Доделување на Оскарите за 2010 Година

Кој филм оваа година ќе го освои Оскарот?


  • Вкупно гласачи
    133

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Јас ќе си поќутам,и не сум поупатен од тебе.
па муабетот е шо не сум упатен ни ја и само прашав шо е тоа шо другите го виделе убаво а ја не го видов. - изгледа погрешно си ме сватил првиот пост
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Best Supporting Actor

Christian Bale за The Fighter ! МОРА ДА ОСВОИ, НАЈДОБАР Е !!!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Bale, искрено, треба да зема. Исто и Наталија.

Јој, па многу гласале за Black Swan. Мислев ќе сум единствен. Мене многу ми се допадна. Ама мислам Финчер ќе собере се`. Режија и филм.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Од тие што ги видов, The King's Speech најмногу ми се допадна и мислам дека ќе го земе Оскарот. Што се однесува до најдобра машка и женска улога, верувам дека ќе се повторат SAG наградите, и тоа сосема праведно и заслужено: Колин Фирт и Натали Портман.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Конечно да ги изгледам скоро сите (уште True Grit и The Kids are all right не сум ги гледал).
Можам да почнам од првиот на анкетата.

Black Swan - многу сакав да го имам гледано кога на форумов траеше сета таа фама околу филмов. Го гледав пред 2-3 недели. Не бев фасциниран воопшто колку што очекував. Мислам, некои форумџии откорнаа коси кога го опишуваа филмов. Darling (немам ништо лично против неа) напиша нешто во стилот "не ми се верува што гледав пред малку".
Често се предомислував дали да пишам рецензија за филмов ама не знам какви зборови да одберам. Првиот дел од филмот се одвива премногу бавно се додека премине во ефтин порно филм. Мислам, сте го гледале Mulholland Dr.? Има подобра лезбејска сцена, далеку подобра. Дури истите елементи од тој филм ги има во Black Swan. Го гледал некој Trois couleurs: Bleu? Приказна за трансформација на "невина" жена во... жена. И анализирање на женската психа многу добро, премногу уметнички, иако феминистички, одличен филм, уште поневеројатна режија.
Black Swan е добар филм, ама не за корнење коси и гризење нокти. Има одлична глума, и за мене останува на зборот "добар" и ништо друго. Не би го гледал пак за брзо. И многу ме изнервира целата прашина што се крена за филмот. Исто ко се крена тогаш за The Dark Knight, и фамозното прашање "го гледаше Бетмен?". Ми се чинеше дека не смеам од дома да излезам дур не го изгледам него. Исто се осеќав и за Блек Свон, и лани за Аватар. Преценет, многу преценет.

The Fighter - го гледав денес. Кристијан Бејл, оскар за глума, проверен актер и вистински професионалец. Марк Валберг - просечен, како и секогаш. Ко Тоби Мегвајер, требаше да глуми во Brothers за човек да се увери дека е воопшто актер.
Приказната според вистинит настан. И овој филм е добар, ама само добар. Не е ни инспиративен, а не е ни близу другите филмови за и околу боксот како спорт и проблемите кои ги носи. Во Due Date има еден интересен дијалог кога Роберт Дауни му вели на Зак дека треба да одглуми тренер на Супер Боул тим кој губи 21 поен пред крајот и мора да ги утеши. И тогаш Зак го прашува - but, do they make any movies about Super Bowl? - Yes. They make that kind of movies every 2 years.
Цитатов е доволен. Уште колку филмови за бокс ни требаат?

Inception - овај е од оние филмови од кои си возбуден кога ке завршат и импресиониран ама после одма ги забораваш. Го гледав пред неколку месеци во рамстор и сега едвај да ми текне на нешто од филмот. Скоро цел го имам заборавено, можеби поради тоа што држи импресии само еден ден.

The King's Speech - Колин Фирт во неговата најдобра улога. Улога за оскар. Вака не сум видел некој да глуми откако Дениел Деј Луис зеде оскар за There Will be Blood. Колин Фирт е актер кој без разлика дали се појавил во неколку сегменти од Love Actually или ова, е неверојатен човек. Овој филм го прави добар актерското дуо - Фирт и Џефри Раш. И двајцата сигурно дале се од себе. Ама приказната во филмот? Сосема... обична. Мислам, во која насока се движеше цело време? Без никакво возбудување, без ништо. Ова е еден од четирите филмови номинирани за оскар кои се базирани според вистинит настан. И ова е добар филм, ќе се повторам, ама само добар. Ништо друго. А да, има и солиден саундтрак.

127 hours - интересен филм, брзо ми помина времето со него. Ама за најдобар филм, далеку. Се има доста коментирано за филмов на форумов па да не се повторувам. Џејмс Франко не заслужува оскар ни приближно колку Колин Фирт. Од мене има една 6ка филмов. Дури и слушнав дека се планирало да биде номиниран уште пред да биде целосно реализиран. Ко Walk the line пред неколку години. И тој беше "номиниран" уште пред да излезе.

The Social Network - го гледав уште кога немав ни поим дека ќе биде номиниран за оскар. Ама овој ќе добие дефинитивно, затоа што зад него стојат имиња како Финчер и Кевин Спејси. И затоа што филмот е од американци за американци, а таквите филмови најмногу добиваат оскари. Сетете се лани на The Hurt Locker. И овој филм е според мене глуп. Ептен глуп. Саундтракот многу потсеќа на The Game кој патем е ремек дело на Финчер, а овој е мизерно просечен филм. Никогаш пак не би го гледал.

Winter's Bone - го гледав сега пред неколку минути. Не очекував многу од филмов па не добив ништо. Буквално ништо. Сосема обичен филм кој претставува своевиден осврт на херојството и борбата за преживување. А такви филмови, има премногу. Плус премногу бавен за мое расположение.

Toy Story не го коментирам. True Grit едвај чекам да го гледам затоа што и од него очекувам многу, а The kids are all right не ни планирам да го спуштам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Мене искрено најмногу ме занима оскар за актерска улога,и за тоа јас најмногу навивам за Кристијан Бејл...што се однесува на преносот јас се надевам дека ќе има директен пренос на некоја од нашиве телевизии,ако не на хрватската сигурно ќе има.
И ветувам дека ќе сварам еден термус кафе да ме држи буден до крај.
 

insence

VendettaQ
Член од
30 јануари 2011
Мислења
193
Поени од реакции
12
Најдобар филм: The Social Network
Главна машка улога: Colin Firth
Главна женска улога: Natalie Portman
Споредна машка улога: Christian Bale
Споредна женска улога: Hailee Steinfeld
Најдобра режија: David Fincher
Најдобар анимиран: Toy Story 3

Моја желба е Бејл да зема за најдобра споредна машка улога.
 

Борче

Мадридиста
Член од
9 октомври 2010
Мислења
216
Поени од реакции
290
Најдобар филм: The Fighter/Black Swan
Главна машка улога: Колин Фирт
Главна женска улога: Натали Портман
Споредна машка улога: Криситан Бејл
Споредна женска улога: Мелиса Лео/Еми Адамс
Најдобар режија : Дарен Афронски ..(мада мислам дека Нолан требаше да биде номиниран :/ )
Најдобар цртан/анимиран Хау ту треин јор драгон
 
А

Анноун

Гостин
на бет365 има коефициенти ставено за оскариве.

за најдобра споредна машка улога - Џефри Раш - 5 коефициент
за најдобра споредна женска улога - Хелен Бонам Картер - 8 коефициент

мислам дека еден оскар за споредна ќе фрлат во The King's Speech , а другата на фаворитите од The Fighter , Криситјан Бејл и Мелиса Лео.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
на бет365 има коефициенти ставено за оскариве.

за најдобра споредна машка улога - Џефри Раш - 5 коефициент
за најдобра споредна женска улога - Хелен Бонам Картер - 8 коефициент

мислам дека еден оскар за споредна ќе фрлат во The King's Speech , а другата на фаворитите од The Fighter , Криситјан Бејл и Мелиса Лео.
Не верувам, не оди тоа така со фрлање :) The King Speach ќе си земе за главна улога пошто објективно нема конкуренција. Јас мислев на Eiseberg од Social Network ама тогаш немав гледано Colin Firth. Бејл исто така нема конкуренција, а мислам дека и Мелиса Лео ќе помине.

Ако некаде голем фаворит пукне, тоа ќе биде Натали Портман. До пред некое време бев убеден дека ќе освои и сеуште сум убеден дека треба. Но гледам претерано форсирање на филмот The Kids Are All Right, филм кој во најмала рака е просечен, ако и толку. Annette Bening може да добие џек пот, иако не треба. А кој го гледал филмот ако може да ми каже зошто Mark Ruffalo добил номинација за улогата, пошто да ме убиеш не ми иде во глава...

--- надополнето ---

Сега видов дека коефициентот за победа на Колин Фирт е 1.01 :nesvest: Страшно :)
Според мене, за тие што имаат намера да уплатат, најсигурен тип со добар коефициент е дека Social Network ќе го земе оскарот за Music Score, коеф е 2.00. Веќе го зеде Глобусот за истото а музиката навистина е одлична така да јас лично ќе го играм ова.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Значи најнеизвесно е за најдобар филм кој ќе земе оскар....
Ги немам изгледано уште True Gift, Inception, The kids are..., Toy Story, ...Bone.

Само првите 3 филма планирам да ги изгледам пред да бидат доделувањата, Бејл и Фирт дефинитивно добиваат оскари. Кај другите ќе биде интересно...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Значи најнеизвесно е за најдобар филм кој ќе земе оскар....
Ги немам изгледано уште True Gift, Inception, The kids are..., Toy Story, ...Bone.

Само првите 3 филма планирам да ги изгледам пред да бидат доделувањата, Бејл и Фирт дефинитивно добиваат оскари. Кај другите ќе биде интересно...
Ако ти кажам дека коефициентот за The King's Speech e 1.16, ќе помогне? :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Ако ти кажам дека коефициентот за The King's Speech e 1.16, ќе помогне? :)
Абе сакав да го спомнам тој, али после ќе ми се нафрлевте дека немал посебна приказна, бавно, крајот однапред сте го знаеле.... Туку ај...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Абе сакав да го спомнам тој, али после ќе ми се нафрлевте дека немал посебна приказна, бавно, крајот однапред сте го знаеле.... Туку ај...
Немаше, се слагам дека нема приказна, солидна англиска драма, на моменти емотивна, со одлична глума на Колин Фирт. Би било глупаво да победи, ама коефициентиве и мене ме шокираа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom