Мислам дека премногу филозофски и генерално го истумачи филмов. Ова толкување може да се примени и за дузина други филмови со слични тематики. Суштината лежи во самиот наслов, Eyes wide shut или поточно сон. Главната финта во филмот е да определиш кога тој сон започнува а кога завршува. Ако се сеќаваш на разговорот помеѓу Бил и Алис, по забавата на која тие присуствуваа, Алис започна расправија околу флертувањето и поентата и беше да не биде толку сигурен во неа дека таа му е целосно верна. Притоа му кажа за фантазиите кои ги имала за одреден морнар кој го видела во хотел додека заедно биле на одмор, и дека доколку тој и понудел нешто таа би била спремна да изгуби се, и мажот и децата, макар и за една ноќ. Е ова е клучен момент во филмот, ова искажување на Алис всушност ја инспирира подсвеста на Бил кој започна да го сонува она што му се случуваше во текот на ноќта. А сонот започна точно во моментот кога заѕвони телефонот и Бил беше повикан да ја утврди смртта на некој негов пријател. Одтогаш Бил почна да добива разни понуди за секс и се уствари понатака се вртеше околу секс, тоа беше неговата подсвест која што беше полна со љубомора и желна за промискуитет, желна тој да спие со друга жена за да се одмазди за зборовите кои му ги кажа жена му. Постојат и други елементи кои укажуваат на тоа дека се работи само за сон. На пример кога пристигна на забавата на Илуминатите, проститутката Аманда го позна веднаш преку маска дека е баш тој, доктор Бил. Потоа на почетокот кога на забавата на Циглер, Бил флертуваше со двете манекенки, тој ги праша - Каде ме носите девојки - а тие одговорија - Онаму каде што завршува виножитото. Ако се сеќаваш, авантурата на Бил почна кога тој отиде да си купи костум од Rainbow Fashion, се тоа се знаци кои му ги дава неговата подсвест во сонот, сигурен сум дека ќе најдеш и други знаци кои укажуваат на тоа дека се работи за сон доколку внимателно го гледаш филмот. Кога сонот завршува Бил ја гледа маската на креветот, на перницата до неговата жена. Тука маската ја симболизира вината, грижата на совест која што Бил ја носи во себе поради помислата да ја изневери својата жена, поради тоа тој почнува да плаче и и раскажува се, во тој момент сонот веќе заврши. Па дури и на крајот кога тие двајца разговараат Алис му кажува на Бил дека - Без разлика дали е ова сон или не, постои голема вистина во сево ова. Значи ова е филм кој генерално се занимава со брачната врска, со моногамијата и со верноста. Па дури и лозинката за влез во куќата беше Фиделио што на латински означува верност или лојалност. Меѓутоа тоа е површинската приказна под која се крие другата приказна на која Кјубрик алудира, а тоа е приказната за една заедница на богати и моќни луѓе чие постоење се шпекулира и токму Кјубрик сакал преку филмов да ги опише нивните начини. Овој филм е доста метафоричен и двосмислен, баш последниот дијалог го докажува тоа, тој дијалог се однесува и на двете приказни.