Скопје ќе добие нов Луна Парк

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Скопје ќе добие нов Луна Парк. Ова е еден од проектите на Градот за наредната година. Иако имаше неколку неуспешни обиди, градоначалникот Коце Трајановски смета дека од наредната година, децата ќе можат да се забавуваат во Луна Паркот. Сепак изградбата на еден забавен парк, била скапа инвестиција вели Трајановски.

“Луна Паркот е скапа работа. 4 хектари според пресметките чинат 18 милиони евра,а за 2 хектари на колку што се протега сегашниот Луна Парк, чини 12 милиони евра”, вели Коце Трајановски градоначалник на Скопје.

Покрај Луна Паркот за следната година градските власти планираат да започнат со изградба на Булеварот Теодосиј Гологанов, подземната улица под Плоштадот Македонија, Железниот мост кај Сарај.

извор:http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=69289

Све е ова убаво ,јас ги поддржавам сите проекти само имам замерка на тајмингот ,реалната состојба и приоритетите на скопјани.Затоа имам само 2 коментара на ова.

 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Инвестицијата во Луна парк ќе им се врати повеќекратно.Подржувам ваков проект на Град Скопје.
Само не верувам дека во 2011 ќе направат барем 1/100 од ова набројаново.Но затоа се политичари да ветуваат и да ветуваат.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ни фалат вакви работи во Македонијава, исто така ни фали и воден парк во Охрид. Се надевам некој некогаш и негде же направи.
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Ни фалат вакви работи во Македонијава, исто така ни фали и воден парк во Охрид. Се надевам некој некогаш и негде же направи.
И пирани в езерото :))))))

Луна парк - може. Исто така, може да се досреди комплетно градскиот парк. Да биде комплетно убав за шетање секаде.. не само новиот дел. Да се исчистат езерцата (во нив можеше да се напраат фонтани не во Вардар) и да се обноват мостчињата.
Идеи еден тон имам.. ама не ги прифаќаат овие шизициве од власта. :)
 
M

MacedoniaGirl

Гостин
Му треба нов Луна Парк на Скопје, така што го поддржувам овој проект на град Скопје и изградбата на Булеварот Теодосиј Гологанов, подземната улица под Плоштадот Македонија, Железниот мост кај Сарај! Преродбата продолжува ... : )
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Му треба нов Луна Парк на Скопје, така што го поддржувам овој проект на град Скопје и изградбата на Булеварот Теодосиј Гологанов, подземната улица под Плоштадот Македонија, Железниот мост кај Сарај! Преродбата продолжува ... : )
Исто така подржувам и стрелачки вод да формираат,за да може да се исчисти воздухот во Македонија.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.676
Поени од реакции
13.281
Да бидам искрен ова е една од работите што на Скопје навистина му треба. Комплетна обнова на лунапаркот каде што се наоѓа сеа, као што рече мр.Викет погоре истотака и езерцата и останатиот дел да биде освежен. Но...Се` ми мириса како за план ставен меѓу последните редови. Битно ќе имаме музеј на восочни фигури.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.401
Поени од реакции
7.663
Исто така подржувам и стрелачки вод да формираат,за да може да се исчисти воздухот во Македонија.
Љуби го ближниот свој ко што се сакаш себе си (Божја заповед).
Кад видиш да човек ради, склони се, не ометај му (Непознат црногорски мудрец).

Патем, ова е долготраен процес, меѓутоа инвестицијата и тоа како ќе се врати. Видете пример зоолошката градина. Откако ја направија да личи на зоолошка градина таму е преполно.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
На Скопје му треба провинцијалците да си одат дома не Луна парк.
 
Член од
8 ноември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
6
Баш сакам луна парк, ама за "големи" деца :), ама навистина и сакам да биде готов побрзооо.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ќе биде јако осеќам :) Коце сигурно прв ќе го испроба да се осигура дали се реквизитите во ред (сигурно и шеќерна волна ќе си земе за да го зголеми впечатокот) :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom