Македонски стрип автори и стрипови

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Иако се повеќе и повеќе се зголемува бројот на Македонците коишто го користат стрипот како медиум за свое уметничко изразување, сепак во јавноста не се знае многу за нив.

Би сакал темава да послужи за промоција на македонските стрип автори и на нивните дела

(не на стрипови од странски автори преведени на македонски јазик!)

--------------------

Владо Јаневски


Владо Јаневски е Македонец којшто живее во Австралија. Тој е автор на стрип каишот Bromos World во којшто главниот лик е неговиот мачор Бромо.

BromosWorld_LISB116sm.jpg


BromosWorld_LISB123sm.jpg


BromosWorld_LISB128sm.jpg


BromosWorld_LISB117sm.jpg


Стрип каишите за згодите и незгодите на Бромо и неговите пријатели, можете да ги читате на неговиот блог http://bromosworld.blogspot.com/

Друг негов стрип кој почна да го објавува од неодамна е Flakeday. Главнот лик во него е самиот автор.

flakeday005sm.jpg


flakeday006sm.jpg


Истиот можете да го најдете на блогот http://flakeday.blogspot.com/

Освен што се занимава со стрип, тој исто така слика и е автор на книга.
 
Фацизам - стрип на Антонио Аранѓеловиќ и Филип Алексовски, попознати како Тонио Сан и Кинг Физе. Промоцијата беше скоро, но за жал не можев да ја посетам. Се надевам дека наскоро ќе го најдам стрипот. Ако некој веќе го има прочитано, нека сподели мислење.
Еве едно интервју на авторите каде што објаснуваат повеќе околу тематиката, техниката на цртање, идејата, насловот и слично.
 
Никола Темков

Никола Темков е стрип цртач и илустратор. Црташе (можеби сеуште црта) за еден канадски онлајн стрип наречен League of the Aquatic Heroes.

Еве два негови кратки стрипови работен според сценарио на Јовче Крстителче (преработка на македонски народни песни)

Oda%2Bza%2Bherojot-small.jpg


More_Sokol_Pie1-1.jpg


Повеќе негови дела можете да видите на блогот http://temnik.blogspot.com/

--- надополнето ---

Еди, каде си ти?

Најдоброто е секогаш на крај :)
 
Пратам стрип, доста одамна.
Македонскиов не е кој знае што ама кога ќе се земат во предвид условите и степенот на развој на нашиот стрип, добро е што е и толку добар колку што е.
Ги имам скоро сите македонски стрип изданија (тука не ги рачунам стриповите за Тоше или пак оноа Мак стрип ли како се викаше).
Ги имам сите Клик-ови и Лифт-ови што излегоа, а ги имам и сите (три броја) ова новово шареново, како и да се викаше ме мрзи да станувам да видам (+ и Маргините во кои имаше нешто објавено).

Значи од кај 90-ти до сеа, IMO вредат Gorand и неговиот антијунак Копиљ, како и The Мичо со разни негови заебанции. За овие двајца артисти би можело да се каже дека горе доле исполнуваат некои мои минимуми за стрип (композиција, текст). А и хуморот им е на ОК ниво.
Другите помалку или повеќе немаат осет за композиција, хумор или некои пак едноставно не знаат да цртаат. А и повеќето се прилично претенциозни, што не е добро во никоја уметност.

Овој австралиецов е добар. Цртежот му е ОК, композиција супер, само малку да поработи на хуморот (мада тоа е нешто на што не можеш да поработиш, колку ти дал Господ - толку).

Додека овој вториов е лош. Цртежот може да помине, ама идејата и сценариото :tapp:

--- надополнето ---

P.S. овоа Фацизам уште не ми дошло до раце.
 
Овој австралиецов е добар. Цртежот му е ОК, композиција супер, само малку да поработи на хуморот (мада тоа е нешто на што не можеш да поработиш, колку ти дал Господ - толку).

Додека овој вториов е лош. Цртежот може да помине, ама идејата и сценариото :tapp:


Под "овој вториов" мислиш на Никола Темков и Јовче Кристителче така?

Па баш и не би се сложил со тебе за сценариото. Од краток стрип од една табла и не може да се очеква којзнае што. А башка и со "Ода за Херојот" Крстителче освои награда за најдобро сценарио на Стрип Салонот - Велес за 2008 година.
 
Гледам го спомнавте Фацизам, добар стрип е го купив првиот број, само што тој стрип се продаде само заради Антонио Аранѓеловиќ кој пто е ете да речам познат рапер па стриповите ги купуваат луѓе кои што не дека нешто многу сакаат стрипови туку дека се негови ! Али ете боље ишта него ништа ! :)
 
Абе и Игл или Јелоу Кид* да добил, според мене сценариото е лошо. Идејата за преработка на народни песни не е лоша. Но, како и секоја идеја во уметноста, потпаѓа под неприкосновеното правило: "Не е битно што правиш туку како тоа го правиш".
Кога не би бил толку буквален стрип "преводот", кога би било барем малку стилизирано, малку барем да додал некој свој оригинален аспект во стрип трансформацијата на песните.
Јас на пример не би одел така наивно - буквално да ги претставувам стиховите.

Во секој случај сето ова е мое лично мислење. Субјективно.


* ваљда знаеш што се тие...
 
Александар Сотировски

Александар Сотировски е еден од најдобрите македонски илустратори и стрип цртачи. Се сеќавам уште пред петнаесетина години неговите илустрации го красеа Илустриран Забавник. Во истото списание имаше и два негови кратки стрипчиња за глувчето Ставре и за пештерскиот човек Смиле.

Негови илустрации може да се најдат и во Политикин Забавник

Еве нешто од него:

A-p21.jpg


A-p25.jpg


Повеќе за овој автор на неговиот блог http://aleksandar-sotirovski.blogspot.com/
 
Да, овој е добар. Не му е стилот кој знае колку оригинален, али занаетски е одличен. Све му е по "правилу и прописима". Тоа е доволно.
 
Игор Јовчевски

Еден од најдобрите илустратори и стрип цртачи од Македонија. Да не го тупам многу еве еден негов стрип, а кој сака да прочита нешто повеќе за него - КЛИК

Straza%2B01.jpg


Straza%2B02.jpg


Straza%2003.JPG


Ова е неговиот блог http://igorcomics.blogspot.com/
 
Матеј Богдановски - Кшшц

Стрип за поинакво Скопје

izlozba-matej-bogdanovski-1.jpg
 
Слика некоја од ова има? ^

76457_1654672563146_1127015389_31828656_5629969_n.jpg


76457_1654672723150_1127015389_31828660_890658_n.jpg


148998_1654677083259_1127015389_31828666_7078972_n.jpg


--- надополнето ---

Дарко Богданов е млад македонски стрип автор, сториборд цртач и илустратор. Има завршено средно уметничко училиште во Скопје и ликовна академија Во Софија, Бугарија.

Добитник е на втора награда на Стрип салонот - Велес во 2008 година, а има учествувано и на други стрип салони (Лесковац, Белград). Неговите дела се објавувани во Стрип Арт и Креатор.

vreme%20na%20odluki%201%20del.jpg


vreme%20na%20odluki%202del.jpg


vreme%20na%20odluki%203del.jpg


Две страни од адаптација на приказна од браќата Грим (вкупно 36 страници), нарачана од бугарски издавач.

15.jpg


4.jpg


Повеќе на неговиот блог http://darbog-darkmore.blogspot.com/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom