Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тајната е во училишната индоктринација, а да не е од мое лично искуство и не би знаел.
Стапицата е антагонизмот меѓу религијата и науката.
А има една интересна работа со умот. Он го привлекува само тоа што го сака а го отфрла се она што
не му иде у прилог на веќе поставените постулати. Само едно би им посочил, да се вратат наназад во времето.
Кој им ги инсталираше во потсвеста да сватат, тоа ќе реши многу од проблемите.

Во ред е и тоа: повеќе е од јасно дека умот е есапџија и еклектичар и одбира само нешта кои нему (на субјектот) му одговараат по некаков си личен вкус. Тоа значи дека и до умот од атестот, сепак доаѓа одредена количина информации („инпути„) од „надвор„ (од околината) според кои дури и атеистот формира став, но ставот од атеистиве на форумов е така даден, небаре атеистот е целосно изолиран од објективната стварност, го чува својот ум „неиспран„ и своите ставови и мислења ги формира сам од себе, без надворешен уплив од сознанија и надворешни влијанија...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Во ред е и тоа: повеќе е од јасно дека умот е есапџија и еклектичар и одбира само нешта кои нему (на субјектот) му одговараат по некаков си личен вкус. Тоа значи дека и до умот од атестот, сепак доаѓа одредена количина информации („инпути„) од „надвор„ (од околината) според кои дури и атеистот формира став, но ставот од атеистиве на форумов е така даден, небаре атеистот е целосно изолиран од објективната стварност и своите ставови и мислења ги формира сам од себе, без надворешен уплив од сознанија и надворешни влијанија...
Атеистот бара објективни перспективи за да може формира став. Теистот прифаќа веќе формирани ставови кои не ги преиспитува.

Едниот бара, размислува, пробува, греши, се поправа и на крајот бриљира пред себе и пред другите. Така расте и се развива.

Другиот е неменлива константа - трупец - знаеш, мртво, исечено дрво - може само да гори (хехе - во пеколот) или да послужи како подлога - маса, столче... И мисли дека овој живот, живот више није... ќе било боље после...

--- надополнето ---

Абе од вас сакам одговор а не од Гоогле.
Еве нека биде слободна(ваша) дефиниција.
Епа тогаш пребарај наназад - ти пишува - не биди мрзлив сеа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Атеистот бара објективни перспективи за да може формира став. Теистот прифаќа веќе формирани ставови кои не ги преиспитува.

Едниот бара, размислува, пробува, греши, се поправа и на крајот бриљира пред себе и пред другите. Така расте и се развива.

Другиот е неменлива константа - трупец - знаеш, мртво, исечено дрво - може само да гори (хехе - во пеколот) или да послужи како подлога - маса, столче... И мисли дека овој живот, живот више није... ќе било боље после...

Ај да речеме дека си во право...

Но, ако мене целиот живот ми помине во испитување, преиспитување, доиспитување, потврдување (и тн...), како тогаш, на така несигурна подлога, атеистот гради став по одредено прашање, и згора на све, атеистот, со таквиот свој став, заснован на несигурна (недоиспитана и „сумњива„ освова), е исклучив кон поинаквите ставови? Од кај си толку сигурен дека верните не ја испитуваат точноста од својата вера и вероучение, кога самиот не живееш во веронауката?

Ако смислата на живеењето е во испитувањето и преиспитувањето, досега, верувај, ќе немаше луѓе на Земјава, оти цели генерации ќе умираа, впуштајќи се одново и одново во откривање на топлата вода во бојлерот...Но за тоа да не случи, родот човеков има заштитен механизам, познат како „колективно сеќавање„.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Атеизмот е програма, надвор од нејзе ништо не е дозволено.
Она си има механизми за одбрана. Главна карактеристика и е затвореноста.
Атеизмот е тврдење. За да биде програма, дете, треба да има план, динамика и очекувани ефекти. Атеизмот тоа не е.

Одбрана од што?!? Од што би се бранел атеизмот?!?

Затвореноста е карактеристика на секоја религија.

Чудесно е колку ментална гимнастика прави еден раздрман теист само да си го потсреди разнишаното катче на игнорантна комоција...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Ефектите се зомбиња.
Планот е на елитата која ти не ја признаваш(дека постои) а викаш дека си истражувал 10 години.
Динамиката е преку науката , училиштата , тв, и слично.
Би се бранел атеизмот од вистината, од друго што ?
Остај ме мене кога ќе правиме муабет за мојата определба тогаш.(отворете тема)
У планот зомбињата се интелектуалната иднина на светот.
Кои треба да го водат у пропаст светот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ај да речеме дека си во право...

Но, ако мене целиот живот ми помине во испитување, преиспитување, доиспитување, потврдување (и тн...), како тогаш, на така несигурна подлога, атеистот гради став по одредено прашање, и згора на све, атеистот, со таквиот свој став, заснован на несигурна (недоиспитана и „сумњива„ освова), е исклучив кон поинаквите ставови? Од кај си толку сигурен дека верните не ја испитуваат точноста од својата вера и вероучение, кога самиот не живееш во веронауката?

Ако смислата на живеењето е во испитувањето и преиспитувањето, досега, верувај, ќе немаше луѓе на Земјава, оти цели генерации ќе умираа, впуштајќи се одново и одново во откривање на топлата вода во бојлерот...Но за тоа да не случи, родот човеков има заштитен механизам, познат како „колективно сеќавање„.
Конечно. Рековме дека сум во право. Благодарам.

Ајде сега да ти дообјасниме, ние арогантните атеисти, каде дополнително си збунет.

Атеистот истражува и ужива во тоа. Атеистот верува дека светот и универзумот се преполни со можности за откривање, проучување и усовршување. Атеистот, при формирањето на своите ставови, бара независни и објективни извори (критички пристап). За секое тврдење, се обидува да дознае кое е спротивното на тоа. Друга алатка која му е многу од корис на атеистот е и рационалната мисла. Оваа вторава ја користи за да ги стави на кантар тврдењата и заклучоците за да конечно може да одлучи што е она кое ќе го прифати како тековна вистина. Тековна, Мики, заради тоа што не секоја вистина е конечна вистина. Така, атеистот формира став. Никој не му го всадува, никој не го тера каков став да оформи. Едноставно, за атеистот, ставот е последица од рационалното, критичко размислување. ...аха... и не секој став е исправен и конечен. Атеистот го знае тоа и затоа, тој постојано се преиспитува.

Ова со умирањето на генерации е тотално нон-сенс аргумент. Немаш здрава аналогија тука, ама ај и за тоа ќе потрошам време.

Преиспитувањето направило топлата вода постојано да се реизмислува. Ако не реизмислувавме топла вода уште ќе валевме оган у дневна за да свариме кафе.
Поради нас, Мики, атеистите, ти денес можеш да свариш вода у ѓезве, на шпорет, или у оние бокалите со гајтан, у микровална и сл. Тоа ни го овозможило постојаното преиспитување на атеистите.

Се' може да се направи подобро од што е!!!! Само уште да ја немаме (ЈХИ) религијата која ги труе луѓето и ги лаже да не креираат и размислуваат и да „мислат на пеколот цело време“ (ко што си пишал пред 10 минути на Христијанство II)

Ете... ај сеа да поработам.

--- надополнето ---

Ефектите се зомбиња.
Планот е на елитата која ти не ја признаваш а викаш дека си истражувал 10 години.
Динамиката е преку науката , училиштата , тв, и слично.
Би се бранел атеизмот од вистината, од друго што ?
Остај ме мене кога ќе правиме муабет за мојата определба тогаш.(отворете тема)
У планот зомбињата се интелектуалната иднина на светот.
Кои треба да го водат у пропаст светот.
Елитата!?!? Нема материја! Анунаките!!! Буда е голем! Масоните!!! Ја сум верник! Земјата е шуплива... Пропаст на светот! Ошо е цар! Нефилими! Агностик сум! ... не не сум!!! Што сум?!?

Оди бе, напи се нешто за фокус.

„Атеизмот се брани од вистината“ - БРА-ВО!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Елитата!?!? Нема материја! Анунаките!!! Буда е голем! Масоните!!! Ја сум верник! Земјата е шуплива... Пропаст на светот! Ошо е цар! Нефилими! Агностик сум! ... не не сум!!! Што сум?!?

Оди бе, напи се нешто за фокус.

„Атеизмот се брани од вистината“ - БРА-ВО!
Хахах фокусот е работа на умот.
У фокусирањето се губиш другарчееее му стануеш роб на умот.
Контемплација и медитација само.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ефектите се зомбиња.
Планот е на елитата која ти не ја признаваш(дека постои) а викаш дека си истражувал 10 години.
Динамиката е преку науката , училиштата , тв, и слично.
Би се бранел атеизмот од вистината, од друго што ?
Остај ме мене кога ќе правиме муабет за мојата определба тогаш.(отворете тема)
У планот зомбињата се интелектуалната иднина на светот.
Кои треба да го водат у пропаст светот.
Некој упорно овде сосила некого прави будала, а всушност самиот се прави.

Кој не чита, не чита, не е само Кљошо и Кмуда за читање.
Толку ли ти е празна тоа црпката? Или ти е преполна со горнива двајца па немаш место за друго?

Repetitio est mater studiorum.

Atheism, in a broad sense, is the rejection of belief in the existence of deities. In a narrower sense, atheism is specifically the position that there are no deities. Most inclusively, atheism is simply the absence of belief that any deities exist. Atheism is contrasted with theism, which in its most general form is the belief that at least one deity exists.
As simple as that.

Атеист е оној кој ќе го прифати научното, но кој ќе прифати и се’, и ништо, со една нужна скепса и како парцијално, делумно објаснување на нештата. Кој ќе биде доволно openminded да размисли не само за водечките теории, туку и за било која и помалку позната теорија, не само денес позната, туку и некоја која ќе се појави за 2,3,5 или 100 години, сеедно. Но критички во смисол на прифаќање на очигледното, а критикувајќи ги причинско-последичните поврзаности, нејзините недоречености на одредена терија, која и да е.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Атеистот истражува и ужива во тоа. Атеистот верува дека светот и универзумот се преполни со можности за откривање, проучување и усовршување. Атеистот, при формирањето на своите ставови, бара независни и објективни извори (критички пристап). За секое тврдење, се обидува да дознае кое е спротивното на тоа. Друга алатка која му е многу од корис на атеистот е и рационалната мисла. Оваа вторава ја користи за да ги стави на кантар тврдењата и заклучоците за да конечно може да одлучи што е она кое ќе го прифати како тековна вистина. Тековна, Мики, заради тоа што не секоја вистина е конечна вистина. Така, атеистот формира став. Никој не му го всадува, никој не го тера каков став да оформи. Едноставно, за атеистот, ставот е последица од рационалното, критичко размислување. ...аха... и не секој став е исправен и конечен. Атеистот го знае тоа и затоа, тој постојано се преиспитува.

Ова со умирањето на генерации е тотално нон-сенс аргумент. Немаш здрава аналогија тука, ама ај и за тоа ќе потрошам време.

Преиспитувањето направило топлата вода постојано да се реизмислува. Ако не реизмислувавме топла вода уште ќе валевме оган у дневна за да свариме кафе.
Поради нас, Мики, атеистите, ти денес можеш да свариш вода у ѓезве, на шпорет, или у оние бокалите со гајтан, у микровална и сл. Тоа ни го овозможило постојаното преиспитување на атеистите.

Се' може да се направи подобро од што е!!!! Само уште да ја немаме (ЈХИ) религијата која ги труе луѓето и ги лаже да не креираат и размислуваат и да „мислат на пеколот цело време“ (ко што си пишал пред 10 минути на Христијанство II)

Ете... ај сеа да поработам.

Ајде сега, прочитај ги твојов пост, ама онака, пообјективно и „од страна„, и ќе видиш дека бесконечното испитување, преиспитување, докажување, откривање и разоткривање нови вистини, претставува губење на смислата на своето/личното, но и на колективнто битисување во овој Свет. така, ќе ти текне (како што на повеќемина здраворазумни веќе им текна) дека човекот/човековиот род е неспособен да ги осознае основните вистини во овој Свет, а да не правиме муабет за посложените. Историјатот од науките токму тоа и ни го потврдува: науките, па и философиите, откога постојат, ни оставија едвај неколку непроменети/трајни вистини, кои и не се вистни од реланиот, туку од апстрактниот/геометриско-аритметичкиот Свет.

Така, атеистите се едногласни во своето неверие и разногласноиво своето неверие: нивните ставови патат од субјективизам, заснован на принципот „...јас мислам дека...„

Да мораше секоја генерација одново и одново да го открива Светов, досега сите ќе поцркавме за леб...

А тоа дека токму атеиститие смислиле ова и она, кое били јако битно за животот, тоа е крајно смешен став: ако имаш живи баби и дедовци, слободно прашај ги и тие „во живо„ ќе ти потврдат дека луѓето битисуваа уште пред твоето раѓање...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Науките, па и философиите, откога постојат, ни оставија едвај неколку непроменети/трајни вистини, кои и не се вистни од реланиот, туку од апстрактниот/геометриско-аритметичкиот Свет.

Така, атеистите се едногласни во своето неверие и разногласноиво своето неверие: нивните ставови патат од субјективизам, заснован на принципот „...јас мислам дека...„

Да мораше секоја генерација одново и одново да го открива Светов, досега сите ќе поцркавме за леб...

А тоа дека токму атеиститие смислиле ова и она, кое били јако битно за животот, тоа е крајно смешен став: ако имаш живи баби и дедовци, слободно прашај ги и тие „во живо„ ќе ти потврдат дека луѓето битисуваа уште пред твоето раѓање...
Парна машина, летечка соилка, механизација, автоматизација, информатичка технологија, генетика, астромеханика, психологија, социологија...

Да беше по твое, во дневна ќе цепевме трупци за да свариме кафе.

Основата на атеизмот е објективен светоглед. Религијата е догматичен затвор. Темница на неоткритијата. Забрана за размислување. Самиот тоа го тврдиш. Чуму сега повторно обиди за салто?!?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема потреба од „салтирање„...

Сциентизнот (читај: атеизмот) вели дека Вселената и се во неа се самосоздадени и самодоволни и дека нештата бесконечно ќе се доусовршуваат.

Мојата вера го вели спротивното: дека Вселената и се во неа имаат свој Творец и дека Вселената/Светов, се движат кон дегенерација и кон својот конечен крај, потврден со второто Христово доаѓање.

Дали сега Ти е троа појасна и поочигледна суштинската разлика и пристап на тие две концепции и два светогледи?
И како Ти/Ви успева да формирате „објективен„ светоглед, кога сите атеисти сте субјекти, исто како и верните?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Нема потреба од „салтирање„...

Сциентизнот (читај: атеизмот) вели дека Вселената и се во неа се самосоздадени и самодоволни и дека нештата бесконечно ќе се доусовршуваат.

Мојата вера го вели спротивното: дека Вселената и се во неа имаат свој Творец и дека Вселената/Светов, се движат кон дегенерација и кон својот конечен крај, потврден со второто Христово доаѓање.
Ако може бог да биде самосоздаден и самодоволен, како тоа вселената неможе? Салтирање итекако!:helou:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Атеистот бара објективни перспективи за да може формира став. Теистот прифаќа веќе формирани ставови кои не ги преиспитува.

Едниот бара, размислува, пробува, греши, се поправа и на крајот бриљира пред себе и пред другите. Така расте и се развива.

Другиот е неменлива константа - трупец - знаеш, мртво, исечено дрво - може само да гори (хехе - во пеколот) или да послужи како подлога - маса, столче... И мисли дека овој живот, живот више није... ќе било боље после...

--- надополнето ---

Епа тогаш пребарај наназад - ти пишува - не биди мрзлив сеа.
А дали ова важи само за религијата како концепт во однос на ...

Едниот бара, размислува, пробува, греши, се поправа и на крајот бриљира пред себе и пред другите. Така расте и се развива.
или важи и за било кој вид на интеракција на евентуалниот атеист со светот околу себе...
пошто и во Сталин верувале...а денес и во Осама се верува ...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.436
Поени од реакции
5.129
Атеизмот е програма, надвор од нејзе ништо не е дозволено.
Она си има механизми за одбрана. Главна карактеристика и е затвореноста.
Иако они се крстат на open mind и на прв поглед изгледа дека тоа е добро.
Бај д веј тоа е дел од програмот.
Само што умот никогаш не е отворен, како би бил со таква агресивност.
На прв поглед е неверување во божества, богови и слично.
Но тоа што е самоубиствено и фатално е отфрлање на се што е спиритуално.
Ако не свесно тогаш потсвесно.
Со таков априори став како би можел да биде атеистот open-minded ?
Прашањето до атеистите е дали сте open-minded ?

На што следно ќе се смееме Игоре? На што?

Се досега што пиша ти е негирано.
Проба со тоа свеста да ни докажеш дека може да опстои надвор од мозокот.... никаков доказ не видовме, наводно требало да го бараме тоа во нас?????????????

Ах, Игоре, Игоре...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom