- Член од
- 12 март 2010
- Мислења
- 389
- Поени од реакции
- 42
Па ако не ти пречат верниците зошто воопшто спориш со нив. Не си против оние кои веруваат ама си против религијата. Сакаш да зборуваме за разлики меѓу атеисти и верници ама притоа да не мериме достигнувања.Потписот е сарказам. Можеш многу лесно да согледаш. Јас сум атеист, а во потписот, под постот во кој жестоко го напаѓам Бог, ставам вернички извик. Исмевам. Од муабетов што го правиме јас и ти, стварно не гледам каде можел да ти избега сарказмот. Нејсе.
Очигледно е веќе, после три реплики, дека не си заборавил што е сарказам, а што иронија - погрешно си научил. Ти пишува во дефинициите, а пошто не си по кликање, еве ти една: witty language used to convey insults or scorn, а еве ти и друга: A form of humor that is marked by mocking with irony (се надевам дека го гледаш ова последново) Иронија е, значи, друго. Прочитај. А ако сакаш и да ти преведам и тоа може.
Повикот на крајот од постот кој си го цитирал, беше повик за некоја друга призма низ која би го правеле муабетот. Замена на научната, која очигледно ти е проблем. Не ти барав други прашања.
Од кој спорт сум се откажал? Каков македонски атеист?!? Не ли го разбираш делот со мерење на туѓи ку*ови?!? Мене ич не ми е кејф да го правам тоа. И најдобронамерно ти велам да не се нафаќаш на тој муабет пошто умот ќе ти се помати ако извадиме тековни статистики на релација степен на образование-наука-интелигенција-религија. Немој, срамота е, пак ќе ми се љутат.
Околу твоето прашање на крајот, ако внимаваше на сликовитите прилози (не се промашуваат никако) ќе си го пронајдеше одговорот сам. Ама ајде пак:
„Јас сум против религијата бидејќи таа не' учи да бидеме задоволни со неразбирањето на светот“
Richard Dawkins
Религијата, за мене, и тоа како постои. За Бог, знам дека не постои. На оние кои сакаат да читаат јас сакам да им го објаснувам тоа. Јеби га - фетиш може ми е.
Околу сметањето, мене не ми сметаат тие што мислат поинаку од мене, туку ми пречат луѓе кои лажат - од знаење или од незнаење, сеедно.
Ако имаш живци да провериш, ќе се увериш дека во своите 1000+ коментари ниту еднаш никому не сум му рекол „не верувај“ или „немаш право да веруваш“. И по 637 пат: Ова е форум. Тука се доаѓа за муабет. Ако неќеш - не го читај.
Религијата им помага на луѓето да го разберат светот. Па како воопшто настанала. Неможејќи да си ги објаснат природните појави луѓето почнале да веруваат дека тие се дело на натприродни слили. Петто оделение. Будистичките свештеници кои живеат на планините најдобро го познаваат светот и природата.
Според тебе религијата е опиум за народ. Атеизнот е привилегија на интелегентните.А за твојот фетиш ок, ако е фетиш оправдано е ако ти бил фетиш. За вкусовите и фетишите не се дискутира. ова е или иронија или сарказам, незнам не сум сигурен.
--- надополнето ---
Воопшто не сум против исламот немој погрешно да ме сфатиш. Религијата може да биде неинституционализирана. Познавам католици во мијот град, а нема католичка цркава. Не ти треба поп за да воспоставиш врска со Бога.Киборзи веќе сме. Луѓе живеат со вештачки колкови, со механичко-дигитални екстремитети. Направено е вештачко срце, се имплантираат најразлични сензори кои ги засилуваат или и заменуваат сетилата. Иднината е многу блиску.
На гранки никако немаше да живееме.
Не е точно дека религијата е заебана само кај муслиманите. Види ги „секуларните“ САД и сети се на последните 2-3 војни. Колку што беа патенициве фундаменталисти, толку бепе фанатичен и протестанизмот на другата страна додека ги гласаа воените буџетите бомбардирање жени и деца. И се тоа за пари.
Ако навистина мислиш дека само исламот е заебан, мислам дека нема да ти правам муабет поише. It takes two to tango, а третиот, оној со зулуфите, користи, како во секоја добра поучна приказна за мали деца.
И ме заинтересира нешто на крајот. Можеш ли да пробаш да опишеш како тоа изглеа неинституционализираното христијанство? ... или Ислам, еве.
А ова со американциве што бомбандираат е од други причини. Со Америка владеат големите корпорации, а не протенстантски фанатици. Од терористи умираат едвај 70 американци, а од кардиоваскуларни заболувања стотици илјади. Сепак буџетот за борба против тероризмот е 5000 пати поголем од онај на за борба на овие болести. Така да денес единствен бог во кој веруваат фанатичните американци е неговото величество доларот.