Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Еве и јас да пишам впечаток од дербито..
Ги уништивме!Ги руиниравме! Толку беа немоќни што тоа изгледаше јадно више.. Или поточно ние изгледавме толку моќно и силно пред нив што не верувам дека некој очекуваше дека така ќе бидат распоредени силите на теренот и дека така ќе изгледа утакмицата.Што според мене и беше нормално..Зошто? Тоа го зборев секаде,секогаш и стојам зад тоа..Милан е класа над Интер! По играчки квалитети,искуство за големи утакмици и победнички менталитет е класа пред Интер! Неста и Тиаго Силва се далеку поуиграни,поискусни и подобри од Киву и Ранонкија!Пато и Пандев не сакам да ги споредувам,Мота од средината со кого да го споредам..Само Занети го признавам за играчина таму и Цезар ги спаси да не примат 7.. Алегри и Леонардо нема потреба да се споредат,се виде на теренот кој е бољи тренер! Победата позаслужена неможеше да биде!Милан го надигра Интер во секој аспект од играта! Ме изненади Сидорф,ама се покажа дека формата е минлива,а класата е вечна!Имавме среќа што класата се покажа баш на тој натпревар,ама за тоа и зборев: Милан е класа над Интер! За да се покаже класа-треба да се има класа! :) Така да,горе-доле нема што да се коментира поединечна игра на било кој од тимот,само јас сакам да скренам внимание на АБАТЕ! Фала му на Леонардо што ни најде бек! :) Човекон се уигра на бековска позиција и сеа ќе треба да дојде некој ептен курназ за да го тргне!Се подобро и подобро игра!Во одбрана најчесто стига навреме да интервенира-има страшно добри лизгачки стартови,брз е,инает е-не да ва лесно да го поминат,се појше е концентриран на играта-не прави више грешки како што правеше..Е сеа треба се повеќе да влага во шеснаесетник!Како Кафу и Сержињо што правеа..Ако приметивте против Интер,ќе му даеа топка некаде на 17-18 метри и одма двајца му се местеа..Знаат дека е брз и продорен!Треба почесто да им пенетрира :) по десна страна и одма прави пометњи во шеснаесетник,а тоа секогаш е полезно!Само напред Абате!!Стварно се појше ми се свиѓа како игра и секако заслужува повик во репрезентација!
Пато расте! Овие 2 гола против Интер на вака битно дерби нему ќе му значат многу за самодоверба што треба да ја има секој голем играч!Ги реши Реал еднаш,ги реши Интер сеа..Не е заебанција уопште!Се покажа дека Алегри знае и ментално и психички да го крене играчот од криза во која падна Пато после повредата и неколкуте лоши игри што ги прикажа..
Робињо исто така е се бољи!Ми се свиѓа што игра за тимот,а не како тој што знаеше да се курчи на терен,као сам да е!Ќе биде уште подобар..Ова му е прва сезона,а како за прва одлична му е!

За мене Скудето не е завршена работа!Имаме тешки 2 наредни утакмици..Фиорентина и Сампдорија..За Фиорентина,сум оптимист,ама знаеме сите дека се незгодни,а и Михајлович за да му помогне на Интер е во стање се да напраи!Ако треба ќе влезе и ќе брани као голман плус!После Сампдорија ако држиме ваква разлика пред Интер можда може да се збори дека сме многу блиску до титула!Сега никако не! А што се тиче Наполи,не верувам дека тие имаат капацитет да го издржат ритамот..Не може Кавани секоја утакмица да ги ваѓа!Можат многу лесно да кикснат било кога..
Ама најбитно е што сега титулата ни е во раце!Се надевам нема да ја испуштиме! FORZA MILAN!!

--- надополнето ---

Незнам во шо конотација е, ама пиши нешто ... понекогаш судењето за оние кои погрешиле за жал дури сега ќе го забележите ... отприлика така нешто би требало да значи. Е сега дали го рекол тој или се однесува на него незнам.
Мислам дека е одговорот на Малдини кога го прашаа што мисли за Леонардо кога шупаков отиде во Интер..Со ова ја оправда и реакцијата на крајот од неговата последна утакмица во Милан-кога се поздрави со сите,а Леонардо го игнорираше!
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Сидорф највероватно ќе продолжи уште една година и јас би го сакал тоа ваква легенда кај нас да ја заврши кариерата највероватно и ќе игра за помала плата и нема да добива толку шанса за игра од следната година но да останеме доследни кон ваква легенда мислам дека вреди Милан никогаш не ги давал туку така тие играчи што играат со срце истото како со Малдини ја завршува кариерата во својот клуб не како Реал што направи со Раул (и самиот сакаше да си отиде),исто читам и дека Гатузо немало да си замине во Анжи кој имаат понуда до него.
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Гатузо,Пирло(можеби),Сидорф,Неста и Пипо нека ги продолжат договорите за уште една година,другото иде аут и летово се купуваат играчи за сите тие позиции.

Ова би требало да го направат ова лето.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Гатузо,Пирло(можеби),Сидорф,Неста и Пипо нека ги продолжат договорите за уште една година,другото иде аут и летово се купуваат играчи за сите тие позиции.

Ова би требало да го направат ова лето.
На Пипо доста му е фудбал нека иде у пензија.Пирло може да игра наредна сезона а Сидорф и Гатузо би биле сосема добри замени :)
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
На Пипо доста му е фудбал нека иде у пензија.Пирло може да игра наредна сезона а Сидорф и Гатузо би биле сосема добри замени :)
Сите ке бидат играчи што ке влагаат од клупа,Милан више не може да се надева дека на Пирло ке му се погоди денот и ке игра убаво мора да земат млад играч за на таа позиција и да се учи уз Пирло.

А за Пипо не се согласувам,дечкото и на 50 години ке биде опасен коа ке влезе у 16-ник,мислам дека ке се договорат за уште една година.

Јанкуловски/Одо/Амброзини/Бонера/Антонини очекувам да си ги спакуваат куферите.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Сите ке бидат играчи што ке влагаат од клупа,Милан више не може да се надева дека на Пирло ке му се погоди денот и ке игра убаво мора да земат млад играч за на таа позиција и да се учи уз Пирло.

А за Пипо не се согласувам,дечкото и на 50 години ке биде опасен коа ке влезе у 16-ник,мислам дека ке се договорат за уште една година.

Јанкуловски/Одо/Амброзини/Бонера/Антонини очекувам да си ги спакуваат куферите.
Покрај Ибра,Пато,Робињо,Касано тешко дека Пипо ќе може наредна сезона да влезе во 16ник :)
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Покрај Ибра,Пато,Робињо,Касано тешко дека Пипо ќе може наредна сезона да влезе во 16ник :)
Секад треба таков играч на клупа кога треба да се одмори некој,дали ради суспензии дали ради повреди.

ПИПО ВРЕДИ ЗЛАТО И ТОЧКА.

п.с
Го знаете генгстава?
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Не знам дали приметивте ама....играта на Милан е каде каде подобра без Пирло, подолго време го нема, сега кога до некаде имаме комплетен среден ред со Боатенг Бомел Гатузо и Абете и Замброта офанзивни бекови...топката многу полесно се пренесува од еден до друг крај, на дербито играчиве на Интер не знаеа од кај да покријат беа изгубени ко мали деца, пошо порано им беше лесно пушти го Камбијасо фластер на Пирло и доминираа на средина...Пирло е можеби најдобриот плејмејкер(либеро малку застарена позиција) во последниве 10 години шо играл(Пирло беше најголем "виновник" кога Италија освои СП 2006 буквално сам го водеше тимот).....али не може Милан да се ослонува на формата на Пирло...Порано да...тука беа Сидорф Кака...шо ако не му идеше не Пирло они ја преземаа играта....ако приметувате во тактиката на Алегри не се вклопува нај нај.....следната година треба безболно да се смени средниот ред...ги имаме веќе Емануалсон(кој мислам дека ќе добива повеќе минутажа догодина) и Боатенг кој докажа дека е вреден да игра на секоја позиција(нешто современа верзија на Сидорф) со Гансо(ако се вклопи добро со Робињо и Пато) би требало играта да добие на креативност....успешната ера на Анчелоти е зад нас....сега Алегри треба да креира генерација на играчи што ќе биде конкурентна и во ЛШ и во Серија А во наредниве 5-6 години
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Добро изигра Замброта тоа е одлично не можам да ги гледам дебаклите Бонера и Антонини тие комотно може да ги дадат некаде настрана но мора да остане некој како замена ја би повеќе за Антонини,за Пипо јас лично би сакал да остане иако нема да добива многу шанса сепак тоа знае да биде џокер од клупа треба таков играч да остане игра со срце и дава се од себе во граница на неговите можности.

btw Тиаго Силва по втор пат станал татко нека му е со среќа :)
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Абе каква пензија за Пипо..Доживотен договор да му понудат во Милан! :) Тој нема намера да се пензионира,а ако ние не му понудиме нов договор-ќе игра во друг тим,а јас неможам да го гледам Инзаги во друга екипа!! :) Тој не е некој играч што се буни ако не игра многу..Попрво Пипо би го чувал отколку Касано..мајке ми! :) Нека биде тука,ќе влага повремено,некогаш во ЛШ со аутсајдери некои да брка рекорд,на куп утакмици и ќе дава голови и ќе се радува на секој како прв да му е! Значи човекот ми е најомилен играч што постои!Ако му дозволат да оди во друга екипа јазк нека им е!
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.933
Поени од реакции
1.674
Денот когај Инзаги ќе иде у пензија ќе плачем ко мало дете ..

момент кој никоаш нема да го забраем
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Извинтете вака ако некој овде се најде навреден,ама тие што ги пишуваат статиите на странава http://acmilan-mk.com/ обавезно треба да одат на часови по македонски и да научат како треба да изгледа озбилна страна за Милан на нет..Ако ова ни е единствената официјална,за никаде сме стварно..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom