Хм, не се сложувам потполно...
ми падна виндоусот додека одговарав ?!?! ... се буди агностикот во мене
Шала на страна, у кратки црти, постот викаше ова:
Збориме за објективност. (undistorted by emotion or
personal bias; based on
observable phenomena
Луѓето некогаш
знаеле дека земјата е плоча. Сега
објектинвно знаеме дека земјата е сфера. МИКИ1 сеуште мисли дека е плоча. Он
мисли дека е плоча. Јас
знам дека е сфера. МИКИ, во најдобар случај, може да е објективно
убеден дека е плоча. Објективно, ние можеме ладно да му се смееме.
Верниците се водат по субјективни
убедувања. Тоа е вера или верба.
Атеизмот не се занимава со тоа дали можеби има сеуште неоткриени феномени на свеста, свесноста, човековото и сечие друго битисување. Си тие работи се занимава науката и филозофијата. Атеизмот многу едноставно се дефинира како
a lack of belief in the existence of God or gods. Клучниот збор тука е Бог или Божество. Нема ништо повеќе во атеизмот. Не е филозофија, не е движење (за жал сеуште не), не е догма, не е религија - нема ритуали, форми, норми. ЕДНОСТАВНО Е ТВРДЕЊЕ.
Агностиците, пак, колку што јас ги сфаќам, се оние атеисти кои ги мешаат поимите (теизам и атеизам) и мислат дека
оние феномени кои науката сеуште не ги објаснила се можеби изговор да не заземат јасен
објективен став дека БОГ (каков што го опишуваат теистите) не постои.
Ако агностикот остава простор за постоење на
божество тогаш тој/таа е едноставно е скептичен ТЕИСТ. Толку.
Оние, пак, агностици кои
чувствуваат (не знаат, пошто уште не дознале, нели) дека имаме уште премногу феномени за откривање, толкување и усвојување, всушност се романтични и етерични атеисти кои сакаат да флертуваат како со рационалниот, така и со
спиритуалниот дел од себе. Последниов болд е ставен намерно како различен од
религиозност.
Јас сакам себе да се сметам за спиритуална личност. Сепак, не верувам во
ниту едно од 60.000-те
божества кои досега ги измислил човекот.
Јас сум атеист со отворен ум. Не отфрлам ништо што не можам да го разберам. Не верувам во Дедо мраз, не верувам во Покемон и не верувам во божества, бидејќи
знам дека се плод на човековата фантазија.