Светско првенство |Sweden 2011|

Статус
Затворена за нови мислења.
Толку од Хрватска. Не знам дали е до Голужа, или се исцрпи цел капацитет на оваа 'златна' генерација на Балич и Вори .. Важно пајтонот веќе не оди. Иако вчера играа против домаќините и преку нив им требаше виза на 1/2 финале, поразот не е оправдан. Бидејќи јасно е дека индивидуалниот квалитет е на страната на Хрв. но повеќе од очигледно е дека работите загрижувачки не штимат. Имаат доста работа за на следниот голем собир да не го повторат разочарувањето.
 
Шпанците буквално го ИСКАСАПИЈА Исланд...:zlo:
Од самиот почеток,до крај....мелеа се пред себе..
На моменти водеа со 11 разлика,малку паднаа на средина на второ полувреме..ама на крај..пак висока е разликата 32-24....
Какви само бекови имаат Гурбиндо Мартинез..можеби најдобриот десен бек на шампионатот,браќата Ентрериос,Канаљес,Шема Родригез...:shok::sport1::sport1::sport1:
Исланд на крај претераа со грубата игра...се изнамаваа....класична манифестација на немоќ...
Дури и тренерот на Исланд доби две минути,зошто го турна и сакаше да го удри Хуанин Гарсија...:ija:
Шпанија во моментот е за класа посилна од Исланд...
Останува уште Французите вечер да го потврдат пласманот во 1/2 финале....
 
Се потврди моето дека Исланд и не е така сјаен..
..а Шпанија ги повтори игрите од подготвителните натпревари пред почетокот на шампионатот...сосема заслужено ќе игра во 1/2 финалето.
Вероватно Французите нема да ги загубат последните 2 натпревари и да не играт во 1/2 финале, така да 1/2 финалисти на овој шампионат се Данска, Шведска, Шпанија и Франција(98% сигурна).
 
Глејте сега до крај како ќе ги уништат судиите србиве...

а мислиш до година во србија нешто подруго ги очекува? - ма бетер бе...само што ваму судењето покрај на шведска, наклонето е и на данска, норвешка, исланд....
што искрено нема да биде случај до година освен за србија па и за црна гора, босна, хрватска, македонија....
 
Факт е дека Скандинавците имаат големо влијание на ЕХФ и ИХФ, без разлика дали некое првенство се игра на нивни терен или се игра некаде низ другиот дел на Европа, од секогаш ќе ја имаат поддршката.:toe:
 
Ах бе Германци,Германци....:nerv::nerv::nerv:
Ме убија( в кладилница).. на два пати...
Во саботата од никаде изникнаа и изненадија со Исланд...ете денес кикснаа во клучниот меч со Унгарците..:bravo::locked:
Сепак реално гледано...далеку се Швабите од таа сила шо ја имаа на времето..:music5::music5::music5:
 
Балканците нешто да направат ќе можат дури во србија на наредното првенство е тогаш ке биди баш интересно !!!
 
Нешто подобра игра во одбрана и добар Пешиќ и одма Хрватска ја декласира Полска ,кои имаа многу технички грешки денеска.Ај да видиме кој ќе биде подобар во Скандинавското дерби.
 
1/2 финале:
Данска-Шпанија
Франција-Шведска

Финале - Данска-Франција, ако гледаме според квалитет, ако гледаме со помош на судии Данска-Шведска..
 
Данска -Шпанија ќе биди шлагерот,можеби финале пред финалето...
Засега двете репрезентации покажаа најмногу...
За вториот пар....Франција е во предност....сепак не ми се верува и судиите да ја спасат Шведска,едноставно Франција е за класа појјака репрезентација...
Можеби со Србите,Пољаците им пројде таа мала очекувана помош шо ја добива секој домачин од судиите,но против една таква машина како Франција...тешко...
Треба Французите воопшто да немаат свој ден,за да изгубат од Шведска....иако во ваквите нок-аут мечеви се е можно....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom