Со каков факултет би имале најдобар просперитет во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата rakometar
  • Време на започнување Време на започнување
Колку правници или економисти се потребни во програмерска фирма во однос на програмери, на пример?
Колку програмери ти се потребни во фирма за сметководство во однос на економисти?
 
и како тоа нема да те примат на работа без факултет? има работни места кои си бараат средно стручно образование, кој к*р ќе ти е факултет за таму?

--- надополнето ---

Какви се овие глупости? Забар и да сакаш не можеш да вработиш без диплома (и без положен државен испит), ниту пак архитект. Не си правете бајрам на умот овде. Се знае какво образование се бара за секое работно место.

--- надополнето ---

машински нит е полесен (посебно ако споредиме смерови како на пример термичко инженерство или флуиди со програмирање на електро, на пример) нит е помалку вреднуван; но друга работа е што моментално нема толку работа за машинци како што има за програмери и телекомуникации; исто така, се запишуваат доста “каубојци“ баш верувајќи дека е полесно, па професорите, сакале-нејќеле, некако ги пропуштаат затоа што нема што да им прават, па со тоа паѓа и стандардот на факултетот. Но пак, зависи од смер до смер.

За медицина се согласувам, но во смисла ако немаш врски за вработување; сам да започнеш да работиш и добро да заработуваш е доста тешко.

Друже да, знам дека треба диплома за работа на овие места, тоа и ми беше зборот, 2-3 пати спомнав :smir:, само се ставав јас место на газда на фирма.
 
Колку програмери ти се потребни во фирма за сметководство во однос на економисти?
Шо, ќе водите сметководство на странски фирми? Кај нас имаш ситуација да не можеш да отвориш погони заради недостиг од стручен кадар, а тоа не се правници и економисти.
 
Шо, ќе водите сметководство на странски фирми? Кај нас имаш ситуација да не можеш да отвориш погони заради недостиг од стручен кадар, а тоа не се правници и економисти.
Не ја разбра поентата
 
Знам дека има потреба од економисти... Теоретски секогаш има потреба од секаков кадар, посебно од квалитетен.

Но, темата е каде има дефицит, и согласно на тоа, каде полесно се наоѓа работа.

Не ти е некоја комплицирана “поента“.
 
Изгледа сепак беше :)
Ти ме прашуваш во фирма за програмери што повеќе ќе се бара, одговорот е логичен, програмери. Во фирма за сметководители, ќе се бараат сметководители.
Но, општо земено, во секоја сериозна фирма има потреба од економисти и правници, додека во секоја фирма не се бараат програмери(пример).
За дефицит дефинитивно нема кај економисти и правници, но затоа пак секогаш има работа за оние што ќе се изборат. Дипломата сама по себе скоро никогаш не е гарант за сигурно вработување.
 
Извини, ама јас не зборувам со иритација кон тебе, врати се назад и убаво прочитај си ги коментарите да видиш кој прв ја почна работата и кој прв почна да ги напаѓа правен и економски. И те молам немој да ми се истресуваш на мене заради твојата исфрустрираност и разочараност од вработувањето, уште во мојот прв пост на оваа тема кажав дека покрај завршениот факултет среќата и снаодливоста се клучните фактори за просперитетно вработување.
хеххехе....девојко,по се изгледа млада си сеуште и уште го немаш разбрано зборовите РАБОТА,ВРАБОТУВАЊЕ,МОЖНОСТ,ШАНСА и РАЗОЧАРАНОСТ......
прв почнав јас точно,но која си ти да браниш некој,толку сигурно,кога СЕУШТЕ НЕ ЗНАЕШ КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ???......иако повеќе ми пишуваш во контекст за тоа што си навредена,отколку да бидеш објективна,а не пристрасна кон твоите колеги и факултетот................
ти посочови докази во однос на вработувањата во МВР и МО,твој одговор беше демек на оваа држава и општество не му се потребни толку тие области,струки, и звања....малоумно од твоја страна

дали некаде посочив дека некоја фирма/институција/компанија од аспектот на економијата,сметководството или правосудството не треба да се вработува правници/економисти односно луѓе од други општествени науки кои се ирелевантни и не толку значајни за тие компании/институции да се вработуваат????
туку посочив што има да се вработува таков кадар во МВР и МО,кога нивната застапеност не треба да биде повеќе од 20%(каде што во периодот од неколку години треба да се вработуваат такви кадри),нешто што ТИ не ми даде одговор,вешто го замени со мојата фрустрираност

девојко ако тате,мама,вујче,тета итн се синоним на среќа и снаодливост за вработување тогаш дефинитивно јас ги немам тие предиспозиции

дали е во ред според тебе во Министерството за Финансии и Економија,да се вработуваат:социолози,безбедњаци,дефендолози,психолози,агроеконом,археолог,историчар,хемичар итн*???........и јас да застанам во нивна одбрана бидејќи имале среќа и снаодливост(ВРСКИ),а колку тоа Министерство ќе биде ефикасно и продуктивно не е важно(па секоја нормален и образован човек после одреден период на работа во некое место фала богу дека ќе научи нешто) и на крај краева тогаш зашто се измислени и создадени некои занимања,зашто мора да се бира одредено академско подрачје,која е тогаш поентата на сертификатот кој го добивам ДИЛОМИРАН _______,мое лично задоволство или можеби моја идна егзистенција???

кажи ми дали ТИ тогаш нема да бидеш фрустрирана,бидејќи некој ти ја зема работната позиција,а ти си "изгубила" време и пари за тоа да го работиш.............верувај дека не е се така сиво и лесно,живот иде понатаму но со други цели,мисли и идеи;)

*иако во некои институции потребно е да се вработат луѓе од други кадри,но тоа се прави еднаш во 2/3 години
се надевам нема да се налутиш за девојко:smir:
 
Има релативен вишок на сметководители во однос на тие чиишто сметки треба да ги водите. Има дефицит на луѓе лои ќе “прават“ сметки; програмерите се само за пример.

но затоа пак секогаш има работа за оние што ќе се изборат
Значи има работа за оние што ќе најдат - поучно.
 
Колку програмери ти се потребни во фирма за сметководство во однос на економисти?

Програмерите не зависат од вработувања во во фирми. Туку како поединци или со своја фирма или прогармерска со повеќе вработени прават програми за други фирми и поедини лица. Тие фирми и лица не мора да се од Македонија, познавам некои кои како програмери работат само за странски ангажмани од тука без да се сретнат лице во лице со нарачателот. Се договараат на интернет, ја изработуваат програмата му ја праќаат, а тој им плаќа добра сума на пари.
 
Има релативен вишок на сметководители во однос на тие чиишто сметки треба да ги водите. Има дефицит на луѓе лои ќе “прават“ сметки; програмерите се само за пример.

Значи има работа за оние што ќе најдат - поучно.
Не реков најдат. Не извртувај зборови. И програмер и сметководител ги дадов како пример, не се фаќајте како слеп за стап.
Значи има дефицит на нови фирми, автоматски има дефицит на вработувања, за сите!

Програмерите не зависат од вработувања во во фирми. Туку како поединци или со своја фирма или прогармерска со повеќе вработени прават програми за други фирми и поедини лица. Тие фирми и лица не мора да се од Македонија, познавам некои кои како програмери работат само за странски ангажмани од тука без да се сретнат лице во лице со нарачателот. Се договараат на интернет, ја изработуваат програмата му ја праќаат, а тој им плаќа добра сума на пари.
Му вратив на неговото, програмерите дека беа спомнати ги земав како пример, инаку дефинитивно се едни од побараните професии во моментов, пред се поради тоа што ги држат уште факултетите добро и нема многу новодипломирани студенти.
 
Да, само што веќе има економисти кои чекаат на тие работни места, а и нови допрва доаѓаат... а инженери нема!

Му вратив на неговото, програмерите дека беа спомнати ги земав како пример, инаку дефинитивно се едни од побараните професии во моментов, пред се поради тоа што ги држат уште факултетите добро и нема многу новодипломирани студенти.
Ноу шит, цело време тоа го зборуваме.

“ги држат факултетите добро“, што значи пак тоа? не запишуваат многу студенти, или...? па, таму ни нема некоја навала за упис, а и не завршуваат сите од запишаните.
 
So bilo koj fakultet ako imas lugje koi ke te butnat nekade , ako ne , togas mozes slobodno da poteras jaze od vlada da ti dadat za bezpari i da se obesis :D :D :D :D
 
Програмерите не зависат од вработувања во во фирми. Туку како поединци или со своја фирма или прогармерска со повеќе вработени прават програми за други фирми и поедини лица. Тие фирми и лица не мора да се од Македонија, познавам некои кои како програмери работат само за странски ангажмани од тука без да се сретнат лице во лице со нарачателот. Се договараат на интернет, ја изработуваат програмата му ја праќаат, а тој им плаќа добра сума на пари.

А демек економистите зависат, зависи кој каде си ја гледа иднината, преку интернетот постојат милион можности за заработка, од електронско тргување со хартии од вредност, електронско Forex тргување со валути, креирање на affiliate маркетинг стратегии за прозводи на компании и тако даље, аплицирање со свои бизнис идеи во проекти, креирање и презентирање на еБизнис идеи. И од кога тоа за да бидеш програмер ти треба диплома од електро, сигурно кога аплицираат за да земат работа не покажуваат дипломи туку сиви, ја бар знам двајца кои се програмери а завршиле на приватен факултет нешто сосема трето. Денес се што е базирано на информација и се нарекува интелектуална сопственост може да стане достапно на интернет. Ти знај добро да играш и покер, па заработувачка од 50 до 100 долара (минимум) на ден не ти бега
 
Дефинитивно ФЕИТ. Според мене, најдобар факултет. 90% од тие што го завршиле овој факултет, ја заслужуваат титулата дипломиран инженер по електротехника. Секако дека не е гаранција дипломата, дека веднаш ќе се вработите, но имате доста добри шанси. На пример, некои компании при објавување оглас дека бараат информатичари (не мора строго програмери), бараат тоа да бидат дипломирани студенти од ФЕИТ (или ПМФ), затоа што знаат дека ако некој се јави на тој оглас, добри се шансите за квалитетен кадар. Освен тоа што го студираш, треба повеќе и да се интересираш за твојата струка, бидејќи кога ќе те викнат на интервју, тие освен сивито и дипломата, ќе сакаат да видат што ти знаеш уствари, шо ако имаш диплома ако појма си немаш. Значи доста е битно да учиш за да научиш, не само да учиш колку да положиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom