Хуманост на дело: Кајганџии даруваат крв! [12.02.2011 - С.Д Стив Наумов - Скопје]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе ја поддржите хуманитарната акција за дарување крв?

  • Вкупно гласачи
    692
Абе луѓе, скоро 400 сте гласале да, а одвај 15 се собравме. Како и да е, супер чувство е кога ќе дадеш крв. Поздрав до новите познанства.:)
Сите даваат поддршка, ама вирутелна :)

Како и да е, има околу 30 единици крв собрано, така да, акцијата е успешна. Им благодарам на сите за учеството :)
Подоцна ќе има и слики од акцијата, чекаме Тончи да ги закачи.

Тие што даруваа првпат нека кажат дали болеше :)
 
Ме сликаше оптегнат кај што помпам.:) Мило ми е што беше успешна.
 
И јас се изненадив колку малку луѓе имаше, а мислев дека е така поради тоа што дојдов околу 11 и 15-20. Дојдов со другар и другарка и не се запознав со никого од форумов затоа што уште се расонував :). Иначе прв пат ми беше :) и не болеше. Не дај Боже да притреба за некого, ама ако притреба со среќа нека си ја користи Б- :)
 
Сите даваат поддршка, ама вирутелна :)

Како и да е, има околу 30 единици крв собрано, така да, акцијата е успешна. Им благодарам на сите за учеството :)
Подоцна ќе има и слики од акцијата, чекаме Тончи да ги закачи.

Тие што даруваа првпат нека кажат дали болеше :)

Не боли првпат. Малце може да ти се приврти коа ќе станеш ама нишо страшно. За 4-5 месеци, коа ќе смеам пак да давам, ќе дојдам сигурно. И сите тие шо стиснаа атендинг, а не дојдоа нека им е криво. Кроасанот и чокобисквитот беа убави!
 
Сериозно ми беше криво што не ми ја примија крвта. Ах, тие антибиотици... :toe:

Се надевам дека следниот пат ќе може конечно да дадам крв. Поздрав за сите оние што дадоа. :helou:
 
Драги Кајгана крводарители, акцијата е успешно реализирана токму поради вашата хуманост! :smir:
 
Абе луѓе, скоро 400 сте гласале да, а одвај 15 се собравме. Како и да е, супер чувство е кога ќе дадеш крв. Поздрав до новите познанства.:)

Секогаш тоа е така, но битно акцијата испадна успешна. Туку како фин момак ми гледаш мора некогаш мубетче уз пивце.
Тончи улета со апаратот на сред доручек :pos: a Хич ни даде убава мотивација рече млади сестри ќе имало па бидејќи немаше ќе ја замолам нареден пат навистина нека има :)
И се надевам нареден пат дека повеќе ќе ве дружам
 
Само да потсетам дека слики се ставаат од крводарителите, а не од публиката! :smir:
 
Абе, ова беше интересно. Ај пак :)
 
Секогаш тоа е така, но битно акцијата испадна успешна. Туку како фин момак ми гледаш мора некогаш мубетче уз пивце.
Тончи улета со апаратот на сред доручек :pos: a Хич ни даде убава мотивација рече млади сестри ќе имало па бидејќи немаше ќе ја замолам нареден пат навистина нека има :)
И се надевам нареден пат дека повеќе ќе ве дружам

Обавезно другар, само нека ми помини сесијава.;)
 
Се извинувам што не се запознав со никој од форумов, и кога излегов ми рекоа многу се брзаш бе. Епа стварно ептен се брзав и затоа прв отидов од ние што се собравме. Извинете, ќе гледам да проширам познанства нареден пат. :)
Он топик: Зошто секогаш во никакви простории даваме крв? Мислам се друго е стерилно, чисто и океј, ама ко за инат се бутаат во најстарите простории. Еве и кај нас кога бев средно (Никола Карев) два пати дојдоа и два пати се тупнаа во најутепаната училница, а имаше 20 други слободни, почисти и понови. Зошто?
 
Зошто само тие простории ги даваат и се празни, најверојатно никој нејќе да отстапи поубава просторија - макар и за хумана акција.
Како и да е, не беше толку лошо. Не е како на трансфузиологија, ама барем имаше греење :)
 
Од медицинските браќа, кои збореа за фудбалот во бивша Југославија, не знам дали ќе има слики, тоа Тончи треба да си каже. :pos:

Ништо не знаеш ти бе. Каталински да видиш каков гол има дадено. Ја збрца со глава против Шпанија. Во ФСЈ сојузот на Југославија има слика вака округла (покажува круг) колку цел ѕид фатена одоздола како Каталински ја забива со глава.

Едит: Тончи, ако ме има на некоја слика не ја објавувај хаха
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom