Спас за Македонија

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Боби[Мкд];4044118 напиша:
2 милијарди може и да се искористат како кредити во претприемништвото, да се стимулираат малите и средните бизниси. Во Германија мотор не се туристичките атракции и големите корпорации, туку стотици илјади фамилијарни бизниси кои вработуваат 2\3 од вкупната работна сила и зафаќаат 50% од БДП.
да си жив и здрав за муабетов... аква парк, ролеркостер, хотелчиња.... милиони-милијарди... бахххххх муабети испукани со ќорци....
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Избран, а што ако ни дадат кредит Арапите, Кинезите или било кој и повторно дојде светска економска криза? Што ако нешто го спречи финансирањето на аква проектот на пола пат? Што ако откога го завршиме тој аква парк на некој Арап му текне да изгради аква парк од 4 милијарди евра во Србија, Грција, Бугарија, Албанија?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Точно така, и плус кај сме ние држава за некој капитални проекти, се менува владата, за инат на предходните ќе ги стопираат градежните работи и ќе ги пренасочат парите, плус 2 милијарди во рaцете на наши политичари ќе паднат во искушение. :pos:


Плус видите ги источниве соседи, пола век градат една нуклеарка. :pos:
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
ostaj preskakanje ovde veke ima tri UPOTREBLIVI idei. koi vo osnova se podveduvaat pod toa turizmot., sea treba samo uste malku da se poraboti za da se glancnat do kraj....a ne trebaat ni 15% od toa tvoite milijardi :)
Џабе е , се додека народов вака размислува и функционира и во едемската градина да го ставиш ќе ја претвори во пустина .Првин во главата да се среди после се само ќе си дое на место :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Чоузен бел бумбар за тебе шо почна да ја сфаќаш ситуацијава во државава.
Ама аква парк брат има скоро во секој град во турција и слични туристички развиени земји. Добра е идејата ама да се понуди нешто оргинално, на пример Дракула турата во Романија, е тоа е оргинална идеја, шо ја нема сегде. Сфаќаш?

Ова само грубо, иначе пред тоа треба патна инфрастуруктура да се тури и од почеток да се напрај, да не се патува 100 км 3саатти, и авионски превоз ЕФТИН, иначе кој ти иде повратна карта 500 евра.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Боби[Мкд];4044118 напиша:
2 милијарди може и да се искористат како кредити во претприемништвото, да се стимулираат малите и средните бизниси. Во Германија мотор не се туристичките атракции и големите корпорации, туку стотици илјади фамилијарни бизниси кои вработуваат 2\3 од вкупната работна сила и зафаќаат 50% од БДП.
хммм..тоа е вистинкиот пат , ама проблемот е што никако не можеме да ги исполниме неколкуте битни услови: стручно и културно ниво, чувство на заедништво, државна администрација која не се однесува како качак, туку како сервант, полтички ум кој има за цел добробит на државата , а не ИСКЛУЧИВО лична корист, банки кои не се ЛИХВАРСКИ ДУВЛА туку ПАРТНЕРИ во бизнисот со соодветно делење на ризикот, свест дека БОГАТСТВО се стекнува со долга и макотрпна работа...и пред се СЛОБОДА на движење......и лична комуникација и контакти....
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Сепак јас повеќе за идеата за фабрики и инвестирање во земјоделство

(бар за ова не бидува и веќе сме докажани и на странскиот пазар)

но најголема инвестиција треба да се направи во индустријата за

преработка на храна.
Јас мислам дека тука лежи зајакот. Ние имаме

ефтин суров домашен земјоделски произод. Преработи го, пакувај го и

извези го. Тоа е мојата идеја.... иако и идеата за атракција не е

лоша е сеа дали ќе биде аква парк или некаква друга атракција... не

знам.
Држи ова.

Боби[Мкд];4044118 напиша:
2 милијарди може и да се искористат како кредити во претприемништвото, да се стимулираат малите и средните бизниси. Во Германија мотор не се туристичките атракции и големите корпорации, туку стотици илјади фамилијарни бизниси кои вработуваат 2\3 од вкупната работна сила и зафаќаат 50% од БДП.
И ова.

Избран, а што ако ни дадат кредит Арапите, Кинезите или било кој и повторно дојде светска економска криза? Што ако нешто го спречи финансирањето на аква проектот на пола пат? Што ако откога го завршиме тој аква парк на некој Арап му текне да изгради аква парк од 4 милијарди евра во Србија, Грција, Бугарија, Албанија?

Во услови на криза БДП-то на Кина расте годишно со најмалце од 9%.

Сега прашањево ти е премногу апстрактно, шта би било кад би било.
Една работа е битна, инвестицијата во туризмот е најсигурна.
Во услови на светска економска криза кога крахираше цела ауто индустрија туризмот во Турција,Шпанија и Хрватска доживеа процут.


Уште нешто, прашање до сите неверници во оваа идеја.

Да има вакво нешто во Германија (аква парк со невидени лудории вреден 2 милјарди евра) искрено кажете ми, дали би отишле да го посетите (под препоставка дека повратен авионски билет со некоја нискобуџетна компанија е 70 евра)?




Додека ние се думаме за еден обичен аква парк еве што ќе прават Јапонците.


Јапонија ќе ја гради првата орбитална електроцентрала во светот

Група јапонски корпорации, предводени од „Мицубиши“ планира во 2025 година да ја изгради првата орбитална електроцентрала, јавија јапонските медиуми.



Експерти од универзитетот во Кјото веќе се подготвуваат за лабораториско испитување на технологијата, која ќе и овозможи на Земјата да добива електрична енергија, генерирана од орбиталните енергетски блокови.

Електроцентралата ќе се состои од 40 вештачки сателити, опремени со сончеви батерии. Генерираната електрична енергија ќе биде испраќања на површината на Земјата со помош на електромагнетски бранови. Сигналот ќе го прима огромно „огледало“ со дијаметар од три километри, кое ќе биде поставено во пуст океански регион.

Предноста на орбиталната сончева електроцентрала е во тоа што таа не зависи од временските промени. Според авторите на проектот „Соларборд“ таа ќе работи десет пати поефикасно од другите електроцентрали.

Планирано е првиот сателит од системот пробно да биде лансиран во 2016 година. Според првичните проценки целиот проект вреди повеќе од 24 милијарди долари.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Грешиш брат, Шпанија, Португалија и Грција најповеќе ги погоди кризата. Па и Хрватска која е исто многу задолжена. Зашо развиениот туризам не ги спаси? Држави кои зависат од услужните и угостителските дејности се сега на милост и немилост на европските институции.

Кога е криза братче никој не гледа аква паркови, сите прво гледаат да се прехранат, земјоделието.

Е сега друго е што земјоделските производи слабо котираат и слабо им се зголемува цената на странските пазари така да како шо течат годините еден автомобил треба да се разменува со се повеќе кила пиперки и шишиња вино. Но, побарувачката за храна страшно ќе порасне во наредните децении, а имаме ниви цел балкан да го храниме.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Во услови на криза БДП-то на Кина расте годишно со најмалце од 9%.
Дали имаш претстава зошто расте???? Намерна девалвација на нивната валута од нивна страна.
Сега почнуваат да се чуствуваат и последиците од толкавиот раст во последните години. Кина има големо дуплирање на производните капацитети и голем дел од нив ке останат неискористени за џабе фрлени пари. Илјадници фабрики, хидроцентрали, кои се веќе изградени нема да можат да бидат искористени бидејќи се нерентабилни.
Дали има Кина здравствен систем?
Нема. Зошто?

Бидејќи со немањето на здравствен систем луѓето се приморани целиот свој доход да го штедат(за недајбоже црни случаи, бидејќи тоа здравство што го имаат е скапо и многу над нивниот стандард), што од друга страна овозможува банките да имаат огромни депозити и да пласираат ефтини кредити за изградба на што ти душа сака. Ке видиме наредниве години дали ке има толкав годишен раст. Види какви права имаат луѓето во Кина и тука.

Ако веќе си запнал за кредит од 2милијарди еве ти друга идеја.

Светско или Европско првенство во фудбал. Заедно со Филип плус зголемување на капацитетот на уште еден стадион, и изградба на 5-6 нови стадиони по европски стандарди. Агресивно лобирање и добивање на одржување на СП или ЕП. Тоа трае околу еден месец и ке имаш минимум милион посетители одеднаш. Ке се исполнат сите хотелски и сместувачки капацитети, ке се троши храна на големо и пиво исто. Сите посетители ке бидат сместени во различни градови, тоа може да се искористи за маркетинг и промоција на Македонската култура, историја и традиција, традиционалните Македонски производи(ракија, вино, ајвар и многу, многу други), веднаш тури по сите историски места и туристички места. Плус и нашата репрезентација ке биде директно квалификувана на некое големо натпреварување. Ако не бива така може и да организираме заедничко СП или ЕП со Србија или некој друг од комшиите. Проблем е само отпосле поеќето стадиони ке останат празни, но може да се искористат и за други работи, младински светски и европски првенства и други работи.

Остај го аква паркот, ке не потопе сите.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Боби[Мкд];4044415 напиша:
Грешиш брат, Шпанија, Португалија и Грција најповеќе ги погоди кризата. Па и Хрватска која е исто многу задолжена. Зашо развиениот

туризам не ги спаси? Држави кои зависат од услужните и угостителските дејности се сега на милост и немилост на европските институции.

Кога е криза братче никој не гледа аква паркови, сите прво гледаат да се прехранат, земјоделието.

Е сега друго е што земјоделските производи слабо котираат и слабо им се зголемува цената на странските пазари така да како шо течат годините еден автомобил

треба да се разменува со се повеќе кила пиперки и шишиња вино. Но, побарувачката за храна страшно ќе порасне во наредните децении, а имаме ниви цел балкан да

го храниме.
Хрватска е банана држава исто како нас, знаеш ли ти дека само за да ги прехрани туристите Хрватска троши 6 милјарди евра на храна, од таму им е и големиот буџетски дефицит.
Само земји во развој ја базираат својата економија исклучиво на природните ресурси(нафта,гас,руда) и туризам.

Земјоделието и туризмот треба да бидат отскочна даска/старт, а никако р'бет на нашата економија.
Електронски гаџети,медицински апарати,иновации во автомобилската ундустрија,софтвер.... наука со дуруги зборови на тоа треба да се базира нашата економија.

Се што треба Грујо е да земе пари од кај Арапите/Кинезите и да го формира македонскиот пандан на General Electric.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Уште нешто, прашање до сите неверници во оваа идеја.

Да има вакво нешто во Германија (аква парк со невидени лудории вреден 2 милјарди евра) искрено кажете ми, дали би отишле да го посетите (под препоставка дека повратен авионски билет со некоја нискобуџетна компанија е 70 евра)?
она што досега не сте го сватиле е дека со планирана инвестиција од 2 милиарди евра, во нај добар случај ке добиеме аква парк од 1 милијарда... другата ке ја лапнат господата од власт кои и да бидат тогаш на власт... проверено до сега милион пати... градска плажа за 5 камиони ситен песок, 50 метри железо, кубик даски и 10 кантички боја и 12 маси дрвени со столчиња од нај низок квалитет, како и 10 пластични лежалки од по 20 евра комад на пластичарска, 100.000 евра отидоа... според моја пресметка целиот зафат не кошта повеке од 25-30.000.. понатака за бисти и споменици од нај низок квалитет на бронза од по 500- 600.000 евра по комад за шмизлите, чистачите и незнам што па нагоре... и такви слични “проекти“ од власта... ни сдсм не беше поарен во тоа време ама сега дискутираме за оваа власт... ако муабетов беше за сдсм додека е на власт други примери ке дадевме...

нормално, после ке треба да се тродуплираат казните по било кој основ за да моѓе администрација да се прехрани додека лугето гратис се возикаат низ тобоганите и додека се брчкаат во водата... да не ги заборавиме и моментите на тоа дека друга локација за такво нешто нема освен на охридско езеро... што правиме сега со историјата на охридон наш насушен? кој ке иде после во охрид да плаќа по 500 денари за нескафе, послужено на искована даска од пред 30 години наречена клупа во тоа време? ке плаќате ли после по 100 денари саат за паркирање на охриѓаните?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@онак постот ти е сосем на место но мораш да сватиш дека секој старт е тежок.
Мораме од некаде да почнеме.

Ако се туфкаме, времето ќе минува, а ние се повеќе и повеќе ќе тонеме...
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Хрватска е банана држава исто како нас, знаеш ли ти дека само за да ги прехрани туристите Хрватска троши 6 милјарди евра на храна, од таму им е и големиот буџетски дефицит.
Само земји во развој ја базираат својата економија исклучиво на природните ресурси(нафта,гас,руда) и туризам.

Земјоделието и туризмот треба да бидат отскочна даска/старт, а никако р'бет на нашата економија.
Електронски гаџети,медицински апарати,иновации во автомобилската ундустрија,софтвер.... наука со дуруги зборови на тоа треба да се базира нашата економија.

Се што треба Грујо е да земе пари од кај Арапите/Кинезите и да го формира македонскиот пандан на General Electric.
Па нели треба некој да произведе храна. Ете потенцијален пазар за нашите земјоделски производи. Македонската економија моментално има капацитети само за земјоделството. За понатаки ке видиме.

Постот на онак е сосема на место. Господата од власта ке ја преполоват инвестицијата.
Да се надоврзам. Ако се изгради аква паркот ке се гради максимум година две. Државата ке даде на тендер изградба, ке си одбере своја фирма по екстра цени и ке открадне уште малце. Потоа ке даде уште еден тендер, и повторно ке си одбере своја фирма за одржување и сервисирање на аква паркот и ке поткрадне уште малце. Потоа ке даде тендер за добавувач на различни производи(пијалоци и храна), и повторно ке си одбере нивна фирма и ке открадне уште малце.

Значи најголема корист од оваа инвестиција би имале 7-8 луѓе кои на незаконски начин ке добијат легален бизнис и ке млатат пари на големо. Потоа владата ке си исплати бонус за себе, за добро завршена работа.

Аква паркот ке вработува најмногу 300-400 луѓе. Дали и толку ке вработува. Тоа се исто толку фамилии, по 4 во секоја фамилија тоа се максимум до 1200-1000 луѓе. 2 МИЛИЈАРДИ инвестиција само за подобрување на состојбата на 1000 луѓе е залудна. Плус сите туристи што идат ке остануваат 2-3 дена максимум. Со себе не носат ништо, не плаќаат царина ништо. Само сместување, и се трошат во аква паркот, повторно кај оние 7-8 луѓе, кои со власта избегнуваат плаќање на данок и со тоа ја задолжуваат Македонија за наредните 50 генерации. Потоа казните ке рипаат за да ја прехранат огромната и непотребна администрација, ке се задолжува Македонија со нови кредити, ке расте јазот помеѓу сиромашните и богатите.
На крај ке испадне само странците ке се рекреираат во аквапаркот, а ние ке гледаме отстрана и ке ни течат лиги, а потоа ке одиме во некоа од нашите загадени реки за таму да се разладиме во жешките летни денови.

И плус аква паркот ке работи само во лето, 3 месеци од цела година, и вработените ке бидат хонорарци 3 месеци работат 9 не. Не ти е измислена идејата добро.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
@онак постот ти е сосем на место но мораш да сватиш дека секој старт е тежок.
Мораме од некаде да почнеме.

Ако се туфкаме, времето ќе минува, а ние се повеќе и повеќе ќе тонеме...
а колку време ние стартуваме више? 2 децении пројдоа и сеуште шлајфуваме, никако да тргнеме... од што е нагорно, шлајфувајки и наназад се враќаме... се додека политичарите гледаат на фотељата на власт како решение за нивно финансиско спасение за себе и неколку поколениа посебе, државава ке оди наназад... токму тоа се случува цело време кај нас... крацдење, крадење и само крадење... мислам, се уморив више од зборење...нема да дрндам веке ништо.. џабе се објаснуваме тука, секогаш било и за секогаш ке остане исто дека народов е напатен, а партиските војничиња секогаш ке уверуваат дека се е во ред и дека така треба да биде, само вие не знаете дека е така... итоа е тоа, партиски директиви... наместо да се обединиме и мама да расплачеме на тоа политичарите ние ке се јадеме меѓу себе... македонЧЕНЦЕНЦЕНЦЕ секогаш било глупо, такво и ке си остане засекогаш и во вечни векови АМИН! се додека не го снема, а и тоа ке се деси кај и да е...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Инвестиција во психијатри, народов мака си има со главата. Првин да се среди начинот на размислување на Македонецот да прекине да биде толкав роб и газолижач, да развие малце емпатија, сложност и да израсне кичма . После се по ред ќе се среди.

Ама како што иде работава изгледа ќе не експлатираат повеќе и од афрички црнци и одозгора ќе бидеме среќни и благодарни за тоа
ЕМПАТИЈА тоа е она што ни фали дефинитивно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom