Хрватска е банана држава исто како нас, знаеш ли ти дека само за да ги прехрани туристите Хрватска троши 6 милјарди евра на храна, од таму им е и големиот буџетски дефицит.
Само земји во развој ја базираат својата економија исклучиво на природните ресурси(нафта,гас,руда) и туризам.
Земјоделието и туризмот треба да бидат отскочна даска/старт, а никако р'бет на нашата економија.
Електронски гаџети,медицински апарати,иновации во автомобилската ундустрија,софтвер.... наука со дуруги зборови на тоа треба да се базира нашата економија.
Се што треба Грујо е да земе пари од кај Арапите/Кинезите и да го формира македонскиот пандан на General Electric.
Па нели треба некој да произведе храна. Ете потенцијален пазар за нашите земјоделски производи. Македонската економија моментално има капацитети само за земјоделството. За понатаки ке видиме.
Постот на онак е сосема на место. Господата од власта ке ја преполоват инвестицијата.
Да се надоврзам. Ако се изгради аква паркот ке се гради максимум година две. Државата ке даде на тендер изградба, ке си одбере своја фирма по екстра цени и ке открадне уште малце. Потоа ке даде уште еден тендер, и повторно ке си одбере своја фирма за одржување и сервисирање на аква паркот и ке поткрадне уште малце. Потоа ке даде тендер за добавувач на различни производи(пијалоци и храна), и повторно ке си одбере нивна фирма и ке открадне уште малце.
Значи најголема корист од оваа инвестиција би имале 7-8 луѓе кои на незаконски начин ке добијат легален бизнис и ке млатат пари на големо. Потоа владата ке си исплати бонус за себе, за добро завршена работа.
Аква паркот ке вработува најмногу 300-400 луѓе. Дали и толку ке вработува. Тоа се исто толку фамилии, по 4 во секоја фамилија тоа се максимум до 1200-1000 луѓе. 2 МИЛИЈАРДИ инвестиција само за подобрување на состојбата на 1000 луѓе е залудна. Плус сите туристи што идат ке остануваат 2-3 дена максимум. Со себе не носат ништо, не плаќаат царина ништо. Само сместување, и се трошат во аква паркот, повторно кај оние 7-8 луѓе, кои со власта избегнуваат плаќање на данок и со тоа ја задолжуваат Македонија за наредните 50 генерации. Потоа казните ке рипаат за да ја прехранат огромната и непотребна администрација, ке се задолжува Македонија со нови кредити, ке расте јазот помеѓу сиромашните и богатите.
На крај ке испадне само странците ке се рекреираат во аквапаркот, а ние ке гледаме отстрана и ке ни течат лиги, а потоа ке одиме во некоа од нашите загадени реки за таму да се разладиме во жешките летни денови.
И плус аква паркот ке работи само во лето, 3 месеци од цела година, и вработените ке бидат хонорарци 3 месеци работат 9 не. Не ти е измислена идејата добро.