Прости ми Татко мене "ГРЕШНИОТ"

  • Креатор на темата Креатор на темата moveman
  • Време на започнување Време на започнување
Да видиме едно искуство од извесен монах...

На монахот, му се јавуваат демони и му велат: „...Ти си свет, ќе отидеш во Рајот!...„
Другиот пат, пак се јавуваат демоните и му велат на монахот: „...Ти си грешен, не ти гине пеколот!....„

Монахот збунет, ги прашува демоните: „..Зашто еднаш ми велите дека сум грешен а друг пат дека сум свет?....„
А демоните му велат: „...Ние никогаш не ја говориме вистината!...„

Така, јасно е кој може да ми/ни „дошепне„ за мојата/нашата светост или грешност, со намера да ме/не соблазни и да ја убе мојата/нашата вера во Христа Бога.
 
joker-clap.gif
 
Нема човек кој не е грешен, безгрешен е само единиот Бог Исус Христос а Вие ако се сметате за праведник мислам дека сте во прелест а ако познавате некој праведник кој не направил ниту еден грев посочете го кажете ни кој е тој човек да одиме да научиме нешто од него....
И ќерка ми од 3 месеци... и она ли е грешна?!?! И како тоа згрешила?
 
Не го прифатила Исус да ја спаси од првобитниот грев кој го направиле Адам и Ева! А Исус вели дека само тој е патот кој неводи во пеколот и дека секој што сака татко, мајка, син, керка....повеке од него не е достоен за него!
 
Така... ко муабетот меѓу мисионерот и ескимот... Само што овој вториов бил возрасен...
 
И ќерка ми од 3 месеци... и она ли е грешна?!?! И како тоа згрешила?

Да, и „она„ („таа„) е грешна, преку првородниот грев, но и преку гревовите кои ги наследива од Тебе, како еден родител, и од гревовите кои ќерка ти ги наследила кумулативно, од своите/Твоите предци...
 
Не си во право. Ќерка ми не е грешна. Нема таа сеуште ништо згрешено.

Ако мојата ќерка ги наследила моите гревови и гревовите на својата мајка (на своите креатори), без никаква вина, тогаш, по истата аналогија, ти ги имаш наследено гревовите на „твојот креатор“, твојот Господ, кој е очигледно грешен! Почнувајќи со утката со Адам и Ева, Потопот, Содома и Гомора и еден куп други масакри на недолжно население, злосторници наградени со вечен живот во Рајот, со кои горделиво се фали наоколу низ Книгата.

Ете тоа ме нервира најмногу: Немаш проблем што креаторот твој е суетен, злонамерен, горделив, пакостен, љубоморен и осветољубив. Немаш проблем ни што децата кои ништо во животот свој не згрешиле твојот „милозлив“ господ ги води како генерички грешници.

...а проблем е кога некој ќе го накити него со вакви епитети, кои никако не можеш да ги оспориш...

Колку чудна религија, ееееј...
 
Ц....

Тоа што ќерка ти „..сеуште...„ нема згрешено (признавам, нема, и не ни може да има, а најголем „грев„ што може да го стори на нејзина возраст е да се „покака„ во пелени...) што не значи дека нема да стори ниту еден грев во наредните години.

Гревот го наследувам преку раѓање, а пошто Адам и Ева не беа родени, туку створени/создадени, тоа значи дека Адам и Ева „...нема теорија...„ дека наследиле грев од нивиот ( и мојот) Креатор, оти Креаторот е совршен и нема гревови.

Креаторот ги нема особините кои Ти Му ги припиша, туку сите тие особини кои ги наброја, се особини или од отпаднатиот човек или од демоните...Оти, Христос Богочовекот вели: „...Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи Сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир за душите свои...„. (Матеј, 11.29).

Признавам, многу чудна религија е рисјанската...
 
Тоа што ќерка ти „..сеуште...„ нема згрешено (признавам, нема, и не ни може да има, а најголем „грев„ што може да го стори на нејзина возраст е да се „покака„ во пелени...) што не значи дека нема да стори ниту еден грев во наредните години.
Епа како, тогаш „сите се грешни“ кога викаш дека ќерка ми сега не е грешна?!?! Get your story straight! Грешна е или не е грешна?!?!

Креаторот ги нема особините кои Ти Му ги припиша, ... ... бидејќи Сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир за душите свои...„. (Матеј, 11.29).

...а еве колку ти е кроток и смирен по срце твојот господ. Отвори ја Книгата и провери ги бројкиве, ТЕ МОЛАМ.
AcLnK.jpg
 
Зашто Он ќе се одмазди за крвта на синовите Свои, ќе им се одмазди на непријателите Свои, ќе им плати на оние, што Го мразат, и ќе ја очисти Господ замјата Своја и народот Свој!"

Еве зошто и кого има погубено.
 
И ќерка ми од 3 месеци... и она ли е грешна?!?! И како тоа згрешила?

Ќе до дополнам текстот кога мислев човек мислев на возрасни луѓе а не на децата до седум години децата се безгрешни, а и ако нешто згрешиле не им се зема за грев поради воздраста која ја наведов.
 
Зашто Он ќе се одмазди за крвта на синовите Свои, ќе им се одмазди на непријателите Свои, ќе им плати на оние, што Го мразат, и ќе ја очисти Господ замјата Своја и народот Свој!"

Еве зошто и кого има погубено.

Боби, не е воопшто битно ЗОШТО ги погубил!!! Земал, и го сотрел целиот копнен свет (освен еден брод). Применил КОЛЕКТИВНА КАЗНА и за криво и за недолжно. Бе боли мене уво кои се причините. Каков е тој милозлив Бог кој убива 2.500.000 од своите чеда?!?!

Пошто верувам дека држиш до приказната за Содома и Гомора, кажи ми, не дали новороденчињата, децата и умоболните (невиновни за никаков грев) од градот заслужиле да умрат во пеколни маки, туку дали онаа тетката (како ли се викаше), поштедена, која се завртила да си го погледне градот за последен пат заслужила да биде убиена заедно со сите останати клетници?

Не можеш, од една страна да го нарекуваш милозлив и праведен, а од друга страна да го опишуваш како осветољубив и горделив. (овие две Јахве самиот ги тврди за себе - не го викам јас тоа!)

Како ти има смисол сето ова?!?

--- надополнето ---

Ќе до дополнам текстот кога мислев човек мислев на возрасни луѓе а не на децата до седум години децата се безгрешни, а и ако нешто згрешиле не им се зема за грев поради воздраста која ја наведов.

Јас не сум чул или прочитал ништо за границата од 7 години. Озбилно.

Ај, те молам, кажи каде можам да го видам тоа.

...ја кога имав 6 години, со ќерката на газдарицата кајшто живеевме под кирија си игравме маж и жена, се соблекувавме голи и во гаражата бевме грешни. Не дека беше некој секс, тоа, ама сигурен сум дека се квалификува како грев. Исто, отприлика тоа време, јасно се сеќавам како мајка ми ме таба со влечка дека сум крадел шкорчиња за да палам оган зад куќата.

Поенатат ми е: И да бараш навистина одговор на она мое прашање погоре - нема да го најдеш, пошто го нема во светите книги. Христијанството вика дека апсолутно сите луѓе се грешно.

Ма не ме заебавај... :)
 
Боби, не е воопшто битно ЗОШТО ги погубил!!! Земал, и го сотрел целиот копнен свет (освен еден брод). Применил КОЛЕКТИВНА КАЗНА и за криво и за недолжно. Бе боли мене уво кои се причините. Каков е тој милозлив Бог кој убива 2.500.000 од своите чеда?!?!

Пошто верувам дека држиш до приказната за Содома и Гомора, кажи ми, не дали новороденчињата, децата и умоболните (невиновни за никаков грев) од градот заслужиле да умрат во пеколни маки, туку дали онаа тетката (како ли се викаше), поштедена, која се завртила да си го погледне градот за последен пат заслужила да биде убиена заедно со сите останати клетници?

Не можеш, од една страна да го нарекуваш милозлив и праведен, а од друга страна да го опишуваш како осветољубив и горделив. (овие две Јахве самиот ги тврди за себе - не го викам јас тоа!)

Како ти има смисол сето ова?!?

--- надополнето ---

Јас не сум чул или прочитал ништо за границата од 7 години. Озбилно.

Ај, те молам, кажи каде можам да го видам тоа.

...ја кога имав 6 години, со ќерката на газдарицата кајшто живеевме под кирија си игравме маж и жена, се соблекувавме голи и во гаражата бевме грешни. Не дека беше некој секс, тоа, ама сигурен сум дека се квалификува како грев. Исто, отприлика тоа време, јасно се сеќавам како мајка ми ме таба со влечка дека сум крадел шкорчиња за да палам оган зад куќата.

Поенатат ми е: И да бараш навистина одговор на она мое прашање погоре - нема да го најдеш, пошто го нема во светите книги. Христијанството вика дека апсолутно сите луѓе се грешно.

Ма не ме заебавај... :)

Најнапред внимавајте на речникот. Тоа што сте го направиле на шест годишна воздраст нема да ви се земе за грев, а не е лошо и ако се исповедувате да го исповедате ова што ми ко кажавте и на мене на Вашиот духовник.
За границата до 7-дум години може да се прочита во НОМО КАНОНОТ пишуван од Светителите. Во тој НОМО КАНОН се е објасбето. НОМО КАНОНОТ обично не се препорачува да се чита на мирски лица како нас освен со благослов од својот духовник, тој речиси и неможе да се најде во слободна продажба но ако сакате би се потрудил да ви најдам дека децата до седум години не подлежат на грев.
 
Со големо задоволство би прочитал еден таков текст. Особено поради фактот што не се препорачува за обични луѓе.

Сепак, според напишаното, верувам дека станува збор за содржини (правила, канони и сл) пишувани од смртници, а не од рацете на евангелистите водени директно од Бога.

Исправи ме ако грешам, но единствено 4-те евангелија се зборот на Бог, нели? Од каде им право на некои обични смртници (без оглед колку биле посветени на религијата) да ги пишуваат правилата на однесување? Зарем Исус не кажал доволно за тоа како треба да се однесува еден верник?!?

Моето прашање беше, каде во Светата Книга, сржта на христијанството, се дефинира кој е колку и од кога грешен?!? Не добив одговор на ова прашање. Баш би сакал.

Инаку, се сложувам дека секој може да напише правило. Можам и јас. Тоа не ме прави бог, ниту правилото го прави свето, нели?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom