Не сум знаел од декар обработлива земја се земало 20 000 месечно, ниту од старо железо и шишиња се заработувало по 20 000, исто така земање додаток за огрев од државата дека бил 20 000
Еве пример
Го обжаливме решението затоа што мојот син е трајно неспособен за работа, со најтешки облици на хронично заболување. А зошто ја запреа минималната парична помош, не знаеме - вели таткото Мите Кедеров.
Мајката на Марјан вели дека тие 3.000 денари едвај биле доволни да ги набават скапите лекови, но им биле добредојдени, зашто тие се осумчлено семејство што егзистира од земјоделство.
Братот Горан се сомнева дека се работи за политички притисок, бидејќи пред локалните избори, во март, ги посетиле емисари на ВМРО-ДПМНЕ и им предочиле дека ако сакаат и понатаму неговиот брат да прима социјална помош, да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник.
Од Центарот за социјални работи во Струмица ги отфрлаат ваквите обвинувања и велат дека воопшто не се работи за политички притисок, затоа што Марјан правото за парична помош го загубил уште во 2007 година, кога наполнил 26 години, а не по изборите годинава.
- Треба да поднесат документи за постојана или континуирана парична помош, што е друга категорија - вели директорот Кире Поп Трајков.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82491025251&id=9&prilog=0&setIzdanie=21771
Хронично болен заработува 20 000