20 мисли за религијата кажани од атеисти

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Во светот има многу култури и многу религии и често се случува некој да ја смета својата религија за посупериорна од другата, или попросто кажано, има доста луѓе кои што се длабоко убедени дека тие се во право, при што нивните аргументи главно лежат врз предрасуди. Покрај религиозните, има и такви кои што не веруваат во никакви натприродни сили. Многу од атеистите се доста интелегентни луѓе и нивните мисли се често доста „боцкави“ и провокативни, и често не наведуваат на подлабоко размислување. Еве дваесет такви цитати, за кои што како и секогаш вашите мислења можете да ги кажете во коментарите.

20. Човек е прифатен во црква за тоа што го верува, и е одбиен за тоа што го знае. (Марк Твен)
19. Филозофијата претставува прашања кои што можеби никогаш нема да бидат одговорени. Религијата претставува одговори кои што никогаш не треба да бидат доведени под знак прашање. (Анонимен)
18. Со или без религија ќе имате добри луѓе кои што вршат добри дела и зли луѓе кои што чинат злодела. Но за добрите луѓе да прават лоши нешта, за тоа ви треба религија. (Стивен Вајнберг)
17. Штом црквата и Библијата очигледно грешат во своите објаснувања за тоа од каде доаѓаме, тогаш како можеме да им веруваме за тоа каде одиме? (Анонимен)
16. Невидливото и непостоечкото си личат. (Делос Б. Меккон)

15. Две раце во работа можат да сторат многу повеќе од илјада раце склопени во молитва. (Анонимен)
14. Слепата верба е ироничен подарок за возврат на Создателот на човечката интелегенција (Анонимен)
13. Тоа што може да биде прифатено без доказ може и да биде побиено без доказ. (Кристофер Хичинс)
12. Мислам дека и двајцата сме атеисти. Јас само верувам во еден бог помалку од тебе. Кога ќе разбереш зошто ги негираш другите можни богови, тогаш ќе разбереш и зошто јас го негирам твојот. (Стивен Робертс)
11. Не ме мачат нештата во Библијата кои што не ги разбирам, туку тие кои што ги разбирам (Марк Твен)

10. Атеизмот е непрофитна организација (Џорџ Карлин)
9. Апсолутната вера не расипува исто како и апсолутната моќ, но апсолутната моќ единствено се расипува во рацете на апсолутно верните. (Анонимен)
8. Боговите се ранливи нешта: тие можат да бидат уништени со малку наука или доза на здрав разум. (Чепмен Коен)
7. Кога еден човек страда од привидувања, тоа се нарекува лудило. Кога многу луѓе страдаат од привидувања, тоа се нарекува религија. (Роберт Пирсиг)
6. Животните немаат богови, премногу се умни за такво нешто. (Рони Сноу

5. Повеќето религии ја пророкуваат пропаста на светот и упорно работат на тоа нивните пророштва навистина да се случат. (Анонимен)
4. Религиите се како пилули кои што треба да се проголтаат без да се џвакаат. (Анонимен)
3. Да не бев атеист, ќе верував во Бог кој што одбира да ги спасува луѓето врз основа на нивните дела, а не врз основа на нивните зборови. Мислам дека тој повеќе би ценел искрен и праведен атеист од некој проповедник чиј што секој втор збор е Бог, Бог, Бог а секое второ дело е измама, измама, измама. (Исак Асимов)
2. Религијата од обичните луѓе се смета за вистинита, од мудрите за лажна, а од владетелите за полезна. (Сенека Помладиот)
1. Дали Бог сака да го спречи злото, ама не може? Тогаш не е семоќен. Дали може, ама не сака? Тогаш е зловолен. Дали може и сака? Тогаш од каде сето зло? Дали ем не може, ем не сака? Тогаш зошто се нарекува Бог? (Епикур)
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
Горе доле ,убаво кажано....инаку сум забележал колку повеќе и повеќе атеисти има на околу....да не претерам ама ми се чини дека има повеќе атеисти него верници (поготово кај младите генерации) .
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
добро кажено, сите тие се големи мислители ;)
извор

јас спаѓам меѓу тие, атеистите, можеби само мал процент од мене верува во Господ, али тоа е ептен мал дел.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Горе доле ,убаво кажано....инаку сум забележал колку повеќе и повеќе атеисти има на околу....да не претерам ама ми се чини дека има повеќе атеисти него верници (поготово кај младите генерации) .
Мене ми е чудно кога гледам деца на природно научни факултети, а се теисти. Тој тренд на зголемување на атеистите е добра вест, замисли да се зголемуваат теистите, тоа ќе биде лошо за следните генерации. Сепак колку што гледам јас ретко се одлучуваат децава да признаат дека се атеисти, ама и голем е бројот на верници.
Пак ќе кажам, многу ми е чудно интелегентни деца да се верници, барем во денешно време.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пак ќе кажам, многу ми е чудно интелегентни деца да се верници, барем во денешно време.
Аууу, бе човек, кој ти е заклучоков...По твојава јааааааака логика, ќе испадне дека саде идиоти можат да бидат верцници.

Светите Оци во Црквата не да се интелигентни, туку се до таа мера интелигентни, што Господ Бог сами им се јавува, ради нивната достојност да бидат Боговидци! Во споредба со Светите Оци, мудроста од световните мудреци звучи како обичен виц.

Дај кажи ми/ни, на кого од овие световни мудреци, им се јавил Бог, под услов, да не им се јавил оној другиот, кој сакаше да биде бог?
 
А коа им се јавува шо им вика на тие твојте? Силувај децааа, купи џип мерцеедеесс три иљади кубициии а?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

А коа им се јавува шо им вика на тие твојте? Силувај децааа, купи џип мерцеедеесс три иљади кубициии а?
На погрешни прашања, се дава погрешен одговор. А кога некој ќе ти постави прашање, треба да му одговориш, барем таков е редот, а не да му поставиш прашање на веќе поставеното прашање.

Патем кажано, што ти бодат очи мерцедесите? Па секој појак бизнисмен вози скапа кола или џип, кои можеш да ги видиш низ град пред твојот нос, но тоа за тебе е „...так нормално...„ ама кога поп вози, тогаш тоа е проблем, така?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Јаки се мисливе нема што, мудроста нема ништо заедничко со религиите таа е омразена од нив, ако сакаш да те прогонат говори ја вистината...тоа е тоа.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Аууу, бе човек, кој ти е заклучоков...По твојава јааааааака логика, ќе испадне дека саде идиоти можат да бидат верцници.

Светите Оци во Црквата не да се интелигентни, туку се до таа мера интелигентни, што Господ Бог сами им се јавува, ради нивната достојност да бидат Боговидци! Во споредба со Светите Оци, мудроста од световните мудреци звучи како обичен виц.

Дај кажи ми/ни, на кого од овие световни мудреци, им се јавил Бог, под услов, да не им се јавил оној другиот, кој сакаше да биде бог?
Дали ќе бидеш така добар и да ни го кажеш твоето мислење за дваесетте гореспомнати мисли???
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Ај да скокотнам малку, а што е верник?

Верник наспроти атеист? Може некој да го опише современиот верник и современиот атеист?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Ај да скокотнам малку, а што е верник?

Верник наспроти атеист? Може некој да го опише современиот верник и современиот атеист?
Верникот не го интересира вистината, а атеистот го интересира тоа е разликата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали ќе бидеш така добар и да ни го кажеш твоето мислење за дваесетте гореспомнати мисли???
Начелно, коментариве од атеистиве би ги споредил со ситуација во која лекот за некоја моја болест би го барал не кај лекар туку кај автомеханичар (ха-ха-ха!).

Да бидам појасен: сите поединци, кои сеуште не поверувале во вистинскиот Бог и не ги прифатиле од Бога откриените вистини, а од друга страна се обидуваат да ги отркијат вистините од овој Свет со својот ум, редовно изразуваат критички ставови кон религијата.

Но, дур сме живи, никогаш не е доцна за преумување...

--- надополнето ---

Верникот не го интересира вистината, а атеистот го интересира тоа е разликата.
Напротив: како што пред малку напишав, верникот го интересира од Бога објавената, совршена и конечна вистина, а атетистот се обидува да ја отркие вистината со својот ограничен ум и со својата огревовеност, наспроти Божјата неограниченсот и совршеност...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Навистина колку грди особини се толеранцијата и љубовта, колку е нелогично некој да зборува за непосакување лошо, за мир... :icon_roll
Од секогаш ме нервирала ароганцијата на атеистите по однос на тоа прашање. Го почитувам изборот, секој има право да избере дали ќе верува, ама ароганцијата демек они се интелегентни и мудри, а верниците не се, е таа што ме тера едноставно да ги одбегнувам луѓето, или барем да одбегнувам било какви дискусии со нив. Затоа и не ни пишувам во подфорумот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom