Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Од мене имам неколку прашања до атеистите :
1. Како ја објаснувате теоријата за создавањето на светот?
2. Ако тргните од тоа нешто како на пример создавањето на луѓето, како ќе ја објасните теоријата Од кого е создадено тоа нешто?
3. Зар не ве буни чувството дека и дел од инсектите како на пример Пчелата знае дека постои Бог?
Дали некој ќе ми одговори на прашањава или немате одговор?
1. Тековната теорија е Big Bang.
2. Постепена, бавна промена. Прилагодување кон окружувањето со цел да се продолжи видот по пат на репродукција. Ако одиш наназад, стигаш до едноклеточни организми, а ако нешто друго не е излезено во меѓувреме и ја не сум чул, тогаш првите живи едноклеточни организми се создадени на дното на океаните, близу до вулканските вентили каде постојат неопходните хемиски предуслови за претворање на неорганските соединенија (главно јаглерод, водород и кислород) во аминокиселини, а потоа во протеини. Натака и мене ми е нејасно, исто како и на повеќето од нас. Научната гранка која се занимава со ова прашање се вика абиогенеза. Прочитај на wiki.
3. :D :D :D

Мислам дека не си требал да едитуваш заради дополнително прашање :)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
1. Човекот не е настанат од човеколики мајмун. (Више глупо се осеќам што го пишувам ова по катаљардити пат) Човекот и човеколиките мајмуни имаат заеднички предок.
2. Досега се каталогизирани 20.000.000 (дваесетмилиони) фосили. Пронајдени се многу повеќе, но тие мадро си чучат и чекаат да им дојде редот за да ги обработат и објаснат. СЕКОЈ фосил, исто како и секој жив организам (ОК, можеби ајкулите не спаѓаат тука) е ПРЕОДЕН ФОСИЛ, заради тоа што еволуцијата е бавен но постојан процес. Од друга страна, пак, фосилизацијата е УЖАСНО ретка појава. За да не се прераскажувам пак, ако ова ставно те интересира, прочитај ги последните 5-6 страници на темата Креационизам наспроти еволуција (или Дарвинизам, не знам како беше). Муабетот со преодни фосили е глупав муабет. Не постои нешто како транзицион фосил. СИТЕ ЖИВОТНИ СЕ ПРЕОДНИ ЖИВОТНИ поради тоа што еволуцијата постојано работи.
Понатаму, секој пронајден фосил, особено оние од еволутивната гранка на човекот, совршено се вклопува во приказната за нашиот развој. Јас не знам ти што очекуваш, дали фосил од човек со опашка од мајмун или мајмун со глава на човек или онаа идиотштината на креационистите кроко-патка...

Погледни ги китовите и делфините. Тоа се цицачи кои живеат во вода, речиси исто како риби. Во нивните „перки“ сеуште постојат коските од прстите.

...и тие се преодни фосили.

И ние, луѓето, имаме еден куп телесни остатоци кои еволуцијата полека ги љушти и отфрла - умници, тројки (вампирски заби), влакната по телото (не на главата), опавчето на крајот од кичмата, задебелувањето на крајот од грлото... кога после 1.000.000 години нашите следбеници (ако не се самозаебеме до тогаш) ќе ги проучуваат нашите фосили, заедно со фосилите на бонобо мајмуните, на пример, ќе можат да кажат дека сме биле два навистина блиски видови - најверојатно послични со овие (бонобо), него со нив.
Па кај се тие фосили жити се ??? Еве нека не се преодни видови нека се посебни (како сакаш кажи ги).Гледаме иљадници фосили на диносауруси кои живееле пред 180 милиони години,а јеботе тешко било да се најде фосили на предокот на денешниов човек од пред
пола милион,милион,2,3,4,5,6 милиони години.Колку е најстариот фосил на човекот (кое и да е време од неговата еволуција)?
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Без верба не можеш да постигнеш ништо. Без оглед кој е твојот Бог, која е твојата религија.
 
F

Frankie Yale

Гостин

Си слушнал за хомо еректус, неандарталец, крапински човек... Ова се неколку примери од многу, има многу фосили од нашите предци.
 
Само на клик од тука: http://www.amnh.org/exhibitions/permanent/fossilhalls/virtualtours/ и тука: http://www.discoverfossils.com/ и тука: http://www.fossilmuseum.net/

...и на пун ку*ац други места. Пиши само fossil на google и веднаш ќе можеш да се фрлиш на критичко и независно проучување.

Види, друже, ако читаш популарни сензационалистички статии не можеш да очекуваш нешто суштествено да научиш. Образованието и самонадградбата е долг и напорен потфат. Геологијата, антропологијата и биологијата, воопшто, се науки. Науките не се толку интересни како пропагандата. Затоа најверојатно не си чул, ниту проучил нешто подлабоко за Теоријата на еволуција и развојот на животот на земјата.

Интернетот е ризница на многу квалитетни содржини, но уште повеќе глупости, лажги и небулози. Де кликни на линковите погоре и запрепасти се пред милионите примероци на минати видови, секој од кои совршено се вклопува во концептот за еволутивното дрво на животот.

--- надополнето ---

Без верба не можеш да постигнеш ништо. Без оглед кој е твојот Бог, која е твојата религија.
Никој не го спори тоа. Верувај во себе. Верувај во критичко мислење, во научен метод. Верувај во своја интуиција. Имај верба дека вредиш, дека можеш да успееш, дека има зошто да се трудиш...

Ама не верувај во нешто што не си го проверил! Ниту во нешто што некој ќе ти каже, само затоа што ќе ти каже дека е така. Религиите се такви.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Но сепак свеста потекнува од материјата:toe:
Тоа тешко дека ќе го докажеш! Всушност неможно е да го докажеш на тој начин - исклучувајќи ја материјата, бидејќи ти си создаден од материја! Но има примери кога набљудувањето на експерименти на квантно ниво влијае на исходот на резултатот. Кога постои набљудувач, материјата е во конкретна позиција - честичка, а кога нема набљудувач тогаш е бран - потенцијал. Зборувам за "double slit experiment". Набљудувачот не влијае на ниеден друг начин врз честичките освен со својата свест - ги набљудува! Според мене ова е слично како дилемата за енергијата и материјата, ниту енергијата е создадена од материјата, ниту материјата од енергијата, тие се само различни манифестации на едно исто нешто, слично како и евеста и материјата.....Погледај го предавањево: http://topdocumentaryfilms.com/the-primacy-of-consciousness/
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
[/COLOR]

Никој не го спори тоа. Верувај во себе. Верувај во критичко мислење, во научен метод. Верувај во своја интуиција. Имај верба дека вредиш, дека можеш да успееш, дека има зошто да се трудиш...

Ама не верувај во нешто што не си го проверил! Ниту во нешто што некој ќе ти каже, само затоа што ќе ти каже дека е така. Религиите се такви.
А што мислиш што е Бог? Дедо со бела брада што седи на облаците? Бог е во Тебе, како и да е неговото име. Тоа е вербата, интуицијата. А верба е опозит на критичко мислење. Авионите постојат заштоа што човекот верувал дека може да лета. Ако секој критички и рационално гледал на тоа, немало никогаш да се обиде.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Од мене имам неколку прашања до атеистите :
1. Како ја објаснувате теоријата за создавањето на светот?
2. Ако тргните од тоа нешто како на пример создавањето на луѓето, како ќе ја објасните теоријата Од кого е создадено тоа нешто?
3. Зар не ве буни чувството дека и дел од инсектите како на пример Пчелата знае дека постои Бог?
Дали некој ќе ми одговори на прашањава или немате одговор?

1. Едноставно се случило, тој процес траел милиони и милиони години, светот не е создаден од бог
2. Еволуција, и пак ќе речам бог не ги создал луѓето, туку природата.
3. Пчелата знаела дека постои бог... хммм незнам од кај го ископа воа
 
F

Frankie Yale

Гостин
А што мислиш што е Бог? Дедо со бела брада што седи на облаците? Бог е во Тебе, како и да е неговото име. Тоа е вербата, интуицијата. А верба е опозит на критичко мислење. Авионите постојат заштоа што човекот верувал дека може да лета. Ако секој критички и рационално гледал на тоа, немало никогаш да се обиде.
Ама браќата Рајт не го изградиле првиот авион со верба...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Ама браќата Рајт не го изградиле првиот авион со верба...
Ама ако не паднале илјадници луѓе пред тоа обидувајќи се, браќата Рајт ќе живееа на гранка. Или во пештера. И ќе мавтаа со налепени пердуви на рацете со катран.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ама ако не паднале илјадници луѓе пред тоа обидувајќи се
Токму тоа се случува кога влетуваш во нешто слепо само со верба на твоја страна... Не за џабе инжинерите прават детални скици, истражуваат и ги проверуваат сите делови пред да започнат (без разлика дали е кола, авион или компјутер)... И btw браќата Рајт биле визионери, има разлика меѓу тоа и слепа верба...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А што мислиш што е Бог? Дедо со бела брада што седи на облаците? Бог е во Тебе, како и да е неговото име. Тоа е вербата, интуицијата. А верба е опозит на критичко мислење. Авионите постојат заштоа што човекот верувал дека може да лета. Ако секој критички и рационално гледал на тоа, немало никогаш да се обиде.
Тоа со „бог е во тебе“ е будизмот. Не е религија, туку филозофија на живеење. Инаку, Бог, за повеќето на форумов, е стар дедо со бела брада.
Ако викаш дека е верба, интуиција, тогаш, друже, и ти си атеист. Во најмала рака агностик.

Што се однесува до делот со авионот и критичкото мислење, морам да кажам дека потполно не се сложувам со тебе. Ако Да Винчи и браќата Рајт (и останатите неопеани пионери на авијацијата) не применувале критичко мислење при дизајнот и конструкцијата на своите прототипи шансите се огромни ништо од тоа да не било усовршено.

Критичкото мислење е основа на целиот напредок на човештвото. Со исклучок на елементарните пронајдоци кои можеби се должат на чист случај (оган, тркало и сл.) сите современи пронајдоци и технологии, воопшто, се темелат на критичкото мислење.

Критички и рационално. Ептен ги погоди зборовите. Штета што ги стави во негативен контекст.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Си слушнал за хомо еректус, неандарталец, крапински човек... Ова се неколку примери од многу, има многу фосили од нашите предци.
Хомо еректусот да,се верува дека ни е предок,живеел пред незнам 1.5 милиони години.За крапински неам слушнато,а Неандерталецот колку што знам не ни е предок.Тој си е посебен вид.Иако демек имаме ист предок.Сепак дали сваќаш колку фосили треба да наоѓаме од еволуцијата од хомо еректус до човекот денес?Нашле 5 черепи од пред 2милиони,3 скелети од пред 40 000 години и демек еве,покриена е тезата за еволуцијата на човекот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ама ако не паднале илјадници луѓе пред тоа обидувајќи се, браќата Рајт ќе живееа на гранка. Или во пештера. И ќе мавтаа со налепени пердуви на рацете со катран.
Мислам дека си off...
Не паднале илјадници луѓе. Не знам од кај ти е муабетов...
Браќата Рајт внимателно планирале, цртале и прецртувале. Сметале и поправале сметки. Пробувале со модели, се додека не биле подготвени да го направат авионот и да се обидат да полетаат. После секој неуспешен обид, наместо да веруваат дека ќе им успее следниот пат, критички ги разгледувале резулчтатите од претходниот обид и ги вагале внимателно сите опции. Тоа се вика критичко мислење.

Така, браќата Рајт, успеале да го направат првиот лет со авион. Не дека имале само сува верба дека ќе полетаат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom