Не може. Така ќе ти се срушат пола од муабетите што ги правиш тука.
Ко што прочитав првите две страни, ова е филозофски некој тип. Референци 0. Уште кога некој ќе го почне муабетот со „Постојат два вида на луѓе...“ и све ми е јасно. + нит е потпишан, нит аргументира нешто - само реди... Како да провериш било што од ова?!?!
На овој начин дечко, со вакви сајтови, глаата се прави каша-попара. Не дека ти викам да не ги читаш, ама кога веќе читаш, види од кого е напишано, што е тоа што го тврди и
што викаат неговите колеги (peers) за неговите тврдења. На оваа страница јас не успеав да најдам ништо од ова. А препуно е со муабети „на рубу „знаности““.
--- надополнето ---
Не можеш да докажеш нешто што не постои.
Илјадници плачливи икони, статуи, фрески и слични „свети“ предмети се испитани во лабораторија или на лице место и
токму кога се прави експериментот споменативе
миракулозно престануваат да бидат магични.
После попот вика: Жими све плачеше!!
Слушај, друже: Еднаш, доволно е САМО ЕДНАШ ваков феномен да се забележи од објективни набљудувачи (емотивно незасегнати луѓе) за да ЦЕЛАТА НАУКА ПАДНЕ ВО ВОДА!!!
Само ЕДНАШ!!!! Само еднаш да се потврди од независни авторитети. Јок! Ниту еднаш!
Има еден тип, се вика Ренди. Он веќе долги години има поставено предизвик. Предизвикот вика: Ќе му дадам 1.000.000 долари на било кого кој ќе докаже БИЛО КАКОВ натприроден феномен (мирото мислам дека се квалификува). Оти на попо не му кажиш да си ги земе парите?!?!
Бујрум линк:
http://www.randi.org/site/
Ова не е заебанција. Типот навистина ги има обезбедено парите. Се што треба е да го викнеш и да дојде он со пар истражувачи, да постават една камера и да снимат како плаче иконата. И ко ќе пушти суза мушка, оп! милионче!!!