Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
342 денарии! На книжарата на факултет ги има залепено сите уплатници.
 
Некој од колегите што имал анализа на финансиски извештаи може ли некоја информација да ми даде околу предметот. На страната на факултетот гледам дека ќе го предава Марина, а не сум слушнала нешто добро за неа :)

Значи предметото не го предава Марина, го предава Зоран Миновски. Мене ми е задолжителен го имам сега. Така да не знам од сигурни извори да ти кажам нешто поконкретно за предметот, ама знам да ти кажам за професорот. Ми предава 2 години по ред и ги дава најосновние работи значи само тоа што е со црни букви во учебникот =). До сега по неговите предмети имаше тестови во либро и од таму се пагаа дури 90%. Така да и за Анализа има сигурно тестови, знам од ланската генерација сите учеа од тестови, учебниците му се многу глупави, семинарски или преводи се од некој ученици и воопшто не се добро изготвени. И ретко кој учи од учебникот.

Секој час пушта список ама не дава поени од присутност. Вели дека индиректно биле пресметани во оценката =)
Може да си земеш превод кај него за оценка плус.
Колоквиумите барем по другите предмети шо ги предавал му се збирни, значи може да надополниш на втор ако ти фалат поени за положување.

Ти препорачувам да го избереш, ако веќе не си го изберал!
Тоа е тоа.
 
Kako da ne moralo, uzivaj nema veze bitno imaj go ucebnikot ti pa dali na staro ili novo manje vise, istoto go kaza i lani

а може копија?зошто ми рекоа тие што имале минатата година дека се носи учебникот на колоквиум бидејќи ќе имало кејсови
 
Ниедна книга на факултетот не е задолжителна за купување.Ниту МЧР, ниту тие од Шуклев, од Таки...ниту една.
 
Деловно планирање дали има кејсови,и ако има дали е задолжително да се купи книга кога се полага?
 
а да не знае некој кога се заверува семестар доколку у тој семестар го имам математика презапишано дали треба да го пишам у задолжителните прв или пак не треба да го пишувам
 
а да не знае некој кога се заверува семестар доколку у тој семестар го имам математика презапишано дали треба да го пишам у задолжителните прв или пак не треба да го пишувам
Според мојата логика презапишаниот предмет во листот за заверка на семестарот го пишуваш во задолжителни ако ти бил задолжителен или изборни ако ти бил изборен, под било кој реден број :)

--- надополнето ---

Колку уплатници пп-50 ни требаат за уплатите и дали кај сите е иста приходната шифра и програма?
Ако ги купиш во книжара ти се полупополнети.
Инаку за партиципација си е стандард 723 012.
За таксените марки 722 313 и плус погоре кај што пишува "уплатна сметка" имаш 840 _ _ _ 01361. На празните места пишуваш шифра на општината кај што живееш, листот со шифрата го поседуваат тетките во книжара.
Значи да сумираме - купи си од книжара готови.
 
Постапката за инверзна матрица на некој да не му текнува како е? :smir:

Наоѓаш D, потоа ги бараш сите минори, кога ќе ги имаш правиш нова матрица од нив и истата ја множиш со 1/D :)
 
Дали Економика на претпријатие е задолжително да се оди на предавања, т.е. дали пушта списоци, дали има некои поени од активност и сл.?
Едит: Го предава Кирил Постолов, има некој слушнато? Има предавано порано?

--- надополнето ---

Наоѓаш D, потоа ги бараш сите минори, кога ќе ги имаш правиш нова матрица од нив и истата ја множиш со 1/D :)

Касно малку коега/колешке, денеска им заврши дополнителниот :smir: :)
 
Дали Економика на претпријатие е задолжително да се оди на предавања, т.е. дали пушта списоци, дали има некои поени од активност и сл.?
Едит: Го предава Кирил Постолов, има некој слушнато? Има предавано порано?
Хм... и да ти каже некој како било лани нема да ти значи, зашто видиш професорот е сменет :ѕ
 
а за Димитар Бојаџиоски? активност / поени? вреди да се прави стручен труд?
Бојаџиоски е одличен професор, толерантен и секогаш спремен да им излезе во пресрет на студентите. За активност појма неам зашто не идев на негови предавања баш многу(иако добро предава), имаше пуштено 2-3списка за редовност, ама не даваше од тоа поени. Стручен труд вреди да се прави, зашто добиваш оценка плус.
 
за бојаџиоски вака јас имам одено на негови предавања и тие 2-3 пати кога пуштал список јас не бев а он рече ако имаш 44 или 48 поени т.е си паднал за 1-2 прашања ако те има на список ќе те пушти и бидејќи ме немаше отидов на испит.само за тоа ќе ти треба присуство:)а сеа незнам како е со другиот проф
 
Бојаџиоски е одличен професор, толерантен и секогаш спремен да им излезе во пресрет на студентите. За активност појма неам зашто не идев на негови предавања баш многу(иако добро предава), имаше пуштено 2-3списка за редовност, ама не даваше од тоа поени. Стручен труд вреди да се прави, зашто добиваш оценка плус.
Хммм... не би рекол дека Бојаџиоски е нешто посебен, можеби е толерантен ама треба да го гњавиш за да ти попушти. Сепак има одличен асистент, кој предава феноменално (вежбите)... и да, тој е секогаш спремен да им излезе во пресрет на студентите :) За вежби пушта списоци за редовност и тоа е доста битно, а тие списоците од предавањата никој не ги гледа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom