Уве Бол и неговите филмови

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Еве ја првата тема во серијата од теми со наслов „Режисер и неговите филмови“ отворени од било кој, кој е добро запознат со делото на тој режисер. Јас ја отворам оваа за Уве Бол.

Уве Бол е познат германски режисер, продуцент и сценарист. Кариерата ја почнува уште од 90тите во Германија каде снимил неколку филмови. Во тоа време има и докторирано по литература. Во новиот милениум го сними првиот филм на англиски во Канада, и сите филмови од тогаш со исклучок на еден се на тој јазик од кои повеќето снимени во Канада. Поширока слава достгнува со четвртиот англиски филм, House of the Dead (2003).

Е сега, оти го испофалив режисеров да кажам кој се тие филмови кои му вредат и не му вредат. Изгледав 15 англиски филмови од вкупно 17. Првиот и последниот неможев да ги најдам. Од германските најдов само еден другите ги нема. А нема ни преводи за нив. Ќе ги поделам во 4 групи: исклучително добри, добри, просечни и лоши.
Во секоја група филмовите ќе бидат наредени хронолошки.
Конкретни оценки сега не давам, тоа е ваше.

Исклучително добри
Heart of America (2002)
Драма. Филм за убиствата што се случиле во училишта од страна на ученици.
Postal (2007)
Комедија со политичка содржина. Една од најоригиналните комедии што сум ги гледал. За Америка, терористите и еден Батка (Dude) што несреќно се најдува меѓу нив.
Tunnel Rats (2008)
Воен филм за борбите во тесните тунели под бојното поле во Виетнам. Тензичен филм.
Stoic (2009)
Драма за 4ца затвореници. Можеби најтежок и за гледање и за разбирање.
Rampage (2009)
Акција-крими-трилер, исто со политичка позадина. Несекојдневен филм.
Darfur (2009)/Attack on Darfur (2010)
Драма-воен, поточно антивоен. Ни кажува еден настан од конфликтот во областа Дарфур во Судан.

Добри
Seed (2007/I)
Хорор-трилер. Најdобар од категоријава. Тежок за гледање, за разбирање исто ќе се замислите малце.
BloodRayne: Deliverance (2007)
Хорор-акција-комедија. Кој го разбрал го разбрал, кој не не. Има вампири, има каубоцји и нормално има вампиро-каубојци.
Far Cry (2008)
Од сите филмови што се правени според видео игри, сценариото на овој е можеби најблиску до сценариото на играта. Замислен како лесен акционен филм успева во тоа со добрата акција и малку хумор.

Просечни
Blackwoods (2002)
Б продукција трилер, нискобуџетен, и како за таков е сосема во ред. Добро завршува.
In the Name of the King: A Dungeon Siege Tale (2007)
Најскапиот филм на кој работел. Која актерска екипа е само собрана. Технички доста добро направен ама од наративна страна е слаб. Сценариото е најобична приказна сместена во фантастично раносредновековно опкружување. Сме виделе 100 такви. А филмскиот едитинг е веќе лош. Сѐ на сѐ даваат еден просечен филм.

Лоши
House of the Dead (2003)
Хорор-акција. Технички е во ред сработен но слаб филм, повеќе смешен отколку страшен. Светли точки се токму смешните. Сценариото е многу различно од истоимената видео игра што е помалку важно. (Ако едно сценарио функционира во еден медиум не значи дека ќе го бива во друг)
BloodRayne (2005)
Хорор-акција. :vozbud:. Бен Кингсли во најепик улога. :pos:
Alone in the Dark (2005)
Акција-хорор. Не толку смешен, посериозен е овај. Светли точки се неколку одлчино сработени акциони сцени. Освен нив, нема многу радост.
Final Storm (2010)
Драма-трилер. Мехххх. Уште еден (пре)апокалиптичен филм. Малце подобар од Knowing ама пак сето собрано, разочарувачки, остава горчина во устата.

За малце ќе заборавев:
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Можете да кажете што сакате за Бол,ама тој прави најзакон трешеви на денешницава.

Ги имам гледано House of the dead и Alone in the dark едно 100000000000000000 пати и никогаш не ми здосадиле.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Од сите филмови што ги наброја, само 2 имаат оценка над 5 на imdb, а скоро сите негови филмови имаат оцена меѓу 2 и 3 (океј, поновите имаат меѓу 3 и 4). Мене искрено овие факти ми се доволни да не гледам ни еден негов филм... :toe:
 
Абе за тоа цели две-три страни зборувавме зошто е така во другата тема, кај беше. Кратко кажано многу потценет режисер.
Види следниве две мислење: [post=4019127]пост1[/post], и малку подолу [post=4019207]пост2[/post] и уште некои мои таму, види.

