и како тоа нема да те примат на работа без факултет? има работни места кои си бараат средно стручно образование, кој к*р ќе ти е факултет за таму?
--- надополнето ---
Какви се овие глупости? Забар и да сакаш не можеш да вработиш без диплома (и без положен државен испит), ниту пак архитект. Не си правете бајрам на умот овде. Се знае какво образование се бара за секое работно место.
--- надополнето ---
машински нит е полесен (посебно ако споредиме смерови како на пример термичко инженерство или флуиди со програмирање на електро, на пример) нит е помалку вреднуван; но друга работа е што моментално нема толку работа за машинци како што има за програмери и телекомуникации; исто така, се запишуваат доста “каубојци“ баш верувајќи дека е полесно, па професорите, сакале-нејќеле, некако ги пропуштаат затоа што нема што да им прават, па со тоа паѓа и стандардот на факултетот. Но пак, зависи од смер до смер.
За медицина се согласувам, но во смисла ако немаш врски за вработување; сам да започнеш да работиш и добро да заработуваш е доста тешко.