GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Каде да го симнам филмот и македонски/српски превод за него?
 
Види тоа во филмов е сосем небитно. Не е направен филмов за пропаганда. Ова е класична Ден Браун финта во филмскиот свет.
Јасно е тоа,туку нели искоментираа некои членови за тоа дека утка е тоа што е Исус,па да се надоврзам на муабетот.:)))

Мене ми се допадна филмот,глумата не беше баш на ниво,како што кажавте,но приказната ми беше доста интересна,а и раскажувањето на Џон ме заинтересира се повеќе и повеќе како поминуваше филмот.Со мал буџет,сепак направија доста добар филм,што е за пофалба.
 
Па ако тој е Исус,значи цела библија паѓа у вода,така да фактот дека бил роден од Марија и се` друго што пишува во неа е лага,за чудата кои ги правел и сл,како што кажа тој бил ученик на Буда и сакал да го шири тоа што го научил од него,но луѓето малце ги испревртеле работите..the things got out of control и така се создало христијанството. :toe:

Да де. Заради тоа и жената која беше голем верник во филмов толку се потресе и почна да плаче.
 
Јас пак мислам обратно. Повеќе ќе се прашувавме дали лажеше, дали е вистина или она третото неизбежно на кое 90 % од филмските приказни се вадат - лудило.
Тоа ќе беше исто како со Инсепшн.
Се зборуваше цело време за тоа дали останал во лимбото или е во реалниот свет оти нели на крај тотемот сеуште сеуште се вртеше
(во спојлер за секој случај да не има уште некој шо го нема гледано филмов)
Ама мислам дека овој филм ќе беше промашување ако останеше на тоа оти ретки ќе беа тие што ќе помислеа дека ја зборувал вистината баш поради сето тоа со Буда и со Исус. Затоа и според мене овака беше подобро кога на крај се разјасни дека не ги зафркавал или дека не бил луд туку цело време ја зборувал вистината.
 
Аналогно на ова треба и филмов да ти биде досаден, да беше некоја сапуница да те разберам ама за филмов тешко.

Сеа ти мене ќе ми кажуваш дали еден филм мене ми е досаден или не?
Реков, баш ми беше интересен. Темите што ги зборуваа улогите не беа од филозофски аспект па да ми се досадни.
 
Филмов многу ми се допадна.Обожавам вакви филмови.Уште од почетокот верував дека не лаже.И веројатно така и испадна на крај.
 
Сеа ти мене ќе ми кажуваш дали еден филм мене ми е досаден или не?
Реков, баш ми беше интересен. Темите што ги зборуваа улогите не беа од филозофски аспект па да ми се досадни.
И ти си во право кој што сака тоа ќе види ви филмот, но сепак постои и друга страна што товјата незнам како да ја наречам одбивност спрема филозофијата не сакала да ја види и филмот и ти останал недогледан. :pos2:
 
Филмов дозволува да се разгледа целата работа со религиите(ги потенцирам нив, бидејќи поголемиот дел од приказната се вртеше околу нив), уште од самиот почеток, праисторијата и како всушност човештвото и историјата се развивала, на подруг начин од она што на нам ни е презентирано, во учебниците по историја, во самата библија.
Токму и затоа таа професорката која беше најголем верник од сите, беше најпотресена и не сакаше ни да продолжи да слуша.
Бидејќи сето тоа што го збореше типот, се косеше со она во кое таа верува и она што се пропагира за Исус, Буда или било кој.
Мислам дека постоеше простор, професорите да не фрлат толкав акцент на религиозните прашања.
За глумата да не правиме муабет, посебно ми дојде во еден момент смешно, како реагираше момата на целата ситуација, на неговото заминување, буквално на се.
Делот со таткото и неговото откривање е вметнат, за да минимално бар, не увери во вистинитоста на приказна, дека не е само bedtime story
Во секој случај, на гледачот останува дали ќе верува или нема да верува во целата приказна.
Ама сигурна сум дека ниеден не може да остане рамнодушен на живописното раскажување до детали за самата човекова еволуција.
It makes you think:)
 
Прво едно браво за тоа што ви текна да го ставите филмот...
Го изгледав откако двајва ми кажаа дека бил многу лош и си реков ќе утепам 2 саати да го гледам... не згрешив. За мене еден од најдобрите филмови со таква тематика... не се фаќајте за глумата, филмот е ептен нискобуџетен глумците се непознати, меѓутоа сценариото и приказната се феноменални за мене.
И не е дупка во приказната тоа што кажува дека он бил Исус, според приказната Исус не се родил, Џон бил Исус и дошол во Израел и да со тоа кажува дека Библијата не е у право (ако не сфативте филмот е атеистички малце).
Искрено крајот ме остави збунет, ни најмалку не го очекував тоа. И како и да е ќе ми беше криво да не го гледав филмот откако ми кажаа дека бил лош.
 
Како што почнавте и продолживте со ставање на "ваков" тип на филмови во дискусијава слободно може да се префрли темава во филозофија или религија :)
Пошто ми е тазе гледан да прокоментирам нешто.
Прво и основно бев многу скептичен во врска со филмов кога ја видов убиствената камера...
Второ глумата беше многу под нивото,тоа сите се сложуваме .
И трето околу приказната и поентата на филмот :
Добро луѓе кога почна филмов не можевте да процените дека ќе е еден од оние филмови кои на крајот ќе ве остават со прашањето "дали е или не е"? И повторно се фаќате во истата мамка,дискусијата ја сведувате на тоа прашање а не на она што е главна поента на филмов,а таа поента е за на друг подфорум.
И нешто околу таа поента- Некаде 2/3 од траењето на филмот е застапено во врска со религијата и некои учења. Само по себе филмов дава остра критика на нив.Но да видиме како-
Олдменов во една прилика истакна дека е Исус ,а тоа кај гледачите кои се религиски определени верувам дека ги наведе да помислат дека тоа претерано ,лага и целиов филм е недоволно убедлив . Но и тоа можеби имаше цел кај режисеров ,зошто верниците веруваат во одредена приказна искажана преку некоја догма а некое зборување кое неможе ни да се поткрепи но ни да се поништи го класифицираат како тотално срање . :)
 
Филмов е многу добар осмицата на ИМДБ е заслужена !!!

Не се согласувам дека е атеистички филмот !!! Да во филмот он кажува дека бил Исус ама после тоа нели има дискусија демек Бог му дал бесмртен живот , демек он ги зимал душите на другите и затоа живеел 14 000 години.
Мене ми беше интересна тематиката околу тоа дека Џон бил Исус !!!
Вака добро склопено сценарио немам видено од поодамна само подобро ќе беше крајот на филмот да не остави збунети !!!
Се согласувам за глумата од сите таму што беа само тој со брковите е актер другите немаат врска !!!

Филмов е снимен со 200 000 $ буџет ( Најверојатно за камерите отишле тие пари ) а е подобар до многу комерцијални мултимилионерски филмови.

Вреди да се погледне !!!
 
Филмов е многу добар осмицата на ИМДБ е заслужена !!!

Не се согласувам дека е атеистички филмот !!! Да во филмот он кажува дека бил Исус ама после тоа нели има дискусија демек Бог му дал бесмртен живот , демек он ги зимал душите на другите и затоа живеел 14 000 години.
Мене ми беше интересна тематиката околу тоа дека Џон бил Исус !!!
Вака добро склопено сценарио немам видено од поодамна само подобро ќе беше крајот на филмот да не остави збунети !!!
Се согласувам за глумата од сите таму што беа само тој со брковите е актер другите немаат врска !!!

Филмов е снимен со 200 000 $ буџет ( Најверојатно за камерите отишле тие пари ) а е подобар до многу комерцијални мултимилионерски филмови.

Вреди да се погледне !!!

Аман друже смири се не мора толку да се дереш до тука те слушнав, сфативме дека ти се допаѓа филмов МНОГУ! :smir:
 
Го гледав пред многу време. Еден од ретките ниско-буџетни кои ми го задржале вниманието, со одлична приказна, само не гледам за што би се дискутирало овде, се се`разјасни на крајот. Ајде.:)
 
Аи, еден од моиве омилени филмови. Значи, има тапа актерска екипа, ужасна камера, но има генијално сценарио кое ако би бил високо буџетен филм би направил огромен профит. И мора да признаеме, гласот на Олдменот е забеган, уште го памтам.:D

Околу приказната, цело тоа објаснување беше толку забегано и дури и на сред филм не оставаше во прашање дали е психички здрав. Но даде одлични објаснувања на се, што помислив дека сценаристот е стар толку.:P
Дека бил Исус не е непозната теорија, бидејќи неколку години од неговиот живот ги нема никаде. И ај, ќе ѕвони, немам време за пишување на широко.:)
 
Па така од една страна сакав да ги видам сите сцени кои што ликот ги изживеал а од друга страна можеби и грешам бидејќи филмот можеше да го изгуби својот шмек и се она што направи да ми се свиѓа.
Ако сакаш филм кај шо имат сцени од нарацијата на ликовите, гледај го The Fall или Big Fish, ќе ти се свиѓет и двата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom