбите. Вечно движење, како спротивно од статичност, неменливост. Религијата го промовира второво.

Немој да зборуваш за црни дупки, поготово ако веднаш потоа напишеш дека не ги разбираш. Затоа, подобро ич не ги ставај у муабет. Исто и со квазарот. Тоа е далечна галаксија која има вонредно активно галактичко јадро. Зошто не би важеле истите нешта и за квазарот?!?!

Сето тоа што си го пишала како бесмислено е бесмислено за тебе, пошто не си доволно информирана. За астро-физичарите, овие муабети се смешни.

Второ, теоријата која ти викаш дека не постои, а која веќе неколку децении активно се занимава со настанокот на животот на земјата се вика АБИОГЕНЕЗА. Работат луѓето. Ако сакаш да ти пуштам линкови. Теории за настанокот на животот според абиогенезата имаш на почетокот на оваа тема, а уште повеќе на Креационизам наспроти Еволуција. Прочитај, па ќе спориме.

Животот е сосојба. Не е причина. Живот мене ми дале мајка ми и татко ми, кога по оплодувањето на јајце клетката, во 4-тата недела срцето почна да ми чука. Оттогаш живеам. Кога ќе умрам, моето тело ќе се разложи за да биде храна за други форми на живот. И така натаму.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
А Сонцето, од каде добива енергија? Зарем Сонцето бесконечно ќе свети? Па и тоа, кога ќе ја претвори својата водородна маса во хелиум, ќе згасне или ќе колабира/или експлодира (what ever...), што значи дека и Сонцето подлежи на својата термодинамичка смрт!
Која водородна маса ?
Па и тоа е теорија, денес до душа има и друга http://video.google.com/videoplay?docid=4773590301316220374#
plasma universe http://www.plasma-universe.com/Plasma-Universe.com
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
ОК, фер.

Да, јас ги преиспитувам повеќето информации и ставови во кои доаѓам во контакт. За некои ми треба повеќе време (оние кои ми сосем нови), за други помалку (пр: Дали можеби се појавил Бог).

Принципот на барање алтернативни перспективи и мислења пред да оформав свој став, горе-доле, го опишува мојот начин на функционирање во овој свет.

Повели понатаму.

--- надополнето ---



Тоа не е теорија. Не секое тврдење е теорија. Прочитај што е теорија.
Ги преиспитуваш ?
Ама секогаш гледаш да се поклопат со официјалната верзија...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ги преиспитуваш ?
Ама секогаш гледаш да се поклопат со официјалната верзија...
Не, бе, друже... Баш поише би ми било кејф да не се поклопат. Штета што најчесто се.
и ја сакам да откријам нешто ново, нешто по што ќе ме памтат луѓето. И ја сакам да викнам силно ЕУРЕКА!!!

Ама, знаеш, се' потешко е тоа случајно да ти се случи - треба напорно да работиш и жестоко да се специјализираш. Вака, со муабети по форуми - тешко. Можеш само да се љутиш на апстрактните теоретичари чии тези се претешки за 3-минутно објаснување.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Хммм.. чуден муабет. Како ли да го фатам?!

Дијалектика е процес на промена низ конфликт на спротивставени сили... Постојана промена на состојбите. Вечно движење, како спротивно од статичност, неменливост. Религијата го промовира второво...
.... Животот е сосојба. Не е причина. Живот мене ми дале мајка ми и татко ми, кога по оплодувањето на јајце клетката, во 4-тата недела срцето почна да ми чука. Оттогаш живеам. Кога ќе умрам, моето тело ќе се разложи за да биде храна за други форми на живот. И така натаму.
Две реченици од твојот пост болдирав од следниве причини:

1,- Тврдиш дека религијата промовира статичност, непроменливост, биди појасен. Религијата е многу широк поим. Имаме религија како будизам во која веруваат можеби повеќе од 2,000,000,000 (две милијарди луѓе), христијанство (Католичката Црква и Православната Црква), квази-христијанство - Протестанските цркви и здруженија, природна религиозност - Исламот како плагијат на Хрстовата Црква и Јудеизмот итн. Кажи конкретно, за која религија тоа се однесува. Не можеш во исти кош да ставиш христијанин и некој кој верува во реинкарација или сатанист.

2,- Знам како си роден, и јас сум татко, имам деца и знам како се прават. Тука нема филозофија, ниту е потребна некоја посебна научна дисциплина. Но тоа што го даде како одговор, не е одговор, затоа те потсетувам на ова прашањето: „Што ти дава живот на твоето тело?“ (Мозокот, срцето, крвта... што е тоа што сите овие и другите органи ги прави живи?)
Телото е склоп од повеќе органи кои меѓусебно функционираат. Што е тоа што ги тера органите да функционираат, односно да бидат ЖИВИ? Што е животот во телото?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Две реченици од твојот пост болдирав од следниве причини:

1,- Тврдиш дека религијата промовира статичност, непроменливост, биди појасен. Религијата е многу широк поим. Имаме религија како будизам во која веруваат можеби повеќе од 2,000,000,000 (две милијарди луѓе), христијанство (Католичката Црква и Православната Црква), квази-христијанство - Протестанските цркви и здруженија, природна религиозност - Исламот како плагијат на Хрстовата Црква и Јудеизмот итн. Кажи конкретно, за која религија тоа се однесува. Не можеш во исти кош да ставиш христијанин и некој кој верува во ринкарација или сатанист.

2,- Не одговори на ова прашање: „Што ти дава живот на твоето тело?“
Телото е склоп од повеќе органи кои меѓусебно функционираат. Што е тоа што ги тера органите да функционираат, односно да бидат ЖИВИ? Што е животот во телото?
1. Повеќето актуелни религии со исклучок на секуларни варијанти на Будизмот.
2. Не знам кое е жариштето на животот. Едни викаат дека тоа е комплексната молекула на DNK, други тврдат дека е кислородот кој клетките го согоруваат. Како и да е, сигурно не е Стариот дедо со бела брада кој не' гледа додека мочкаме.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Која водородна маса ?
Па и тоа е теорија, денес до душа има и друга http://video.google.com/videoplay?docid=4773590301316220374#
plasma universe http://www.plasma-universe.com/Plasma-Universe.com
Мислам на оние 4 мил. тони водород, кои секоја секунда, преку фузија, преоѓаат во хелиум и ја даваат вкупната сончева енергија.

Барем таква беше доскорешната научна „вистина„...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Две реченици од твојот пост болдирав од следниве причини:



2,- Не одговори на ова прашање: „Што ти дава живот на твоето тело?“
Телото е склоп од повеќе органи кои меѓусебно функционираат. Што е тоа што ги тера органите да функционираат, односно да бидат ЖИВИ? Што е животот во телото?
Мозокот е тој што контролира се. Ако он рече стоп тогаш е крај.
После него иде потсвеста хиерархиски гледано.
А на се ова ти си набљудувач :)
Инаку душата има центар наречен Хара. 6-7 см. над пупак. :)
Затоа јапанците го викат хара кири . Боцни се таму и крај.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не, бе, друже... Баш поише би ми било кејф да не се поклопат. Штета што најчесто се.
и ја сакам да откријам нешто ново, нешто по што ќе ме памтат луѓето. И ја сакам да викнам силно ЕУРЕКА!!!

Ама, знаеш, се' потешко е тоа случајно да ти се случи - треба напорно да работиш и жестоко да се специјализираш. Вака, со муабети по форуми - тешко. Можеш само да се љутиш на апстрактните теоретичари чии тези се претешки за 3-минутно објаснување.

А ти стручњак си по компаративна религија,историја на религиите и можеш да цитираш од Писмото и во сон...:tv:
Значи ако не си завршил економија треба да прифатиш дека просечна плата во РМ е 20.500 денари...
А ако не си експерт по меѓународно право,дипломатија и слично...треба да си прифатиш дека војната во Ирак е ради “извоз“ на демократија...
Секако ако не си спелеолог нема што да коментираш околу Осама и 19-те разбојници кои се кријат по пештери...

ццц...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Мислам на оние 4 мил. тони водород, кои секоја секунда, преку фузија, преоѓаат во хелиум и ја даваат вкупната сончева енергија.

Барем таква беше доскорешната научна „вистина„...
Да ама кога ке се јави некој со докторска титула и вика не е така....
Тогаш нешто смрди и тоа многу јако.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom