- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Турско решение за арапскиот револт
Релативно стабилна, со силна и динамична економија и раководена од конзервативната и прагматична влада на поранешните исламисти, Турција често е посочувана како модел за муслиманската демократија
Доколку египетскиот претседател Хосни Мубарак попушти на уличниот притисок и ја напушти функцијата, Египќаните и другите Арапи што бараат ставање крај на автократските влади, може да ја погледнат Турција за некои патокази за обединување на исламот и демократијата.
Релативно стабилна, со силна и динамична економија и раководена од конзервативната и прагматична влада на поранешните исламисти, Турција често е посочувана како модел за муслиманската демократија и важен дел од западното влијание во регионот. Како што бранот протести се шират од Тунис до Јордан и Јемен и се интензивираат повиците до Мубарак што побргу да почне со транзицијата на власта, аналитичарите за Блискиот Исток го насочуваат вниманието кон Турција, растечката дипломатска сила во регионот.
- Единствениот ефикасен и функционирачки модел за Блискиот Исток е турскиот модел. Не постои ништо друго. Турскиот модел служи како основа за сличните општества и затоа сметам дека по протестите, Арапите убаво ќе го разгледаат моделот на Турција, кој ги обединува исламските вредности и демократијата како универзален облик на владеење - вели Фаваз Гергес, професор по блискоисточна политика и меѓународни односи на Лондонската школа за економија.
Но други аналитичари предупредуваат дека големите разлики меѓу Турција, членка на НАТО и кандидатка за прием во Европската Унија со умерен облик на исламот, и арапскиот Блиски Исток, на кој му недостасува политичка слобода, значат дека моделот не може директно да биде ископиран.
- Воопшто не се поставува прашањето дали турскиот пример може да биде инспирација за Тунис или за Египет, но доколку некоја арапска земја би ја земала Турција како модел, би биле потребни повеќе декади за да се постигне турскиот политички и економски развој - истакнува Фади Хакура, професор на лондонскиот тинк-тенк Четам хаус.
Додека демонстрантите бараат крај на 30-годишното владеење на Мубарак и во Каиро избувнуваат нови жестоки судири меѓу противниците и приврзаниците на владата, судбината на претседателот и продемократското движење можеби е во рацете на египетската војска. Египетската војска завчера им порача на демонстрантите дека нивните барања се слушнати и дека мора да се повлечат од улиците, но оружените сили досега не употребија сила за прекинување на протестите.
Во Турција, моќната војска смени четири влади од 1960 година и дејствува како последен арбитер на моќта во парламентарниот систем, кој во земјата опстојува од 1950-тите години. Изминатите години турската демократија зајакна поради реформите што ги направи владејачката Партија на развојот, на премиерот Реџеп Таип Ердоган, кои беа наменети за подготвување на Турција за членството во ЕУ и ја намалија моќта на генералите. Пол Салем, директорот на бејрутскиот „Карнеги Мидл Ист центар“, нагласува дека тоа не се случило во Египет, каде што војската е во центарот на моќта уште од отфрлањето на монархијата во 1952 година.
- Војската во Египет мора да ја донесе основната одлука, која турската војска успешно ја спроведе и тоа со многу добар исход, и да се повлече, фокусирајќи се на заштитата на државниот суверенитет и уставот, дозволувајќи и на цивилната политика да расте - додава Салем.
Според него, токму тоа беше побарано од војските во Египет, Тунис и на Јордан, но сé уште тоа не се случило.
Аналитичарите сметаат дека исламистичките групи најверојатно ќе имаат голема улога во Тунис по падот на поранешниот претседател Зине ал Абдин Бен Али и во Египет, откако Мубарак ќе си замине. Таквите најави ги загрижуваат САД, кои ги поддржуваат автократските арапски лидери како заштитен бедем против заканата од милитантниот ислам. Поради американската поддршка на Израел и зависноста од блискоисточните резерви на нафта, арапската недоверба стана силен мотив на Вашингтон.
Тунискиот исламистички лидер Рашид Гануши, кој по 22-годишен егзил се врати во земјата, повеќе ја споредува својата партија со турската владејачка Партија на развојот, отколку со забранетото Муслиманско братство, најголемата опозициска сила во Египет.
Партијата на Ердоган произлезе од забрането исламистичко движење, за да стане умерена партија наклонета кон странските инвестиции. Нејзината изборна победа во 2002 година беше сметана за нишка на политичкиот ислам кој е фокусиран кон демократско промовирање на муслиманските вредности, наместо наметнување строги исламски закони. Муслиманското братство најави дека ќе ја задржи демократијата во земјата, но експертите се поделени околу тоа по кој пат ова движење ќе тргне. Според нив, турското искуство е најдобро сценарио за исламистичко движење што ќе влезе во египетската влада, но тоа уште не се случило.
Експертите нагласуваат дека, без разлика во која насока ќе се движат настаните на Блискиот Исток, Турција најверојатно ќе го зголеми дипломатското влијание.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2411858431&id=11&setIzdanie=22198

![](http://www.resortistanbul.com/imagenes/Levent_istanbul.jpg)