Поздрав росонери и росонерки !
Прво да искоментирам нешто за утакмицата со Удинезе.
Уште кога ја видов одбраната Антонини-Бонера-Силва-Абате знаев дека ќе паднат најмалце 2 гола
заради грешки што ќе бидат направени од наша лева страна.Уште еднаш Антонини и Бонера ни докажаа
дека не се способни да ги брант боите на Милан.
Во првото полувреме бевме очајни не создадовме ни една асална шанса така да 1-1 беше супер резултат
за нас во 1 полувреме.
Во второто веќе почнавме на личиме на оној Милан на кој што се навикнавме оваа година.Одличноо
почнавме во 2 полувреме создадовме шанси но џабе пак ние бевме екипата која што треба да брка
водство на противникот.Поминаа 10мин од како ја извадивме топката по 2 пат од нашата мрежа и
одново примаме гол 1-3.Сепак не се откажавме од бодовите и тргнавме пак офанзивно и постигнавме еден
гол на среќа.После овој гол некако се врати желбата за игра и постигнавме многу брзо и гола за
3-3.Кога повеќето очекуваа Милан да тргне кон 3те бода Милан прима и четврт гол од играч што на теренот беше неполни 5
минути.Но сепак не се откажаа нашите и постигнаа уште 1 гол за да извлечеме бод од кој треба
да сме задоволни.На крајот Абате да асистираше за Пато а не да шутираше можеше да стигнеме и до
5-4 што би било сосема незаслужено.
Во 18 кола Милан имаше примено 13гола а сега за еден натпревар прима 4 гола што е повеќе од
1/3 од головите шти ги имавме примено пред тоа.
Заклучок: Катастрофална игра во одбраната.Со ваква одбрана можеме да се простиме и годинава
од скудетото.
Решение: Да се донесе лев бек кој не мора да биде класа играч туку играч со кој ќе треба да ја
изгураме оваа сезона и да се најде замена за Неста зошто апла очигледно е дека не можеме да се
потпреме на него.
На Сан Сиро немаме победа од 04/12/2010.Последен пат дома славевме против Бреша 3-0.
На гостински терен Милан годинава игра перфектно последен пораз Во Сериа А ни е на 11/09/2010 од
Чезена 2-0.
Наредните 3 меча ни се прилично лесни... на гости кај Лече па дома со Бари и Чезена.После тоа
следува гостување кај Катанија па дома играме со Лацио и на гости кај Џенова. Ова се мечеви кој
што МОРА да се добијат зошто после следува еден густ распоред каде што имаме и меч од ЛШ.
Фала му на Роналдињо за се што нарпави за нас посебно фала за минатата сезона !
Ониеву не го ни видовме како игра за Милан а си отиде.После они инзворедни партии на светското
мислев дека сезонава ќе добие шанса но ништо не го ни викаа за на утакмици.
Деновиве се шпекулира дека сме заинтересирани за неколку играчи од одбраната.Видоа на мечот со Удинезе
каде е најголемиот поблем на Милан и да се надеваме дека ќе донесат некој дефанзивец зошто со Анте и Мудрецот не ни се пишува
добро.
Ако успеат да го земат Мексес за 5м како што се шпекулираше би било одлично.За Бонера на позицијата стопер е Кока-Кола.
Босингва ако стварно ни е понуден за 2м би било греота да го пропуштиме.