Половно возило до 3000 евра

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Е сеа, додај на неа плин 800 евра атестиран , тоа се 4300 евра + 200 евра за тоа што има нови бандажи, гуми, и нов акумулатор и некој ситници подновени.
Колата НЕ Е ТАКСИ ВОЗЕНА, значи ја купив и јас половна, и тоа увезена од словенија, ко ја зедов беше 20.000 км извозена,со неа имаме возено скоро низ цел балкан и нормално се лупаат километри бе човече, од кола не сме излезени никој.
Па сеа, ако не те бендисува можиш да кажиш оти не ти чини, вака ми туркаш рејтинг на возилото можи некој ќе сака да ја купи:)
Имам неколку прашања

1) Колата си ја купил со 20 000км фарбана бело однадвор?
2) Колку години ја имаш ти?

Вредноста на колата се одредува кога муштеријата ти доаѓа и те прашува за твоето возило и го испитува. Јас тоа го правам. Од каде знаеш дека не сум потенцијален муштерија, па сум ти намалувал рејтинг?!
Друга работа, плинот ми го наплаќаш како нов? Бандашите како нови? Супер. Ајде вака. Извади го плинот, извади ги тркалата, ќе си купам ганц нови. Секој дел што се става си има соодветна амортизација по одредена употреба. Ако си го ставил плинот пред некој месец, тогаш ОК, ќе рачунаме како нов, ама очигледно не е таква ситуацијата.
 
V

Vollstandig

Гостин
Не се фарба од внатре за ТАКСИ, однадвор се фарба, што значи првата боја била сива. КАпираш
Па јас кога ја купив беше сива, само изгуби сјај колата, фарбана е бела после тоа :)

--- надополнето ---

Имам неколку прашања

1) Колата си ја купил со 20 000км фарбана бело однадвор?
2) Колку години ја имаш ти?

Вредноста на колата се одредува кога муштеријата ти доаѓа и те прашува за твоето возило и го испитува. Јас тоа го правам. Од каде знаеш дека не сум потенцијален муштерија, па сум ти намалувал рејтинг?!
Друга работа, плинот ми го наплаќаш како нов? Бандашите како нови? Супер. Ајде вака. Извади го плинот, извади ги тркалата, ќе си купам ганц нови. Секој дел што се става си има соодветна амортизација по одредена употреба. Ако си го ставил плинот пред некој месец, тогаш ОК, ќе рачунаме како нов, ама очигледно не е таква ситуацијата.
E па плин има неколку месеци, зато го наплаќам плинот.
Ја имам(е) од 2005 па навака.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Па јас кога ја купив беше сива, само изгуби сјај колата, фарбана е бела после тоа :)

E па плин има неколку месеци, зато го наплаќам плинот.
Ја имам(е) од 2005 па навака.

OK, фер чим има плин неколку месеци (мада ова може да се провери) ќе речеме дека е нов.

Зошто сум скептичен на приказнава?

Колата е од 2002 година. Во 2006 си ја купил од Словенија со 20 000км. Тоа во просек би значело дека е возена 4 години по 5 000км годината.

После тоа, си ја донел тука со 20 000км и си ја возел по Балканов правејќи 140 000км во рок од 5 години што е околу 28 000км годината и на крај во последниве неколку месеци, како што кажуваш си ставил плин. Успат (заради нејасни причини) си ја офарбал бела, место металик сива. Зошто по ѓаволите би го направил тоа?!

И ајде, еве биди реален, ти да си на мое место, ќе поверуваш во приказнава? :)

А сега реалната приказна:

Словенија најголем дел од својот увоз на половни автомобили го прави од Италија. Секоја втора или трета кола (половна) е увезена од Италија.

Бидејќи твојата кола е бела од надвор, а сива од внатре, се наметнува прашањето каква врска има оваа комбинација на бои со Италија?

Официјална боја на такси возила во Италија е бела. Слика подолу дури го има и твојот модел :)

--- надополнето ---

Варијанта бр.2

Таксист си, покриваш таблици на колата во огласот. Тоа е или знак дека колата е возена такси или е знак дека е правен салам ремонт на колата (лимарски) па да се види дека е таа кола, сопственикот ги покрива таблиците.
Во твојот случај, двете работи доаѓаат до израз. Сепак, ова за тешката сообраќајка паѓа во вода до одреден степен бидејќи кошот на моторот ти е со сива боја (оригиналната) боја, што пак не враќа на првиот заклучок дека се работи за такси возило, дали тука...дали во Италија.

П.С Моето мислење е едно во милион. Ако некој ја сака ќе ти ја купи без да ги чита моите постови.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Од кај знам од ко ја купив такви беа, валјда никој не ги фарба внатрешно ако прај такси како шо викате такси ми е возена:)

Па јас кога ја купив беше сива, само изгуби сјај колата, фарбана е бела после тоа :)

--- надополнето ---

E па плин има неколку месеци, зато го наплаќам плинот.
Ја имам(е) од 2005 па навака.
AUUU majstore ama se zakopa hahahah nikoj ne primeti prvo vikas takva bila posle vikas ti si ja farbal AHAHAHAHA
 
V

Vollstandig

Гостин
OK, фер чим има плин неколку месеци (мада ова може да се провери) ќе речеме дека е нов.

Зошто сум скептичен на приказнава?

Колата е од 2002 година. Во 2006 си ја купил од Словенија со 20 000км. Тоа во просек би значело дека е возена 4 години по 5 000км годината.

После тоа, си ја донел тука со 20 000км и си ја возел по Балканов правејќи 140 000км во рок од 5 години што е околу 28 000км годината и на крај во последниве неколку месеци, како што кажуваш си ставил плин. Успат (заради нејасни причини) си ја офарбал бела, место металик сива. Зошто по ѓаволите би го направил тоа?!

И ајде, еве биди реален, ти да си на мое место, ќе поверуваш во приказнава? :)
Вака сеа, значи истото си стои кај мене,и нема што да додадам ново, земена е во 2005 (нормално не јас туку татко ми пошто тогаш сеуште немав возено автошкола).
колата има одслужено повеќе и од што и беше намената. Ја купивме во сива боја, и после две години се префарба во бела.
Внатрешното на вратата сиво си беше уште од кога е земена.
Не мораш ти да поверуваш во мојата приказна, но јас малку поверував со примерот со колите што беа такси , италијанските :) Ја зедовме за евтини пари, донесена тука со околу 20.000 км извозени.
И да била такси возена, не јави никакви проблеми, битно успеавме да ја извозиме добро, и за работа и за шетање.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
249

И сега значи си ја зел за ефтини пари и си ја изнавозил, па сега сакаш да ја продадеш за добар кеш.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Добро бе остајте го чоекот... можи поклон му ја даде некој. Тоа незначи дека тој треба да ја дава поклон. Колата каква е, таква е, фарбана нефарбана... Околу цената има муабет - пазар, а остатокот индивидуално се проценува.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Од кај знам од ко ја купив такви беа, валјда никој не ги фарба внатрешно ако прај такси како шо викате такси ми е возена:)
Па јас кога ја купив беше сива, само изгуби сјај колата, фарбана е бела после тоа :)
И за на крај...реши се...ти ја фарбаше или така ја купи? :)

Јас повеќе нема да коментирам бидејќи темата е за возила до 3000 евра и од сега натаму ме интересира тоа.

Opel Vectra дизел или бензинец?

Дали има некој искуство со 2.0 дизел моторите на Опел ?

Бензинците знам дека се добри, но ме интересира како се покажаа дизелите 2.0 бидејќи најмногу ги има до 3000 евра. 1.7дти (Исузу) кој бил најдобар наводно за Опел поретко го има а и не ми делува баш добар (во однос на моќност) да стегнам на него клима и да качувам Плетвар или Ѓавато.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дали има некој искуство со 2.0 дизел моторите на Опел ?

Бензинците знам дека се добри, но ме интересира како се покажаа дизелите 2.0 бидејќи најмногу ги има до 3000 евра. 1.7дти (Исузу) кој бил најдобар наводно за Опел поретко го има а и не ми делува баш добар (во однос на моќност) да стегнам на него клима и да качувам Плетвар или Ѓавато.
Страдаат електрониките на пумата за висок притисок (ака бош) на моделот 2.0 од неквалитетно гориво. Поправка, некои 300-400 евра. Превенција- редовно менување филтер за нафта. Возење на црвена, не помислувај ни на сон.

п.с. А да си дајш ти уште 1500-2000 евра, да ти го шитнам јас аудито :pos:
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
И за на крај...реши се...ти ја фарбаше или така ја купи? :)

Јас повеќе нема да коментирам бидејќи темата е за возила до 3000 евра и од сега натаму ме интересира тоа.

Opel Vectra дизел или бензинец?

Дали има некој искуство со 2.0 дизел моторите на Опел ?

Бензинците знам дека се добри, но ме интересира како се покажаа дизелите 2.0 бидејќи најмногу ги има до 3000 евра. 1.7дти (Исузу) кој бил најдобар наводно за Опел поретко го има а и не ми делува баш добар (во однос на моќност) да стегнам на него клима и да качувам Плетвар или Ѓавато.
Другар ми има Астра 2.0 дти и колата е екстра,деловите се евтини во споредба со другите германски и француски возила,а и доста брза е,ја имам возено,само гледај да е екотех.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Другар ми има Астра 2.0 дти и колата е екстра,деловите се евтини во споредба со другите германски и француски возила,а и доста брза е,ја имам возено,само гледај да е екотех.
Нема 2.0 а да не е екотек... Исузу моторите се 1.7 TD ама и ретко ги има во вектра.

Ако се прашувам јас, со Вектра би зел 1.8i верзија. 2.0 бензин премногу троши, додека 1.6 е преслаба. 1.8 е оптимален мотор за таа кола, само плин и фурај.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Денеска така ми продефилираа неколку и оваа ја забележав http://www.avtooglasi.com.mk/oglas/detali/18341-Nissan-Micra

1850 евра изгледа на странски табли, со давачки би требало да излезе толку некаде околу 3 бона. Има клима, троши малку и е аутоматик што е предност за градска вожња.

Које овој Гаљо има некој сознание? Каде му е плацот? Глем има и други коли по поволни цени ако не е некоја превара
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нема превара... само размисли вака: Просечен македонец врви по 10.000 км годишно. Минимум. Просечен европеец, нека врви 20.000 (цифрата можи да е поголема ама нема врска). За возило старо 10 години, математиката ти е 20.000 x 10 = 200.000 . Пошто гледаш малишан, ете нека е упола од мојата математика. 100.000. До 60? Некој го вратил километражот назад, 98%.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom