Светско првенство |Sweden 2011|

Статус
Затворена за нови мислења.
Франција ќе е шампион повторно, толку имав да кажам :salut:
 
Така е но шо да правиме,инаку како што претпоставив Франција лесно до финалето а во другово ќе биде далеку понеизвесно.Инаку Унгарија се пласира на 7-то место по победата на Полска,што значи во Март ќе имаме мн тежок противник во БТ.
П.С Дали за настап во квалификациите за ОИ требаше да се пласираме на Светсково?


Со победа над БиХ и Естонија идеме понатаму. Кој ги е*е Унгарија :) ...
А за другово у спорт пишуваше дека иако не сме влегле на СП имаме шанси за ОИ само незнам што требаше да се исполни...
 
Браво за Данците сосема заслужено влегоа во финале..немаа решение Шпанците за голманот на Данска едноставно ги уби,наспроти тоа двајцата Шпански голмани една топка не фатија..ебати голманите на Сауд Реал и Барселона..па едниот го вадат од игра и се смее цццц
 
За финалето мислам дека Франција ќе биде прва и дефинитивно ќе остане најдобра селекција
 
Тренерот на Шпанците и НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК за поразот...
Прво,игра со истурен човек во одбраната-Парондо....кој и сам не знаеше шо прави,демек мисли дека смета во организацијата на нападот на Данците...напротив,правеше повеќе штета.....цело време имаа вишок Данците,дали шутираше зверот Хансен....дали имаше вишок кај другите бекови...
Со еден збор...ТОТАЛНО ПРОМАШЕНА ТАКТИКА ВО ОДБРАНА...се виде на моменти дека со 6-0 зона,,,,немаа решение Данците...
Втора ОГРОМНА ГРЕШКА на Валеро Ривера...ГОЛМАНИТЕ....
Па шо бара да го игра Омбрадос...топка не фати,цела утакмица муви бркаше....:kesa:
Почетокот..првите 20 минути.....ги одигра,не знам и зошто...кога на другите важни мечеви не ни влеугуваше,освен на крај кога веќе Шпанците имаа обезбедено победа......ни блиску не беше да фати некоја топка....
Се коцкаа Шпанците и си платија....:pusk:
Си направи разлика Данска..
Влезе Штербик...одма се стопи разликата.....
И на крај иста песна,па со кој памет во клучните 10 минути го вади Штербик и го враќа дрвото,точно е дека не му одеше на Штербик во тие моменти....ама па Омбрадос да се стави на ваков меч........:nesvest:дрво....
За нападот,не беа лоши,и голманот Ландин ги ИЗРЕМЕТИ....
24 одбрани.....:bravo:
Данска заслужено оди во финале..реално гледано,мечот го изиграа на високо ниво,со минимални падови,за разлика од Шпанците кои имаа неколку големи падови.....
П.С.Хансен Звер...:sport1:
Најверојатно првиот лев бек моментално во светот,сигурно ќе биди во идеалната постава на шампионатот....:pehar:....
 
Повеќе среќно и со подршка на голманот победија Данциве отколку шо беа убедливи,да не беше Хансен и тие беа полошо од ШПанија во напад,која имаше неколку добри влезови,но иако имаат врвни поединци од најјаките клуба во светот С.Реал и Барселона сепак треба да знаат дека тимот победува а не поединецот и дека кога тогаш со таква игра која е осврнува на поединечните квалитети ќе те заебе.Потпишувам со две раце дека Франција е старо-новиот шампион.Индивидуален квалитет,цврстина,сикуство,одбрана+голман и дисциплина се во едно е непобедливо.Хрватска како утеха доби 2 јаки Евро репрезентации и се задоволи со 5 место.Нијанси ги исфрлија,но одбраната која немаше лек за шутевите од ЗОна на Скандинавците и голманите што немаа 1 одбрана ги исфрлија несреќно,сепак да беа ќе беше понеизвесно финалево,иако тоа што е домаќин Данска сменува барем нешто.

--- надополнето ---

И да бе за ОИ не добив асален одговор?
 
Повеќе среќно и со подршка на голманот победија Данциве отколку шо беа убедливи,да не беше Хансен и тие беа полошо од ШПанија во напад,која имаше неколку добри влезови,но иако имаат врвни поединци од најјаките клуба во светот С.Реал и Барселона сепак треба да знаат дека тимот победува а не поединецот и дека кога тогаш со таква игра која е осврнува на поединечните квалитети ќе те заебе.Потпишувам со две раце дека Франција е старо-новиот шампион.Индивидуален квалитет,цврстина,сикуство,одбрана+голман и дисциплина се во едно е непобедливо.Хрватска како утеха доби 2 јаки Евро репрезентации и се задоволи со 5 место.Нијанси ги исфрлија,но одбраната која немаше лек за шутевите од ЗОна на Скандинавците и голманите што немаа 1 одбрана ги исфрлија несреќно,сепак да беа ќе беше понеизвесно финалево,иако тоа што е домаќин Данска сменува барем нешто.

--- надополнето ---

И да бе за ОИ не добив асален одговор?

Требаше да се пласираме....ДА...
Ама не само да се пласираме,туку и требаше да бидиме меѓу првите 7 екипи на шампионатот....
Имав објаснето во претходните постови поподробно....
Еве на пример Хрватска го освои 5тото место,сега одат во група со 4тата селекција од овој шампионат....+ се вклучуваат шампионот на Азија ...и на Африка..
Првите две селекции во групата одат на ОИ...
 
Ништо од тоа,но одиме во Србија ако не нешто друго.:vozbud:

Има време до Србија,долга е нивата за орање...
Нејќам да кобам,ама познавајќи ги нашите играчи се е можно...
Во добра ситуација сме...но ништо не е завршено,сеуште има многу работа до Србија.......
 
Ништо од тоа,но одиме во Србија ако не нешто друго.:vozbud:
Ехехееее има уште време,не смее никој ни за момент да помисли дека сме се пласирале.Има уште доста да се игра.Од нашиве што една Естонија не можеа да ја тепаат,а ги тепаа Исланд,Полска и Русија се може да се очекува.
Иначе гледам лека полека Кире и Наумче стареат.Еве ги 31 сега ќе пунат во 2011.Има некои млади играчи што излагаат или ништо?Овој синот на Пепи Манасков знам дека игра сега,но други?Знам дека и на квалификации на младата репрезентација не растури кој стигна.Што се деси со тие што играа 2007 на младинското тука во Македонија?Кај е таа генерација сега?
 
^ Иако темава не е за тој муабет но чим тргнавме ајде.Како и во секој спорт слабо се работи со младината,но талентот каде и да е ќе излезе и со време ќе се надоградува.Инаку Олафур Стефансон има 38 год и далеку од слаба форма е.Смената на генерација не доаѓа за момент.Ако фатиме ритам и го одржуваме со настап на секое првенство,воедно на секое првенство внесува по некоја млада сила без да осетиме ќе ја доживеаме таа смена.Нешто што направи Червар со Хрватите.Но кај нема свест за тоа и еден Алушевски свака му част ама уште мислиме дека неговот допрва следи,најпрво од таа позиција треба да се тргне и да му се дава шанса на тоа дете да заигра со Кире НАумче и останатите.
 
Тренерот на Шпанците и НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК за поразот...
Прво,игра со истурен човек во одбраната-Парондо....кој и сам не знаеше шо прави,демек мисли дека смета во организацијата на нападот на Данците...напротив,правеше повеќе штета.....цело време имаа вишок Данците,дали шутираше зверот Хансен....дали имаше вишок кај другите бекови...
Со еден збор...ТОТАЛНО ПРОМАШЕНА ТАКТИКА ВО ОДБРАНА...се виде на моменти дека со 6-0 зона,,,,немаа решение Данците...

ко прво тренерот немаше никаква утка во составот, ниту во тактитака во одбрана, дури можам да кажам дека после франција, шпанија има најјака одбрана на првенствово, но не и голмани, и не збори глупости за тактитака со парондо, баш си функционираше до 20 минута, хансен не моеше очи да отвори, кога спуштија на 6-0 почна да решети тоа терминаторот :), исто ако некој прима голови од крило сигурно нема со 3-2-1 да ги спречи, единствен лек е 6-0, башка голови на данска од крилни позиции од цел напад скоро и да немаше освен 2 мислам дека даде линдберг, тренерот што е крив што промашија 3 пенала и уште 3-4 зицери у раце кај голманот, составот е тој на шпанија, едино им фали некој бек шутер од надвор кој ке ги разбие, не може само со брза топка влезови пасови на пикер и некои подбацувања да тепаш...чим нема некој од надвор да закачи некоја, многу тешко иде...

Втора ОГРОМНА ГРЕШКА на Валеро Ривера...ГОЛМАНИТЕ....
Па шо бара да го игра Омбрадос...топка не фати,цела утакмица муви бркаше....:kesa:
Почетокот..првите 20 минути.....ги одигра,не знам и зошто...кога на другите важни мечеви не ни влеугуваше,освен на крај кога веќе Шпанците имаа обезбедено победа......ни блиску не беше да фати некоја топка....И на крај иста песна,па со кој памет во клучните 10 минути го вади Штербик и го враќа дрвото,точно е дека не му одеше на Штербик во тие моменти....ама па Омбрадос да се стави на ваков меч........:nesvest:дрво....

да гледам штербик го накрши, прими 2 завртаљки од мртов агол, а на хансен не му фати ниедна, хомбрадос барем му фати една контра на почетокот на линдберг.... на крајот и штербик и хомбрадос завршија со по 4 одбрани :smir:


За нападот,не беа лоши,и голманот Ландин ги ИЗРЕМЕТИ....
24 одбрани.....:bravo:

ландин има 24 години, но денеска имаше 15 одбрани ;)

Данска заслужено оди во финале..реално гледано,мечот го изиграа на високо ниво,со минимални падови,за разлика од Шпанците кои имаа неколку големи падови.

имаат подолга клупа и разноврсни играчи кои ке направат промена во играта, ќе внесат свежина, ќе одморат некој играч во одбрана и слично, шпанија со оние играчи, на ти ја - дајми ја, старомоден ракомет е тоа веќе(умре тоа одамна), со ниски играчи и брз забод, само гледаат да протурат некоја топка на црта, или да чекаат пад на некој па да помине на пролаз, ок тоа е основатане викам не, и франција го игра тоа, ама не можеш со еднолична игра да победуваш...можеш екипа од понизок ранг, ама за вакви мечеви треба да се има и некој скриен адут. Ракометот што го играат е многу близок до нашиот, за разлика од играта која е пример за врвен ракомет од скандинавската школа, модерни потези, незгодни шутеви итн,

Ништо од тоа,но одиме во Србија ако не нешто друго.:vozbud:

јас идам, за вас незнам :)...ок знам дека се мисли за македонија, дај боже да се пласираме, ќе биде многу интересно, али во план сум да го следам првенството, дури и да не се пласираме на европското

^ Иако темава не е за тој муабет но чим тргнавме ајде.Како и во секој спорт слабо се работи со младината,но талентот каде и да е ќе излезе и со време ќе се надоградува.Инаку Олафур Стефансон има 38 год и далеку од слаба форма е.Смената на генерација не доаѓа за момент.Ако фатиме ритам и го одржуваме со настап на секое првенство,воедно на секое првенство внесува по некоја млада сила без да осетиме ќе ја доживеаме таа смена.Нешто што направи Червар со Хрватите.Но кај нема свест за тоа и еден Алушевски свака му част ама уште мислиме дека неговот допрва следи,најпрво од таа позиција треба да се тргне и да му се дава шанса на тоа дете да заигра со Кире НАумче и останатите.

за темава не ми се збори искрено, дали никој не го трга стевче или не смее да го тргне, или пак стевче се тепа со помладите играчи на тренинзи и тоа за фаул во фудбал и кошарка, што се игри за забава и загревање, од тука можеш да видиш до кај е со паметот, дали воопшто некој од постарите играчи има желба да поучи некој од помладите таленти и некој во кој може да гледа свој наследник, или пак се плаши од конкуренцијата и од тие 2000 евра што ги зема на стара слава...секоја чест за професионалноста и за спортскиот однос, но треба малце и моралот да му работи, да гледа да остави нешто после него....што не е случај со стефансон, кој покрај него има прераснато уште неколку добри играчи, кој буквално се негова школа, истата приказна е и со ловгрен, кој 5 години играше по 10 минути за кил, но затоа карабатич имаше од кого да учи, потоа друг случај се врањеш и додер во шведска...и да не ги набројувам...само кај нас неможе тоа да се каже, за жал, секој си го чува лебот и тие едвај 50 евра дневница за првенствата што ги добиваат...можеби и тука треба да се бара проблемот....хммм.... за темава има уште многу да се збори, ова е веќе тема на некои други разговори, не само во ракометот туку у во други спортови, дали и колку се работи со спортистите на таа возраст 16-20 години, и да се запрашаат кај е пробленот што губиме од хххх репрезентација,и тоа убедливо, а истата репрезентација, истите тие играчи пред 4-5 години сме ги млателе ко магариња.

можеби и затоа оној болдот горе со талентите, ќе ја продолжи својата кариера како келнер, работник бензиска пумпа, кондуктер во ЈСП, магационер во веро и сл... на младите им доаѓа преку глава, со своите 22- 24 години да се борат за место со играчи кои условно играат на стара слава......а во ова врме на безпарица, каде знаеме дека повеќето спортисти потекнуваат од посиромашноте семејства, да речеме повеќето од нив и студенти, вемето, годините ги газат па сепак не оставаат, условно ќе кажам наечевски и компанија да решаваат за нивниот живот....тешкотиите во животот ги тераат талентите да бараат излез во колку толку поплатената работа, отколку да чекаат некој да го увиди нивниот талент.....а за тоа време некој друг со мито го добие своето место во репрезентацијата или клубот...шо да правиме, такво ни е општеството.


да се надеваме на подобри времиња.

прочитав некој погоре за синот на манасков, супер е детето, би можел да помогне на репрезентацијата, но за 2-3 години, на ред се играчите кои веќе имаат настапи за сениорска репрезентација, оние од младинското првенство во охрид, пецаковски, ѓорѓиевски, стоилов, митревски, браќата марковски. златко мојсовски, и секако кире мојсо, раде стојанович и останатите од репрезентацијата кои се квалитетни
 
Остана уште борбата за златото и за бронзата...
Околу мечот за 3то место...мој тип е победа на домаќинот..
Ќе бидат далеку помотивирани...долго време се немаат израдувано со медал,речиси една деценија...по она финале (шо го судеа Начевците)... кога ја победија Германија...
Шпанците ме разочараа синоќа,очекував далеку повеќе....:tapp:
Квалитетот е на нивна страна,исто како и искуството...
Сепак предност за Швеѓаните...

И шлагерот финалето...
Реално...заслужено двете репрезентации се најдоа овде....
Данците засега покажаа најмногу...но рака на срце имаа полесен пат(полесни противници)... до тука...
Французите доминираа на сите мечеви,освен на оној со Шпанија во првата група...кога на крај ја испуштија победата....
Моите симпатии одат кај Французите.....отсекогаш сум ги почитувал....ги краси една неверојатна дисциплина и пожртвуваност...:sport1:
Тешко дека Данците ќе се ШЕТААТ утре така лесно покрај одбраната на петлите...:nenene:...
Утре Хансен и компанија ќе играат против најдобрите дефанзивци во светот...Жил,Карабатиќ...и секако најдобриот Динар....:sport1:..
Не ми се верува Французите да им дозволат многу голови на Данците....посебно не некои лесни голови...какви шо им дадоа на Шпанците вчера...:angry3:
Данците имаат предност...ТОА Е БРЗИНАТА на нивниот напад....убедливо најбрза игра имаат....штета шо им се повреди најдобриот среден бек Могенсен,ќе беа страшна тројка со Хансен и Сондергард....
Предност за Данците е шо нивните бекови се поуиграни од Француските бекови....
Французите имаат два нови,млади бека...но страшно талентирани....но покрај еден Карабатиќ...на секој бек му е полесно да игра...
Крилата..им се израменти горе долу..со мала предност за Француските крила....
За пивот не треба да се коментира....Жил се враќа во неверојатна форма...:violent1:..
Голманите,Омејер на секој меч си ја исполнува таа квота...13,14 одбрани...
Ако се повампири и Ландин...ќе има голема неизвесност..
П.С.Да не го тупам уште...за комарџиите....типувам на Франција..коефициент е некаде 1.70...
Прво кладилниците на интернет ги прогласија Данците за големи фаворити...1.70 беше коеф...за нивна победа...сега Французите се фаворити..а Данците аутсајдер...3.40 е кренат коеф..за нивна победа...
До почнувањето на мечот ќе се менуваат квотите...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom