Државата скинува социјална помош - уште колку време остана до банкрот?

Доказ дека тие што земаат социјална помош возат џипови

Пошто кратењево на помош повеќе ми делува како знак за немање пари

Уште колку до банкрот?

Уште 20 сантима да влезе и банкрот сме..:tapp:

Државата и треба да скине социјална помош на тие што неправилно ја земаат, законот е многу јасен Лупос, земаат и тие што треба и што не треба, се прави голема манипулација , се оштетува буџетот, и не дроби дека ако ги кинат неправедните од социјална државата е банкрот.. На ангро се дроби политички овде..без никаква основа

И изворот ти е многу јак, во уводот..Зоран Заев.. човекот кој јадеше живо човечко месо ...охохохо
 
Само во Македонија тоа е можно, луѓето гледаат на било каков начин и од било каде да соберат приходи (значи работи на црно за 150-200Е, се води на заводот за 4000 до 5000 денари, плус социјална помош плус работат некое земјоделие уште 200-300Е во месецот), и после оделе во Грчка на одмор или подигнуваат кредити на нивните деца скутери да им купат или возат џипови(има и такви) а се жалат дека немаат леб да јадат. Добро е што се скинува социјалната помош на тие што не им треба ќе останат повеќе пари за тие што им требаат.
Баш напротив, тие не ги зимаат парите на тие што не им треба, затоа што тие имаат врски во социјално, тие ги зимаат парите на тие што им треба за да платат и купат основни работи за живот. Според мене собирање на пластични шишиња или старо железо не е работа, а оваа влада социјалното го одзема баш од такви случаеви кои собираат шишиња или железо.
 
Најверојатно не треба да собираат железо и слично или да имаат други приходи ако сакаат социјална помош.
Плус, за секој приход треба да се плаќа данок на државата.
Оние кои се вработени не се будали да им се одзема за плата и да оди во некој заеднички фонд.
Инаку ај да нема даноци, па кој како се снајде.
И на мене ми е скурчено пола плата на глупости кои нема можеби никогаш да ги видам да ми оди.
 
Кој нормален што заработува добро би се чепател за 20 евра месечно по институции ?

sense.jpg

Брат незнаеш какви луѓе има,алчен народ,гледа што повеќе да зграби.
Од таквите на тие што навистина им е потребна помош неможат да дојдат на ред... Лично знам луѓе со 20 000 плата што земаат социјално..
 
Најверојатно не треба да собираат железо и слично или да имаат други приходи ако сакаат социјална помош.
Плус, за секој приход треба да се плаќа данок на државата.
Оние кои се вработени не се будали да им се одзема за плата и да оди во некој заеднички фонд.
Инаку ај да нема даноци, па кој како се снајде.
И на мене ми е скурчено пола плата на глупости кои нема можеби никогаш да ги видам да ми оди.
Никола, сигурно на луѓето не им се доволни иљада денари од социјалната помош, затоа и собираат шелезо и пластични шишиња. Мислам дека тоа е далеку од некоја работа во приватна или државна институција. Тој од тие шишиња и железо собере уште иљада денари во месецот. А дали нешто и смета на владата ако собира некој железо, за да му ја скрати социјалната помош? :)
 
Брат незнаеш какви луѓе има,алчен народ,гледа што повеќе да зграби.
Од таквите на тие што навистина им е потребна помош неможат да дојдат на ред... Лично знам луѓе со 20 000 плата што земаат социјално..
Па кажи го бе со име и презиме кој е тој што зима плата 20 000 денари. и зима и бара соцјално све да му ебам да му заебам,ајде одма да го кажеш а и можеш да го фотографираш од дистанца да го видиме сите тоа гомно од човек
 
Да, не би требало да имаш приход било каков за да добиваш социјална помош.
Исто така може и да те казнат затоа што не си вработен а шиткаш железо со непознато потекло.
 
Каков наслов:pos2: Инаку не ги читав коментарите на сите па можеби и повторувам некого.
Тоа што им се укинува социјалната помош на луѓе кои што работат а не се пријавени - е знак на банкрот? Или знак дека државата заликува на држава во која владее правото? Па наместо да земаат тие што си заработуваат (и кои ја добиле којзнае на кој начин), може да им се накачи социјалната помош на тие кои НАВИСТИНА им треба.
укинување на социјалните пари за најсиромашните.
Не им се укинува на најсиромашните, туку на оние кои покрај социјална помош си имаат други приходи. Значи огромен дел од нив не се сиромашни - далеку од тоа. Како што кажав, после ова може слободно да следи накачување на социјалната помош кои ја добиваат најсиромашните, или подобрување на било кој друг сектор со тие пари. Крај краева, дури и ако има семејства кои се навистина сиромашни а имале некаков приход(иако верувам дека само мал дел од нив се такви), тоа што се сиромашни не им дава право да ги кршат правилата на кои самите се сложиле, не?
Кажи ми само си пробал да живееш со 2000 денари месечно?
За да има буџет да добиваат повеќе од 2000, треба да се скрати на оние кои земаат 20.000 плата+2.000 социјална помош.
дел од нив работеле како сензонски работници ( пази сезонски) за неколку стотина денари дневно.
И јас со моето семејство работиме сезонски, па некако се крпи. Не се стотина денари дневно - не си упатен а зборуваш. 1.000+ дневно се (во источните краишта можеби 200-300 помалце - што е нивна кривица). Утовар-растовар се рачуна на тон и се добива по 100 денари од тон (ако не треба да се дига високо, инаку поскапо е) - 15 тона - 1.500 денари... земјоделство - на час, 1 час = 100 денари... а се работи по 11 со 1 час пауза (доручек и ручек).

Уште 20 сантима да влезе и банкрот сме..:tapp:

Државата и треба да скине социјална помош на тие што неправилно ја земаат, законот е многу јасен Лупос, земаат и тие што треба и што не треба, се прави голема манипулација , се оштетува буџетот, и не дроби дека ако ги кинат неправедните од социјална државата е банкрот.. На ангро се дроби политички овде..без никаква основа

И изворот ти е многу јак, во уводот..Зоран Заев.. човекот кој јадеше живо човечко месо ...охохохо

Некои гревови што збираат старо железо и аргатуваат сезонски ти се проблем и буџетот го оштетуваат според тебе ама не се проблем скопје 2014
Па одозгора дрско лепиш етикети . Ојт таму у штаб

BTW знам дека било која власт не ги чепка социјалци па мајка јана да е
Тоа значи едно нешто БАНКРОТ СМЕ !
Никој не сака да изгуби 40 000 до 50 000 гласови
 
Koнкретно Струмица...Ромите земаат во огромен процент социјална помош.
Истите тие луѓе, се разбира не сите, туку еден убав дел од нив, продаваат некоја шврецувана роба по улиците, дел од нив продаваат и за други, откупуваат стари возила за 5-6000 ден. и ги продаваат по отпади (оној дел со старото железо).
Исто така, еден дел и сечат дрва со оние импровизираните дрвосечачки на база на Трабант или Вартбург, и секако, сето тоа е непријавено како приход, а први се во Центарот за социјални грижи од каде земаат и социјална помош, која, рака на срце е смешна сума пари.
А, ги има и оние на кои навистина им треба социјална помош...а таквите обично не ја добиваат, што заради неукост сами да ја побараат, што заради негрижата на системот, и во огромна мера заради овие наведените погоре.
Во Струмица, да ти дојде ѓуптинот да ти копа по дворот или што и да било физичка работа, бара 500 денари на ден...а можеш да се договориш и за 300.
Да не го спомнувам и тоа дека во време на избори кај нив масовно се делат зејтин, шеќер...им се простува неплатена вода...а, се разбира, по добиени избори и не се ни плаќа истата, никој не се замара дали нивните живеалишта се дивоградби или сл.
Затоа...и не се баш како за социјална помош. Не дека имаат за некој среден живот, ама и далеку од социјалци се...
 
Каков наслов:pos2: Инаку не ги читав коментарите на сите па можеби и повторувам некого.
Тоа што им се укинува социјалната помош на луѓе кои што работат а не се пријавени - е знак на банкрот? Или знак дека државата заликува на држава во која владее правото? Па наместо да земаат тие што си заработуваат (и кои ја добиле којзнае на кој начин), може да им се накачи социјалната помош на тие кои НАВИСТИНА им треба.

Не им се укинува на најсиромашните, туку на оние кои покрај социјална помош си имаат други приходи. Значи огромен дел од нив не се сиромашни - далеку од тоа. Како што кажав, после ова може слободно да следи накачување на социјалната помош кои ја добиваат најсиромашните, или подобрување на било кој друг сектор со тие пари. Крај краева, дури и ако има семејства кои се навистина сиромашни а имале некаков приход(иако верувам дека само мал дел од нив се такви), тоа што се сиромашни не им дава право да ги кршат правилата на кои самите се сложиле, не?
За да има буџет да добиваат повеќе од 2000, треба да се скрати на оние кои земаат 20.000 плата+2.000 социјална помош.

Не сум знаел од декар обработлива земја се земало 20 000 месечно, ниту од старо железо и шишиња се заработувало по 20 000, исто така земање додаток за огрев од државата дека бил 20 000

Еве пример
Го обжаливме решението затоа што мојот син е трајно неспособен за работа, со најтешки облици на хронично заболување. А зошто ја запреа минималната парична помош, не знаеме - вели таткото Мите Кедеров.

Мајката на Марјан вели дека тие 3.000 денари едвај биле доволни да ги набават скапите лекови, но им биле добредојдени, зашто тие се осумчлено семејство што егзистира од земјоделство.

Братот Горан се сомнева дека се работи за политички притисок, бидејќи пред локалните избори, во март, ги посетиле емисари на ВМРО-ДПМНЕ и им предочиле дека ако сакаат и понатаму неговиот брат да прима социјална помош, да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник.

Од Центарот за социјални работи во Струмица ги отфрлаат ваквите обвинувања и велат дека воопшто не се работи за политички притисок, затоа што Марјан правото за парична помош го загубил уште во 2007 година, кога наполнил 26 години, а не по изборите годинава.

- Треба да поднесат документи за постојана или континуирана парична помош, што е друга категорија - вели директорот Кире Поп Трајков.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82491025251&id=9&prilog=0&setIzdanie=21771

Хронично болен заработува 20 000
 
Некои гревови што збираат старо железо и аргатуваат сезонски ти се проблем и буџетот го оштетуваат според тебе ама не се проблем скопје 2014
Па одозгора дрско лепиш етикети . Ојт таму у штаб

Ja не реков сите 100% што зимаат социјална, не зимаат оправдано...него дека има многу што не треба да зимаат.. А и тие што збираат старо железо и крадат капаци од шахти , треба да фатат попаметна работа,да копаат канализација а не да крадат бакар и шини,тоа се воглавно роми, ама они се познати по тоа што се тешки неработници
 
Не сум знаел од декар обработлива земја се земало 20 000 месечно, ниту од старо железо и шишиња се заработувало по 20 000, исто така земање додаток за огрев од државата дека бил 20 000

Еве пример
Го обжаливме решението затоа што мојот син е трајно неспособен за работа, со најтешки облици на хронично заболување. А зошто ја запреа минималната парична помош, не знаеме - вели таткото Мите Кедеров.

Мајката на Марјан вели дека тие 3.000 денари едвај биле доволни да ги набават скапите лекови, но им биле добредојдени, зашто тие се осумчлено семејство што егзистира од земјоделство.

Братот Горан се сомнева дека се работи за политички притисок, бидејќи пред локалните избори, во март, ги посетиле емисари на ВМРО-ДПМНЕ и им предочиле дека ако сакаат и понатаму неговиот брат да прима социјална помош, да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник.

Од Центарот за социјални работи во Струмица ги отфрлаат ваквите обвинувања и велат дека воопшто не се работи за политички притисок, затоа што Марјан правото за парична помош го загубил уште во 2007 година, кога наполнил 26 години, а не по изборите годинава.

- Треба да поднесат документи за постојана или континуирана парична помош, што е друга категорија - вели директорот Кире Поп Трајков.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82491025251&id=9&prilog=0&setIzdanie=21771

Хронично болен заработува 20 000
Крај краева, дури и ако има семејства кои се навистина сиромашни а имале некаков приход(иако верувам дека само мал дел од нив се такви)
Значи не велам нема такви-велам има, ама малку. Од декар обработлива земја немаш потреба да купуваш грав, патлиџан, краставици, пиперки, кромид, лук, компир... барем сега живеам во село-знам како е.
Од старо железо можеби сега и нема некоја пара, но оние кои фатија од почеток со тоа да работат - се офајдија за наредни години. 1 Каросерија од кола (од реките) оди по 3-4.000 денари, рамки од машини за перење и слични работи... заработуваа дневно по 7-8.000 минимум. А и сега, месечно под 7-8.000 не се, биди сигурен.
А еве ти друг случај (на кретен).
Познаник мој зеде пиштол, си ја испука ногата и зема инвалидска пензија за цел живот. Во меѓувреме, има комбе и таксира секој ден. Оние од Тетово го знаат и најверојатно знаат за кого зборувам. И дали е во ред сега овие случаи кои ете, колку толку имаат приходи, да земаат иста парична помош како луѓе кои воопшто немаат приходи? Кога тие пари можат да се додадат на ваквите луѓе?

На 11 000 луѓе им е скратена помошта сакаш да кажеш дека повеќето од нив имаат повеќе од потребното пари?
( пази има снимка од дел од тие луѓе кои протестираат)
 
Најверојатно не треба да собираат железо и слично или да имаат други приходи ако сакаат социјална помош.
Плус, за секој приход треба да се плаќа данок на државата.
Оние кои се вработени не се будали да им се одзема за плата и да оди во некој заеднички фонд.
Инаку ај да нема даноци, па кој како се снајде.
И на мене ми е скурчено пола плата на глупости кои нема можеби никогаш да ги видам да ми оди.
Никола да те вида тебе живи со 2000 денари Социјална помош.
Ти бе да земаш 2000 денари Социјална помош е нема да собираш железа а???
Дај Никола еднаш прекини со глупавите Капиталистички пропаганди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom