Две децении по СФРЈ - Кој до каде стигна

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Две децении по СФРЈ - Кој до каде стигна



Словенија е далеку напред, Хрватска е убедлива на второто место, за бронзениот медал се борат Црна Гора и Србија, а Македонија им бега само на полууредената Босна и Херцеговина и на полупризнаеното Косово




Поминаа две децении откако СФРЈ престана да функционира како држава. Иако таа формално постоеше до април 1992 година, кога се преименува во Сојузна Република Југославија, сепак 1991 година се зема како година кога старата држава дефинитивно се распадна, откако независност прогласија Словенија, па Македонија, па Хрватска, и почнаа разурнувачките војни.

Досега шест и пол држави произлегоа од СФРЈ, една целосно евроинтегрирана, една речиси евроинтегрирана, три на трнлив пат кон Европа, една полууредена и една полупризнаена. Косово беше последната земја што прогласи самостојност во 2008 година, претходно Црна Гора во 2006 година, а со оглед на политичките идеи во Босна и Херцеговина и во делови од Србија, нема гаранции дека овие процеси се завршени.

До каде стигнаа денес независните држави во развојот на своите општества, демократијата, економијата, безбедноста, државната ефикасност, технолошкиот развој и слично? Според табелите и ранг-листите од разни области, Словенија е далеку напред, Хрватска е убедлива на второто место, за бронзениот медал се борат Црна Гора и Србија, а Македонија им бега само на полууредената Босна и Херцеговина и на полупризнаеното Косово.


ВЕСЕЛИН ВУКОТИЌ
ректор на универзитетот „Долна Горица“ од Подгорица, Црна Гора

Нашата држава во овие 20 години доживеа голема трансформација на сите полиња, дури и визуелно, многу се изгради. Подгорица од паланка стана модерен град, направен е тунелот „Созин“, има нови хотели на приморјето, инфраструктура. Но најмногу се смени начинот на размислување на луѓето, особено за економијата и за отвореноста кон странскиот капитал. Економски толку напреднавме, што сега кај нас доаѓаат да работат околу 45.000 работници од регионот. Едноставно, во Црна Гора е убаво да се живее, а тоа го истакнуваат и странците. Најголем успех ни е независноста. Ја победивме пропагандата од 1990-тите дека економски не можеме да опстанеме како самостојна држава. Неуспехот го гледам во неподготвеноста на политичките елити да направат модерна држава приспособувајќи го повеќепартискиот систем на условите во нашиот регион. Неуспех е и што судскиот систем не ја препознава важноста на неприкосновената заштита на приватната сопственост. Значи, додека во економијата постигнавме многу со ризични и храбри потези (воведувањето на германската марка, ваучерска приватизација), политиката остана премногу имитаторска. Денес Црна Гора е во борба за второто место со Хрватска, но не е далеку времето кога ќе се бориме за врвот со Словенија.


ДУШАН ЈАЊИЌ
политички аналитичар од Белград, Србија

Србија првпат е на страната на историските губитници, што влијае на севкупната состојба во државата. Имаме загуби од војната, од санкциите, загуби во населението и, секако, во меѓународниот углед, бидејќи денес сме несакана држава. Ние не се одвоивме од Југославија, туку сме тоа што остана од неа. Денес Србија е неефикасна држава, во која владее коалиција меѓу партиите и економските моќници, настанати во процесот на тајкунизација во приватизацијата. Немаме индустрија, се враќаме на земјоделството, што е чекор назад. Напредок е што тргнавме во евроинтеграциски правец, но не со силна волја, туку со двоумење. И сакаме и не сакаме да влеземе во ЕУ. Од СФРЈ политички довршени држави се само Словенија, Црна Гора и Хрватска. Ние сме во втората група. Економски, ако се изземе Белград, кој е во врвот, сé друго е на дното.


БЕЉУЉ БЕЧАЈ
политички аналитичар од Призрен, Косово

Ја остваривме главната цел, независноста, но со тоа не се исполнија очекувањата и желбите на граѓаните дека сé ќе тргне напред, особено во економско-политичка смисла и во владеењето на законите. Има мал напредок, но само во формална смисла, не во суштинска. Овде не можеме да зборуваме за човековите права на едни или на други групи. На сите им се нарушени тие права, со оглед на големата сиромаштија. И во Југославија бевме на последното место, и сега сме таму, но другите имаа многу подобри почетни позиции.


МАТЕЈ ЛАХОВНИК
професор на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија

Постигнавме многу поголем напредок отколку што можеше да се очекува во 1990 година. Денес Словенија е модерна, глобално интегрирана суверена држава без граници кон Австрија и кон Италија, што порано беше само сон. Во економска смисла, нашиот бруто-домашен производ е на ниво на 90 отсто од просекот на ЕУ. Најголем неуспех ни е неефикасното судство, кое и штети на економијата, па предизвикува платна недисциплина и економски криминал. Се соочивме и со проблемот на тајкунизација. Не е добро и што имаме преголема државна сопственост, четири од петте најголеми банки се под капата на државата. Кај многу луѓе владее чувството на неправда, зашто приватизацијата предизвика големи социјални разлики, како и бидејќи судскиот систем ги лови само малите риби, а големите се извлекуваат. Но без разлика на недостатоците, секако дека сме далеку најразвиени од сите земји од поранешна СФРЈ, на сите полиња. Историски ние секогаш сме биле интегрирани во Западна Европа, па затоа поуспешно ја пребродивме и транзицијата.


УГО ВЛАИСАВЉЕВИЌ
професор на Филозофскиот факултет во Сараево, Босна и Херцеговина

Денес Босна и Херцеговина е крајно поделено општество, во една држава функционираат три посебни национални универзуми, со свои училишта, медиуми, телекомуникациски системи, електростопанства... Сепак, изненадувачки добро функционираме, пред сé поради странските донации и помошта од дијаспората. Националните заедници првпат во историјата се територијализирани, ако патувате со автомобил веднаш препознавате во чија територија влегувате. Тешко е да се зборува за некаков напредок, можеби само за мало поместување. Има напредок во градењето, Сараево денес е многу убав град, исто и Бања Лука и западен Мостар, а источен Мостар ја дели судбината со многу краеви што воопшто не се развиле откако заврши војната. Сé зависи од тоа каде се слеваат парите. Ние сме дефинитивно на последното место, подолу дури и од Косово. Таму ситуацијата е јасна со независноста, а кај нас сé уште е нејасна.


ВЛАТКО ЦВРТИЛА
професор на Факултетот за политички науки во Загреб, Хрватска

Хрватска прво беше уназадена со војната, а потоа и со тешкотиите при трансформацијата, па имаше многу лоша почетна позиција во развојот. Од 2000 година се отворивме кон Европа и поминавме многу тежок пат, но можам да кажам дека успеавме да изградиме современа држава, која постигна напредок на сите полиња, членка е на НАТО и се зачленува во ЕУ. Се разви демократијата, човековите права се на високо ниво, има напредок и во економијата, но се чувствуваат последици од војната и од корупцијата. Денес бележиме најголем напредок токму во борбата со корупцијата. Тешко е да се каже на кое место сме во споредба со другите. Економски и евроинтеграциски сме втори, но на многу полиња го делиме првото место со Словенија, која имаше полесен пат, немаше војна.


ИЛИЈА АЦЕСКИ
професор на Филозофскиот факултет во Скопје, Македонија

Ние сме нетипична земја во транзиција, која тешко може да се споредува со другите. Се соочивме со многу тешкотии, непризнавање и други надворешни фактори. Но од економски аспект, имавме најнеефикасна приватизација, која не создаде елементи за перспектива. А кај што има тешки економски услови, демократијата изгледа неприродно. Затоа во Македонија се создаде партократија, сé е исполитизирано, како постојано да седиме во некој политички оптоварен зачаден простор. Мислам дека, за жал, и меѓуетничкиот јаз се продлабочи по 2001 година. Сé повеќе живееме едни покрај други наместо заедно, што води само кон поделби. Ако се споредиме со другите, сигурно сме на последната позиција, секако не сметајќи ги Косово и Босна и Херцеговина, кои се специфични случаи.

ПРОСЕЧНА ПЛАТА (во евра)
плати
Словенија 964
Хрватска 717
Црна Гора 463
Босна и Х. 409
Македонија 335
Србија 296
Косово 292
извор: државните
статистички заводи 2010
НЕВРАБОТЕНОСТ (во проценти)
процент
Словенија 9,2
Црна Гора 14,7
Хрватска 16,1
Србија 16,6
Косово 16,6
Македонија 32,2
Босна и Х. 40
извор: ЦИА фактбук 2010
БЕЗБЕДНОСТ
(колку луѓе смета дека се безбедни)
процент
Словенија 79 отсто
Црна Гора 70 отсто
Хрватска 73 отсто
Србија 70 отсто
Босна и Х. 69 отсто
Македонија 60 отсто
Косово /
извор: Извештај за човековиот развој на Обединетите нации 2010
МЕДИУМСКА СЛОБОДА
место во светот
Словенија 46
Босна и Х. 47
Хрватска 62
Македонија 68
Србија 85
Косово 92
Црна Гора 104
извор: Репортери
без граници 2010
ЖИВОТНА СРЕДИНА (индекс на грижата за човековата околина)
индекс место во светот
Црна Гора 69,4 29
Србија 69,4 30
Хрватска 68,7 35
Словенија 65 55
Македонија 60,6 73
Б и Х 55,9 98
Косово / /
извор: Универзитет „Јејл“, 2010
БДП ПО ЖИТЕЛ (во долари)
1990 2010 место во светот
Словенија 6.940 27.899 31
Хрватска 5.350 17.608 48
Србија 2.970 10.808 74
Црна Гора 2.330 10.432 78
Македонија 2.180 9.350 84
Босна и Х. 2.490 7.751 92
Косово 1.770 2.500 141
извор: СБ/ММФ-1990; ММФ 2010; за Косово ЦИА фактбук 2007
ЕКОНОМСКА СЛОБОДА (индекс до 100)
индекс место во светот
Македонија 66 55
Словенија 64,6 66
Црна Гора 52,5 76
Хрватска 61,1 82
Србија 58,0 101
Босна и Х. 57,5 104
Косово / /
извор: Фондација „Херитиџ“ 2011
ЗДРАВСТВО
здравствен болнички трошок, персонал, кревети по жител во долари
Словенија 94 50 922
Хрватска 78 56 369
Босна и Х. 63 31 130
Македонија 81 49 124
Црна Гора 91 60 120
Србија 91 60 120
Косово / / /
на 10.000 жители
извор: СЗО 2002-2004
ДЕМОКРАТИЈА (индекс на демократијата, до 10)
држава индекс место во светот
Словенија 7,69 32
Хрватска 6,81 53
Србија 6,33 65
Црна Гора 6,27 68
Македонија 6,16 73
Босна и Х. 5,32 94
Косово / /
извор: Економист 2010
ИНТЕРНЕТ (процент на корисници)
држава корисници
Словенија 64,8 отсто
Србија 55,9 отсто
Македонија 51 отсто
Хрватска 50 отсто
Црна Гора 44,1 отсто
Босна и Херцеговина 31,2 отсто
Косово 20,8 отсто
извор: Интернет статистикс 2010;


Автор: Гоце Трпковски Фотографија: Дарко Андоновск
 
Повеќето показатели и позиции се слични со она што бевме во СФРЈ. Секогаш Македонија и Косово добиваа помош како најзаостанати републики/покраини. Секогаш помошта ни ја даваа Словенија, Хрватска и Србија. Но како така туркавме, се формираше одредено општествено добро со одреден потенцијал. Но факт е (како вели и професорот) дека моделот на приватизација на тоа општествено добро (при што се одлејаа огромни невидени суми милијарди и недвижнини во рацете на малкумина) не уназади буквално во времето пред Кралството СХС, па би рекол дури и во феудализмот. Оттаму нема никогаш да излеземе заради местото (и лицата) на концентрација и користењето на приватизираните недвижнини и украдени пари.
Им "благодариме" од сесрце.
 
Повеќето показатели и позиции се слични со она што бевме во СФРЈ. Секогаш Македонија и Косово добиваа помош како најзаостанати републики/покраини. Секогаш помошта ни ја даваа Словенија, Хрватска и Србија. Но како така туркавме, се формираше одредено општествено добро со одреден потенцијал. Но факт е (како вели и професорот) дека моделот на приватизација на тоа општествено добро (при што се одлејаа огромни невидени суми милијарди и недвижнини во рацете на малкумина) не уназади буквално во времето пред Кралството СХС, па би рекол дури и во феудализмот. Оттаму нема никогаш да излеземе заради местото (и лицата) на концентрација и користењето на приватизираните недвижнини и украдени пари.
Им "благодариме" од сесрце.

Уф, Лурц со сета почит, но јас воопшто не се согласувам со болдот дека ние сме биле најзаостаната република. Сметам дека добро се држевме покрај сите маки што ни се случуваа. Да те потсетам на бате Колишески, кој прво го искла добитокот, а после тоа се претстави кој е. Да те потсетам на сите големи фабрики кои се изградија во Словенија, Хрватска и Србија, а функционираа со продукти од Македонија. Доколку си изградевме една фабрика како Фруктал немаше да има потреба на Словенците да им го праќаме овошјето за ич пари. Белград беше центарот на моќ, а Скопје периферијата, но сепак успевавме некако да опстоиме и машки да го истуркаме периодот.

Се согласувам дека ние цело време имаме погрешни луѓе на челните позиции, кои не се заинтересирани да ја водат државава правилно (сеедно кој е на власт, сите се исти ѓубриња!). Нашиве политичари сеуште се интересираат за џебот. Ние кога се одвоивме од Југославија почнавме супер! Имавме огромен бдп, ама кога почна приватизацијата... тогаш се` ни тргна удолу. Многу добро се сеќавам кога во парламент на говорница излезе Кљусев и кога почна да мавта со денарите, ама се сеќавам две години после тоа кога почнаа да тонат фабриките и кога почнаа технолошките вишоци. Ние имавме и сеуште имаме многу добри економисти и правници кои не ги користиме воопшто. Сметам дека треба да се направи една добра ревизија за продажбите на сите фабрики кои сега не работат или кои ги купија за ич пари. Доколку имавме вистински патриоти кои си го сакаат народот немаше да не донесат на ова дерече. Прво ги затворија фабриките, па ги оставија да зјаат пусти некоја година и на крај кога им пропадна вредноста почнаа да си ги делат помеѓу себе, тука изгубивме ние.

Мислам дека сеуште имаме шанса да се поправиме. Треба да се престане со сите непотребни проекти во Скопје и да се изградат фабрики во другите градови. Кога ќе се врати населението назад, се` ќе биде многу полесно. Ќе се има точна евиденција колку луѓе имаат потреба од социјална помош, ќе се знае колку луѓе и каде се вработени, ќе се знае кој кадар е дефицитарен, а каде треба да се образуваат нови кадри. Сега се` е испревртено, но ако сакаат лесно можат да се справат со економијата.

П.С. Извинете што не го елаборирам развојот на другите држави, не ме интересира ти до каде се сега. Никогаш не ми се допаѓале споредбите, бидејќи ние секогаш бевме, а за жал сеуште сме, оштетена страна!
 
Чуството на постојано самосожалување е најголемото стигнување до никаде. Тоа пак рефлектира еден куп нус појави типични само за нас. А тоа пак раѓа нетипични развојни патишта (неразбирливи за останатиот свет), низ кои само ние поминуваме и никој друг. Е тоа пак не кочело, не кочи и ќе не кочи...се разбира ако не го надминеме првото
 
Оној што ги правел тие статистички податоци многу згрешил и се доста неточни.
Хрватска и Србија се развиени индистриски ама платите им се како менструација, траат 5-6 дена а потоа слободно можеш да се еб.ш.
Сето тоа е толку добро нашминкано, руба краси руба гнаси.
Повеќе да пишувам не ми се исплатува, да не си ги заморувам прстите...
 
Уф, Лурц со сета почит, но јас воопшто не се согласувам со болдот дека ние сме биле најзаостаната република.
Тогаш зошто сме добивале помош како за заостаната република? Сме ги фингирале економските извештаи да не прикажат полошо?

--- надополнето ---

Оној што ги правел тие статистички податоци многу згрешил и се доста неточни.
Хрватска и Србија се развиени индистриски ама платите им се како менструација, траат 5-6 дена а потоа слободно можеш да се еб.ш.
Сето тоа е толку добро нашминкано, руба краси руба гнаси.
Повеќе да пишувам не ми се исплатува, да не си ги заморувам прстите...
Колку траат кај нас?
 
И Србите не се кој зане колку од нас..ни па Црна Гора..за трето место сме конкурентни сите три држави,додека Босна заостанува..а за Косово па муабет не правам
 
Србија стварно излезе најоштетена и економски и изгуби многу народ но најмногу од тоа што сите одбија една лоша слика за нив и никој не ги сака.Останаа отцепени од евро-интеграциите токму поради тоа.У економијата се тука негде со нас само што има многу работи во што се понапред,немаат внатрешен меѓуетнички проблем а имаат далеку поголемо људство а другите работи им се од СФРЈ,пр Белград беше центарот и таму најмногу се вложуваше и е тоа што е и денес.Додека Словенија и Хрватска убедливо се напред и недостижни барем засега.Црна Гора едвај се одели па нема шо да се каже посебно освен тоа туризмот немаат ништо а и људство жими куров имаат.КОсово и БОсна се хаос.
 
Србија стварно излезе најоштетена и економски и изгуби многу народ но најмногу од тоа што сите одбија една лоша слика за нив и никој не ги сака.Останаа отцепени од евро-интеграциите токму поради тоа.У економијата се тука негде со нас само што има многу работи во што се понапред,немаат внатрешен меѓуетнички проблем а имаат далеку поголемо људство а другите работи им се од СФРЈ,пр Белград беше центарот и таму најмногу се вложуваше и е тоа што е и денес.Додека Словенија и Хрватска убедливо се напред и недостижни барем засега.Црна Гора едвај се одели па нема шо да се каже посебно освен тоа туризмот немаат ништо а и људство жими куров имаат.КОсово и БОсна се хаос.

Излегле најоштетени ама затоа егото им се дигнало до плафон. Србија одсекогаш сакала да биде во центарот на вниманието. Србија секогаш морала да ги контролира конците и ако некој се побуни одма се се распаѓа. Така се има распаднато и СХС, така се распдна и СФРЈ... Никогаш не признават пораз, па и да газат преку нив. Не е вистина дека немаат меѓуетнички конфликт. Отцепувањето на Косово што е? И на тоа поле сме многу блики и си сочувствуваме меѓусебно.
За време СФРЈ големи индустриски гиганти биле баш во Македонија. Народов тука работел за братство и единство, Власта од Белград фрлала ситна пра за тоа, а крупното го делеле меѓу Хрватите, Србите и Словенците. Не е ни чудо што Словенија гајле нема и не е југоносталгична. Си се обезбеди за век и веков... А нашиве, каде најоштетени, па уште плачат за Тито и по 30 години!
 
За сите југоносталгичари


Се формира Југосфера.
 
Дојдовме на тоа дереџе да се споредуваме со полудржава (Босна) и полупризнаена држава (Косово). И Црна Гора и Србија и економски, а богами и политички се пред нас.
Пред 10 години, бевме први во поглед на евроинтеграциските процеси и меѓународната афирмација, сега сме последни (не сакам да ги бројам Босна и Косово).
Тоа ти се вика "испра(в)на државничка политика".
 
Дојдовме на тоа дереџе да се споредуваме со полудржава (Босна) и полупризнаена држава (Косово). И Црна Гора и Србија и економски, а богами и политички се пред нас.
Пред 10 години, бевме први во поглед на евроинтеграциските процеси и меѓународната афирмација, сега сме последни (не сакам да ги бројам Босна и Косово).
Тоа ти се вика "испра(в)на државничка политика".

Нас отсекогаш не еб.ле политичарите и тоа ќе се практува уште долго по мое мислење. Неколку од најголемите компании за време на Југославија се наоѓале точно тука во Македонија и тежеле милијарди, но по независноста дојде моделот на приватизација и остало срање со што тие компании тотално отидоа во пропаст и неповрат. Огромен дел од Македонското население работеше и егзистираше од тие компании но по нивното распаѓање тие луѓе останаа без пари и работа. Затоа сега има толку многу луѓе во Македонија што жалат за Југославија, не дека се цветело и било розево и тогаш, но барем луѓето имале работа, пари и можеле да го поминат месецот со една плата комотно. Сега со 10.000 ден. плата добро е ако успееш давачките да си ги платиш а за јадење ако останат пари тогаш си супер.
 
Забележувам една тенденциja-Балканот започвува да се реди по истиот начин,както во почетокот на XX век.
Наполно нормално Хрватска и Словениja да са далеку напред. Тези држави имат наследството на Австро-Унгарската империja(Изклучок прави Босна,но там е малце поразлично). Това е начин на мислене,това е тип на работа,това е основа врз които са развивали, географската им положба е многу поблизка до големите и/или богатите држави како Италиja,Германиja,Франциja, Австриja...
Тук во централните делове на Балканот состоjбата е поразлична и самите темели са различни. След Хрватска насам е друг дел.
 
Точно!
Личи си каде е била Австро-Унгариjа, каде е била Отоманската империjа. Тоа е историjа, култура, манталитет.
Не сум бил во Босна и Херцеговина и Црна Гора, но от останатите земjи се види как Словениjа е убедливо наjразвиена.
После неа е Хрватска, па Србиjа, а Македониjа е наjизостаната и сиромашна.
Интересна е споредбата помегу Словениjа и Македониjа - земjи со слични размери и броj на населението.
Едното е историjа на Хабсбургите, другото на Отоманците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom