Стари беќари

  • Креатор на темата Креатор на темата The_LiGhT'
  • Време на започнување Време на започнување

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Локација
N'veri t'maqedonis...
Pozdrav do site kajganci. Sakav da ve prasam edno prasanje kako sto e naslovot na temata, sto e rabotata so starite bekari, kakvi adeti imaat, dali razmisluvaat da se vencat nekogas ili do krajot na zivotot ke ostanat takvi. Ve prasuvam zasto samo vo mojot reon ima okolu 50-tina stari bekari koi imaat poveke od 40+ godini...:nesvest:
 
Само несфаќам зашто пишал какви адети имаат?

пример од селата во скопска црна гора:
- девојките од село несакат да се мажат за старите беќари во месното село, или само ако некој е така побогат и со трактор (ова не го зборам за ремет, тоа е реалната состојба), излез бараат кај некој од градот, а обратната ситуација пример некој од село да ожени девојка од град е скоро еднаква на невозможна.
- луѓето немаат пари немаштија е општа, не се мажат не се женат и така се помалце деца во училишните клупи....
 
Ќе ве замолам на темава да се водат само муабети кои се онтопик, секој офтопик ќе си сноси последици.

Идеме.
 
Pozdrav do site kajganci. Sakav da ve prasam edno prasanje kako sto e naslovot na temata, sto e rabotata so starite bekari, kakvi adeti imaat, dali razmisluvaat da se vencat nekogas ili do krajot na zivotot ke ostanat takvi. Ve prasuvam zasto samo vo mojot reon ima okolu 50-tina stari bekari koi imaat poveke od 40+ godini...:nesvest:
А кој е тој реон?
 
А кој е тој реон?
Каде и да е, проблемот е... ист, спомнал авторот македонци и немакедонци кога темава беше преместена, епа... секаде е истото, а проблемот е навистина ..зачудувачки, иако налик очигледен, факт е дека такви беќари има премногу а особено нивниот број е огромен по селата, дали проблемот е до селото... до умот и разумот... незнам ни јас самиот, и тука каде што јас живеам има огромен број на мажи кои не се со жена... а годините ги притискаат.

Баш ме интересира размислувањето од поголем број на девојки што конкретно еве мислите за ...ергените од село, дали тоа што потекнуваме од село е она кое не жигосува и не прави толку никакви па сме игнорирани и неподобни за заеднички живот и планирање иднина? (си земам за право да се вмешам во затекнатата група - беќари и да поставам прашање од нивна страна)

ffs па порано немале ни за сол да си купат па пак не останувале самци, толку ли ни/ви се високи стандардите па обичниот македонец не ги исполнува eu критиериумите?
 
после сето ова што го кажа, запрашај се самиот зашто толку луѓе од селата се трудат да успеат во градот, и дали тоа им е единствениот излез од ситуацијата...пробај да најдеш сам одговор на прашањето...гледај тоа да биде побрзо додека не ти пројдат годините. поздрав и ти посакувам среќа во потрагата по брачниот другар.

благодарен сум на родителите што ми дале можност да живеам во главниов град...другото од мене зависи дали ке станам беќар или не

еве една интересна необична приказна
 
Она што според мене е причина за пораснатиот број на стари беќари е фактот дека се’ помалу луѓето се сигурни во она што го бараат во потенцијалниот партнер, а па уште поголем дел од луѓето се несигурни во она што го имаат да го понудат како дел од себе.
За тоа со селата дека е поголем бројот на стари беќари некако не ми е баш најлогично (иако не велам дека не е така), затоа што најверојатно се раѓаат и девојки таму. А штом се раѓаат и тие таму, не знам зошто причината би ја гледале во тоа дека партнерот ќе им биде од село...
Прво, ако е тоа причината - наздравје на паметот на тие што размислуваат така.
Второ - во поголемите градови и те како е поголем бројот на стари беќари. Луѓе кои тргнале по кариерата и на тој пат ја изгубиле желбата за наоѓање животен партнер, па кога ќе стигнат негде на години кога ќе ги потфаќа кичмата или ќе немаат на кого да се потпрат, сфаќаат што направиле, па се жалат дека едноставно нема партнер за нив и дека секој од нив бега поради одредена причина.
Проблемот не е локален, туку е глобален. И не секогаш проблемот може да се бара во индивидуата.
 
http://forum.kajgana.com/showthread.php?18996-Стари-моми-(
еве контратема за старите моми ако веќе говориме на темава да не генерализираме, има сингл и од двата пола, причината мислам дека треба да се бара во индивидуата повеќе одколку во условите за живеење, си постојат девојки од село си постојат момци од село, а се знае од секогаш и било така дека тие што премногу прибираат, и бараат во јајцето влакно завршуваат сами, некој сакаат да си бидат стари ергени им прија таквиот боемски живот секоја вечер со различна женска,на други пак им пречат обврските што произлегуваат од бракот или сакаат жената да работи и да ги издржава,и плус да биде домаќинка и дома се да работи, секакви има, секој човек со своите вкусови и стил на живот.......................................................................
 
Мислам дека не се работи за промискуитетни, недоквакани кариеристи кој легнуваат квази - интелегентни ороспии (повеќето малолетни) кој се палат на нивната убер-либералност и широки погледи како што ти си ги апострофираш туку овде се работи за беќари (шубав збор од серијата Феркунде :)) кој бремето од неебачината (си знам по мене дека е тешко :() е дел од нивниот целокупен животен опус.

Со еден збор овие беќари имаат еден единствен критериум за жена, а тој е да има дупка
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
Она што според мене е причина за пораснатиот број на стари беќари е фактот дека се’ помалу луѓето се сигурни во она што го бараат во потенцијалниот партнер, а па уште поголем дел од луѓето се несигурни во она што го имаат да го понудат како дел од себе.
За тоа со селата дека е поголем бројот на стари беќари некако не ми е баш најлогично (иако не велам дека не е така), затоа што најверојатно се раѓаат и девојки таму. А штом се раѓаат и тие таму, не знам зошто причината би ја гледале во тоа дека партнерот ќе им биде од село...
Прво, ако е тоа причината - наздравје на паметот на тие што размислуваат така.
Второ - во поголемите градови и те како е поголем бројот на стари беќари. Луѓе кои тргнале по кариерата и на тој пат ја изгубиле желбата за наоѓање животен партнер, па кога ќе стигнат негде на години кога ќе ги потфаќа кичмата или ќе немаат на кого да се потпрат, сфаќаат што направиле, па се жалат дека едноставно нема партнер за нив и дека секој од нив бега поради одредена причина.
Проблемот не е локален, туку е глобален. И не секогаш проблемот може да се бара во индивидуата.
Има бааги вистина во она што Апо го спомна. Едно село на пример од Ск. Црна гора е со многу голем број "стари" ергени. Од разговорите со друштвото на син ми имам разбрано дека девојките имаат сличен став кон момци од периферни населби на Скопје.

Значи @Апо не само селата туку и населбите скопски кои "не се на цена". Не дека бутел има или нема многу беќари (не им знам бројка), но секако многу повеќе се трудат да најдат соодветен партнер и формирање семејство.
Лошо е да се потценуваат селата или перифериите, не е добро да се потценува сиромашно или скромно момче...но ете, таква е состојбата (која не е од денес, постоеше и порано, но се повеќе се диференцира и заострува). Обратното (девојка од периферија или село, а момче од град)...е многу помал проблем (не е ни проблем), мислам дека дел заради старите сфаќања кои никако да се искоренат. А финансиите и не се некоја причина туку повеќе повод за дел од овие состојби.
 
Koj да ги научи нешто подалеку од нивите?
Зборам за оние од селата...
Зависи колку го терале да работа, обично секој втор од нив тие денешните ергени скоро и да незнае да чита.
Некој има завршено само 8мо одд некој ни толку, ретко кој средно завршил.
Подалеку од селото освен на пазарен ден по градовите кога отишле?
Тоа е село и мора да се работи,така ги учеле,
кој нив друг ќе ги прошета?
Кој од вас би прошетал некоја таква лично по град за да запознае некое девојче, сигурно би сте се срамеле од самата помисла......
Како јас што сум имал некој што ме учел како да приоѓам на девојки, што да правам и како да се справам така тие Ергени немале никој таков што би ги научил нешто повеќе одколку садење пиперки.
Греота но тоа е тоа, мора да има се на светов.
Јас знам 5 души македонци што имаат земено жени од албанки од албанија, еден од нив е поп(свештено лице) нема што тука куќа без жена не е куќа.
 
А кој е тој реон?
Reonot na Kumanovo.

Nekoj rece poradi finansiski problemi, ne e tocno ova, zasto znam nekoi koi sto stojat dobro so finansii, eden plus raboti vo EVN sto minimum 500 evra zima plata, taka da ne e do finansiite, mozebi ne se podgotveni da go pominat ostatokot od zivotot zaedno so drug, kojznae...
 
Познавам многу современи и богати ергени што воопшто не се замараат со женачка. Никогаш ниту живееле во село ниту работеле земја, ама ете. Останале така изгледа поради тоа што како помлади трчале да спечалат пара наеднаш, па сега неможат да се изнаживеат. Барем тие јас што ги познавам се уште зелени во мозот, се откачуваат по забави, најдобри пријатели им се моторите и колите, фрлаат пари по скапи телефони, патики, тренерки, кладилници, цел ден се излежаваат по кафичи, трошат пари од мама и тако, или пак свои ама спечалени во странство за кратко време. Значи навикнати се на лежерен живот без обврски.
 
Pozdrav do site kajganci. Sakav da ve prasam edno prasanje kako sto e naslovot na temata, sto e rabotata so starite bekari, kakvi adeti imaat, dali razmisluvaat da se vencat nekogas ili do krajot na zivotot ke ostanat takvi. Ve prasuvam zasto samo vo mojot reon ima okolu 50-tina stari bekari koi imaat poveke od 40+ godini...:nesvest:
стари беќари нема- има само СТАРИ МОМИ :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom