- Член од
- 16 јули 2008
- Мислења
- 1.858
- Поени од реакции
- 1.034
Само на клик од тука: http://www.amnh.org/exhibitions/permanent/fossilhalls/virtualtours/ и тука: http://www.discoverfossils.com/ и тука: http://www.fossilmuseum.net/
...и на пун ку*ац други места. Пиши само fossil на google и веднаш ќе можеш да се фрлиш на критичко и независно проучување.
Види, друже, ако читаш популарни сензационалистички статии не можеш да очекуваш нешто суштествено да научиш. Образованието и самонадградбата е долг и напорен потфат. Геологијата, антропологијата и биологијата, воопшто, се науки. Науките не се толку интересни како пропагандата. Затоа најверојатно не си чул, ниту проучил нешто подлабоко за Теоријата на еволуција и развојот на животот на земјата.
Интернетот е ризница на многу квалитетни содржини, но уште повеќе глупости, лажги и небулози. Де кликни на линковите погоре и запрепасти се пред милионите примероци на минати видови, секој од кои совршено се вклопува во концептот за еволутивното дрво на животот.
--- надополнето ---
Никој не го спори тоа. Верувај во себе. Верувај во критичко мислење, во научен метод. Верувај во своја интуиција. Имај верба дека вредиш, дека можеш да успееш, дека има зошто да се трудиш...
Ама не верувај во нешто што не си го проверил! Ниту во нешто што некој ќе ти каже, само затоа што ќе ти каже дека е така. Религиите се такви.
Освен за диносауруси и др. животни не најдов ни еден фосил од било кое време на човековата еволуција во тие линкови.Ај пошто ти веќе си ги гледал дај попрецизен линк каде што можам да видам како изгледале нашите предци.За луѓето ме интересира не за мамути.