Сега јас го изгледав или ти, јас го анализирав, или ти што ништо не си гледал па ќе кажуваш. Имдб оценката не е факт.

Ете барем изгледај го Rampage. Саат и пол филм, ќе бидиш изненаден.
 
I

Intex

Гостин
Од сите филмови што ги наброја, само 2 имаат оценка над 5 на imdb, а скоро сите негови филмови имаат оцена меѓу 2 и 3 (океј, поновите имаат меѓу 3 и 4). Мене искрено овие факти ми се доволни да не гледам ни еден негов филм... :toe:
Inception има деветка, еден куп блокбастери се пред Спејс Одисеј, филмот според кој јас го земам за мерило во споредба со сите други.:)
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Inception има деветка, еден куп блокбастери се пред Спејс Одисеј, филмот според кој јас го земам за мерило во споредба со сите други.:)
немојш да го земаш за мерило,затоа шо имаш различити филмови со сосема различни содржини. :)
Спејс Одисеј спореди го со Снеч...немојш.:)

--- надополнето ---

Еве ја првата тема во серијата од теми со наслов „Режисер и неговите филмови“ отворени од било кој, кој е добро запознат со делото на тој режисер. Јас ја отворам оваа за ...
ама за кого си ја отворил ,па уште и прва тема од ваков тип.:pos:
Само да не се направи хаос со ваквите теми,a ќе бидит хаос.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
ама за кого си ја отворил ,па уште и прва тема од ваков тип.:pos:
Само да не се направи хаос со ваквите теми,a ќе бидит хаос.
Па немора за сите да се отвара. Пример за овај режисер да не остани само на има добри филмови, најсоодветно да кажам кој се е преку нова тема.

Сигурно има и други режисери за кои има некоја добра причина да се отвори ваква тема.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477

Не мора ама ти сакаш за Уве, некој сака за некој друг, ако имаш право ти, имаат и другите...

Не отвораме тема за секој режисер посебно, за секој актер посебно итн... ако правевме така секој ќе отвораше теми колку да отвори, ќе се рашират до непрегледност и ќе направиме збрка на форумов. Затоа се оди во една тема, за Генерална дискусија, зошто истите филмови се дискутираат на сите теми.

Во секој случај, ќе ја оставам дискусијата додека ја исцрпите а после ќе ја спојам со темата за Генерална дискусија. Цитирајте се кога имате нешто да си кажете зошто кога ќе споиме мислењата ќе се разделат, нема да бидат едно под друго.

За останатите: не отворајте теми за режисери и актери поединечно, ќе бидат избришани.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Не мора ама ти сакаш за Уве, некој сака за некој друг, ако имаш право ти, имаат и другите...

Не отвораме тема за секој режисер посебно, за секој актер посебно итн... ако правевме така секој ќе отвораше теми колку да отвори, ќе се рашират до непрегледност и ќе направиме збрка на форумов. Затоа се оди во една тема, за Генерална дискусија, зошто истите филмови се дискутираат на сите теми.
Ами џоа ќе функционираа ваквите теми од кога се подели подфорум на три. И во правилата нема ништо спомнато за теми од ваков тип. Дупка во законот :devil3:.

Туку, направи да биде исто како теми за еден филм, да можи да се отвара за специјални случаи со дозвола од модератор. А дека Бол е специјален случај мислам дека има доволно аргументи.
Ако дозволиш арно, ако не дозволиш пак арно.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Може да се направи со некакви критериуми и кој режисер ќе ги исполни критериумите да се отвори тема за него. Вие смислете ги критериумите. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Ќе се консултираме со џимеј и со новиот модератор кој ќе го добиеме деновиве, околу евентуални новини, и ќе бидете благовремено известени. Не барајте дупки во законот, пишете прво кога имате некој предлог :smir:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Бибил му е единствен фан на форумов, сега не напињајте со оф-топици кој има за дискусија нека се јави :)
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Ќе се консултираме со џимеј и со новиот модератор кој ќе го добиеме деновиве, околу евентуални новини, и ќе бидете благовремено известени. Не барајте дупки во законот, пишете прво кога имате некој предлог :smir:
се надевам новиов кадија нема да е некој со 2 и пол мислења тука =)

Него се мислам Постал дали да го гледам,или да се поштедам од то...

--- надополнето ---

Бибил му е единствен фан на форумов, сега не напињајте со оф-топици кој има за дискусија нека се јави :)
не само на форумов,и пошироко :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom