Потписот е иронија. Кога го читаш не можеш да согледаш дека ја исмејуваш. Ти го знаеш тоа, ама јас не добивам таков впечаток. И ти кажав, не ми треба интернет, знам од основно за стилските фигури.
А шо се откажа од спортот така одма? Или со најпознатиот македонски атеист. Ете ти две теми. Ти давам два предлози, ги игнорираш а ми даваш предност да бирам за која тема сакам да дискутираме. Добар дипломат си. хахаха
прашање до сите атеисти, ако не ве интересира толку религија и бог, ако за вас тоа не постои, зошто му ја тупите толку, што ви сметаат оние кои поинаку мислат од вас.
Потписот е сарказам. Можеш многу лесно да согледаш. Јас сум атеист, а во потписот, под постот во кој жестоко го напаѓам Бог, ставам вернички извик.
Исмевам. Од муабетов што го правиме јас и ти, стварно не гледам каде можел да ти избега сарказмот. Нејсе.
Очигледно е веќе, после три реплики, дека не си заборавил што е сарказам, а што иронија -
погрешно си научил. Ти пишува во дефинициите, а пошто не си по кликање, еве ти една: witty language
used to convey insults or scorn, а еве ти и друга: A form of humor that is marked
by mocking with irony (се надевам дека го гледаш ова последново) Иронија е, значи, друго. Прочитај. А ако сакаш и да ти преведам и тоа може.
Повикот на крајот од постот кој си го цитирал, беше повик за некоја друга призма низ која би го правеле муабетот. Замена на научната, која очигледно ти е проблем. Не ти барав други прашања.
Од кој спорт сум се откажал? Каков македонски атеист?!? Не ли го разбираш делот со мерење на
туѓи ку*ови?!? Мене ич не ми е кејф да го правам тоа. И најдобронамерно ти велам да не се нафаќаш на тој муабет пошто умот ќе ти се помати ако извадиме тековни статистики на релација степен на образование-наука-интелигенција-религија. Немој, срамота е, пак ќе ми се љутат.
Околу твоето прашање на крајот, ако внимаваше на сликовитите прилози (не се промашуваат никако) ќе си го пронајдеше одговорот сам. Ама ајде пак:
„Јас сум против религијата бидејќи таа не' учи да бидеме задоволни со неразбирањето на светот“
Richard Dawkins
Религијата, за мене, и тоа како постои. За Бог,
знам дека не постои. На оние кои сакаат да читаат јас сакам да им го објаснувам тоа. Јеби га - фетиш може ми е.
Околу сметањето, мене не ми сметаат тие што мислат поинаку од мене, туку ми пречат луѓе кои лажат - од знаење или од незнаење, сеедно.
Ако имаш живци да провериш, ќе се увериш дека во своите 1000+ коментари ниту еднаш никому не сум му рекол „не верувај“ или „немаш право да веруваш“. И по 637 пат: Ова е форум. Тука се доаѓа за муабет. Ако неќеш - не го читај.