Сакате ли да го снема Фејсбукот?

Дали сакате да го снема фејсбукот?


  • Вкупно гласачи
    192
A

Auditore

Гостин
Не сакам од проста причина што знам како да го користам и за некои работи ми е многу потребен и корисен, не го користам за глупирање, фалење и такви стварчици.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.631
Поени од реакции
29.114
И да се укине и да не се укине, сеедно, животот нема драстично да се промени.
Чумата наречена социјална мрежа постои години пред фејсбук.
Што иде после фејсбук? Незнам, но знам дека и тоа ќе биде засенето во иднина од друга социјална мрежа.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
гласав не али сеедно ми е фејсбук скурчен ми е скрос ама друго нешо интересно нема на нет
Да бе, нема ништо поинтересно од приватните животи на пријателите и рандом луѓе на нет... :pos:

А да си прочиташ некоја книга во слободно време или да си изгледаш некој документарец/филм/whatever? На ова време, каде што буквално се' што те интересира може да се најде на нет, срамота е да се каже дека немало ништо интересно.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Ајде народе да видиме шо мислите. Инспириран сум од темата дека ке го снемало ФБ на 15ти... ја би да го снема и порано и ич да не се враќа во иднина!!! Уште одма нека го укинат!!! само мора да признаам ке ми биде жал за дарк кинг пошо ептен е зависен од фејзуков :) :) :) Нели ДаркКинг??

П.С ке ве замолам објаснете подоле зашто сакате/несакате да го има фејсбуков?

Абе детенце зошто ги молиш луѓето да објаснуваат,безсмислено е!
Тој фејсбук има опција да си деактивираш акаунт и завршен е филмот со него...тоа е социјална мрежа,сакаш биди дел сакаш не,ти избираш,а не те избира тој тебе.
 

insence

VendettaQ
Член од
30 јануари 2011
Мислења
193
Поени од реакции
12
Зошто е вака направена анкетата,не значи ако не сакам да го снема ќе неможам да живеам без него..
иначе потребен ми е,барем така кредит штедам,и си пишувам со повеќе пријатели од други држави..
кој не му треба нека си деактивира акаунт и свршено.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
абе шо ќе тие фб
таман си се навикнав на кајгана :smir: може да се живее и без фб ама без кајгана не :smir:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
ДА, дефинитвно !! - Нека го снема и нека си се врати старата слава на МСНот :eek:jea: .. Си направив профил само поради тоа што сите избегаа од МСН преку ноќ, како ѓавол од крст упм.

Преку таквото ми е и од идиотски статуси, слики, моронски групи, ивенти и се друго што останало во него.
 
H

-HRO

Гостин
ФБ е за луѓе кои знаат да го користат правилно...
Не е за сите возрасти...и за секаков тип на луѓе.
Јас би направил да се плаќа...но не и да го нема ;)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
ФБ е за луѓе кои знаат да го користат правилно...
Не е за сите возрасти...и за секаков тип на луѓе.
Јас би направил да се плаќа...но не и да го нема ;)
дека ти имаш да платиш, а тие шо немаат?
 
H

-HRO

Гостин
дека ти имаш да платиш, а тие шо немаат?
Заборавив да наведам...мислев да се плаќа креирање на групи и страници,за да не може секој втор да креира и пишува глупости безврска :)
А и лајковите на оние страници како Likes.com исл. да бидат отстранети! :)
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Заборавив да наведам...мислев да се плаќа креирање на групи и страници,за да не може секој втор да креира и пишува глупости безврска :)
А и лајковите на оние страници како Likes.com исл. да бидат отстранети! :)
Е така да тоа може
 
С

сашенко

Гостин
Заборавив да наведам...мислев да се плаќа креирање на групи и страници,за да не може секој втор да креира и пишува глупости безврска :)
А и лајковите на оние страници како Likes.com исл. да бидат отстранети! :)
Тоа било една убава промена на фејсбук.Не е фејсбукот толку лош колку што е народот кој го користи глуп и прост.Не е интернет за секого со тоа сигурен сум многу ке се сложат, и мислам дека доколку беа само културни луѓе не него ке беше далеееку подобро...
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Сеедно ми е. Имам профил го употребувам како сите други нормално, понекогаш ми затребува.
И да го снема и да го има се ќе биде исто барем кај мене нема да промени ништо.

то је то.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.162
Поени од реакции
888
Не би сакал да се затвори, но сигурен сум дека би преживеал и без него.
Во почетокот нормално ќе биде тешкичко (како што стискам по 100 пати refresh во здодевни моменти, а такви има многу), но после ќе се навикнам, впрочем како и за повеќето работи во животот.

Сите различно си го користат, кој за игри, кој за комуникација со луѓе од разни земји, кој за комуникација со луѓе од соседната клупа, за маркетинг и промоции на производи, услуги, веб-страници и што ли уште не. На тие што не им се допаѓа, си имаат опција Deactivate и нема потреба од плукање на луѓето кои го користат од горенаведените (и уште многу други) причини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom