Z
zmej gorjanin
Гостин
Значи да се разбереме, ако мислиш на зборовите на Алис дека во моментот кога имала сексуални фантазии за офицерот, тогаш нејзината љубов кон Бил станувала се понежна и пожална, ова повеќе го сваќам како сожалување на Бил а не безусловна љубов. Додека пак Бил во својот сон никогаш не ја помина црвената линија односно не ги прифати многуте понуди за секс иако ги сонуваше (што уствари значи дека и тој на некој начин ги посакувал), па дури и во сонот почна да плаче пред нејзе, што значи дека кај него постоела таа безусловна љубов. Од тој аспект ако ги анализираме двата лика тогаш Алис е таа која е попромискуитетна а Бил е поверниот, меѓутоа тоа нема никаква врска со поентата тука. Во реалноста, на првата забава и двајцата беа на праг да изневерат, но не го направија тоа, тука на дело се покажува нивната безусловна љубов. Она што сакам да го кажам е дека сепак постоеше љубомора и желба за прељуба, кај Алис тоа се манифестираше преку ситуацијата кога намерно му ги кажа своите сексуални фантазии за морнарот, а беше испровоцирана од помислата дека Бил имал секс со двете манекенки на забавата, додека кај Бил тоа се виде во неговите соништа, испровоцирани од сексуалните фантазии кои што му ги кажа жена му. Во тие соништа тој ја изживеја целата вечер и сите случки вклучени во таа вечер. Нивната љубов одсекогаш постоела и била силна, само што била малку подзаспана или недоволно возбудлива. Тоа може да се увиди во моментот кога Бил ја прашува Алис што треба да прават, таа му одговори - We should fuck.Не е желба за прељуба и за одмазда ,туку обид да се прекине љубовна врска,преку кратко задоволство и секс, што на крај и двајцата ќе сфатат дека нивните души се до тоа ниво поврзани ,што секој таков обид ,би имал контраефект ,односно би ги носел на уште повисоко ниво на љубовта (ова е принципот на взаемно снабдување со енергија кај двајца што се сакаат безусловно).
Како и да е we're missing the point here, сценариото на овој филм се базира на новелата Traumnovelle by Arthur Schnitzler или Dream Story. Сценариото од филмот е буквално ископирано од оваа новела. Мојата теорија е дека Стенли Кјубрик си нашол совршена приказна преку која на филм би ги опишал Илуминатите, и дека приказната со Илуминатите е всушност неговата скриена порака, поради што и не можеше самиот да го доврши својот филм, за што сметам дека и самиот бил свесен кога се нафатил да работи на овој проект.