Министерот Димовски се сретна со тутунарите, остануваат најавите за протести.

T

Tetro

Гостин
Дали тутунарите ги чека истата судбина како лозарите?

„Ние бараме цена од 12 до 15 денари.
-За пет денари не се исплати“, велеа лозарите.

Но, како поминуваа деновите, така блокадите попуштаа, а лозарите омекнуваа, заедно со грозјето. Имаше тука и кртови земјоделски и владини тактики, министерски ветувања или финти, што би рекле тутунарите.

„Барањата наши се исполнети и мислам дека нема потреба да го држиме тој однос, за вранецот, за смедеревката сметам дека ќе се направат дополнителни напори“, рече Љупчо Аризанов (19.09.2010).

„Со субвенцијата која што вечерва ја изменаџиравме, договоривме, искреиравме, како дополнителна мерка, сметам дека земјоделците навистина би требале да бидат задоволни од вкупниот износ кој што би требало да го добијат по килограм“, изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство (19.09.2010).
Четири месеци поминаа од катастрофалниот откуп. Лозарите ни пари видоа, ни субвенција.

60 денари за килограм тутун. Субвенциите кои ги добиваат тутунарите од државата се највиски во последните 8 години. Прво нема да дадат добра цена, после ќе се фалиме со 60 денари.

Тензии на блокадите на тутунарите
Наместо притисок на тутунарите, денеска во Прилеп имаше притисок на полицијата. Протестите на тутунарите започнаа во тензична атмосфера бидејќи полицијата не им дозволуваше да го блокираат патот Прилеп - Битола, но тие беа упорни и сепак застанаа на блокадите.

„Да ги засука Груевски ракавите да влезе во Тутунски комбинат и просечната цена во Тутунски да биде 190 денари или како лани“, рече тутунар.

„Истиот проблем беше и лани, во стартот тутунот се купуваше слабо, потоа Тутунски комбинат Прилеп по налог на државата ги зголеми цените и сите приватни откупувачи ја зголемија цената за трка по тутун, па тоа нека го направат и годинава“, вели тутунар.

Инаку сликата во Тутунскиот комбинат и денеска беше иста, тутунарите обвинуваат дека и денеска се давале високи класи само на луѓе кои се блиски до власта за да на таков начин се прекине протестот.

„Се е монтирано, не се плаќа како што треба, ги носат горните класи, прва не даваат, само втора мал дел и а3“, рече тутунар.

„Тие што носат се нивни луѓе, носат само горни класи, нека однесат диб, па ќе видам како ќе им помине“, вели друг тутунар.

„За да нема штрајк, затоа и денеска немаше луѓе како вчера на штрајкот, затоа ги даваат овие класи денеска, некои луѓе сега ќе земат некој денар, поединци ќе добијат, а ние сите останатите ќе платиме за се“, истакна трет тутунар.
Продолжува штрајкот на пелагониските тутунари

„Апелирам до пратениците од партиите на Албанците да помогнат околу предавањето на тутунот, оти нашето население во Долнени претежно живее од тутунот и немаме пари, а децава ни одат на училиште“, вели Рефит Имаровски, с. Долнени.

„Мала е минатогодишната цена во однос на скапотијата, како што поскапи нафтата, бензинот и сè друго“, вели Гоце Трајкоски, тутунопроизводител.
Министерот Димовски денеска треба да се сретне со откупувачите, а потоа со тутунопроизводителите. Во прилепскиот регион денеска беа отворени само неколку откупни пунктови, на кои тутунот се откупуваше по цена од 140 до 150 денари по килограм, што е под просечната барана цена од над 190 денари за килограм.

И денеска се протестираше и бојкотираше во радовишкиот регион. Тутунарите се жалат, секој ден откупот на тутунот е полош од претходниот, откупната цена никако да мрдне од просечната 80 денари за килограм.
Вака повеќе не може, излегуваме на масовни протести, нашите деца ќе трпат за леб, се жалеа тутунарите.

„Да разбере оваа власт што се случува,народот нема леб да јаде,на нив им е арно таму што земаат по пет илјади евра плата нека дојдат да ја видат сиромаштијата на народот“, рече тутунар од Радовиш.

„На полошо оди на поарно не, секој ден полошо, нема подобрување на цените“, вели тутунар.

Револтот денеска го зголемија проценителите, им рекле на тутунарите дека не смеат да ценат прва класа, иако тутунот бил квалитетен.

„Нема златен тутун не ти го даваат и крај, вика не смеам да го дадам, зошто не смее, така вика ценачот, а кажува дека е за прва класа, така му викале одозгора“, рече тутунар.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
koj to tamu ebava:

Тутунарите и откупувачите, по пет часа разговори, доцна синоќа во Владата се договорија. Строго да се почитува квалитетот на тутунот по класи, сите откупните центи да бидат отворени, земјоделската инспекција да биде постојано на терен, а просечната откупна цена да изнесува 170 денари по килограм откупен тутун.

- Ветено е дека Владата ќе стои зад нас да се постигне просечната цена приближна со ланската и за тоа даваме рок од 48 часа да се види на терен ако тоа се постигнува ќе продолжи откупот ако не ќе се преземат други санкции, изјави Менде Стомаровски, тутунопроизводител од Кривогаштани.

Откупните претпријатија не беа расположени за изјави, но се согласиле да ги откупат сите количини на тутун. Во земјоделскиот инспекторат ќе има отворена телефонска линија да се пријават неправилности.

- Би сакал да упатам уште еден апел до производителите на тутун, не треба да се грижат, не треба да шпекулираат дека ќе се случи праксата од минатите години, договорено е да имаме стабилна цена оваа сезона ги повикувам да го дадат и најквалитетниот тутун кај преработувачите, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Дека договорот ќе се почитува, тутунарите и владините претставници си подадоа рака. Засега се задоволни, а протестите се ставаат во мирување.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=69153

dali vlasta navistina saka da im pomogne na rajava ili samo taka izjavuva, ili pak nekoj se igra i so rajava i vlastive.
Otkupuvacive ne bile raspolozeni za komentar ama se soglasile da vrsat otkup, so drugi zborovi ne im e po volja da rabotat kako sto bara vlasta.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
и попладнево повторно иста прикаска, се декласира тутунот, не се отворени сите откупни центри и сега...? што се прави?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
и попладнево повторно иста прикаска, се декласира тутунот, не се отворени сите откупни центри и сега...? што се прави?
Ништо , .. ќе се залегне на ладниот асфалт..:toe:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
не не... не проаѓа више ова вака кај народов... изнапатен е... со години више залегнува на асвалт... мора промени да има... редно е веке...
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Целата работа се состои во тоа што светските цени на тутунот се не помали од лани, како што велат, и како што власта не демантира. Прашање е дали компаниите лани работеле со загуба заради цената на тутунот која во просек беше нешто над 3 евра? И за тоа ниту збор. Се се знае дека годинава се тврди дека квалитетот на тутунот во просек е подобар од лани, а цените кои што ги добиваат тутунарите на откупните пунктови, сериозно помали. И сега нормално дека ќе има револт кај тутунарот. Зошто таква неправда? Како можат да се менуваат критериумите преку лето? Тутунарот знае дека тука некој ќе профитира на негова сметка, нереално намалувајќи ја вредноста на неговиот труд.
Сите оние кои се радуваат ако тутунарот не добие правилна цена за својот производ, или кои го презираат тутунарот, или кои непромислено го осудуваат неговиот протест, се антинародно, оттука - антимакедонски расположени. Значи на некои луѓе поважни им се профитите на поединци и странци, отколку афирмирање на македонските тутунопроизводители (стотици илјади луѓе автохтоно, чесно, трудољубиво, продуктивно македонско население). Тоа се нечесни луѓе.

А власта имаат право тутунарите што ја повикуваат на одговорност. Во рацете на власта сеуште е најголемата и најважната компанија во Македонија која се занимава со откуп на тутун, а тоа е Тутунскиот Комбинат Прилеп. Власта никогаш не била надвор од игрите со цените на тутунот. А не ни може, ни пак треба да биде надвор, со оглед на условите на пазарот. Вистина е дека истата власт овозможи најдобри примања на тутунарите во последниве 20 години, меѓудругото и заради солидната субвенција од 1 евро за килограм. Но зарем сега сето тоа треба да се поткрадне? Бидејќи ако критериумите за ценење на тутунот неоправдано се измениле, а власта сооддветно ефективно не реагира на тоа да не се случи, тоа не е ништо друго освен соучество во крадење на народниот труд.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Колку е смешно ова.. Демек ќе ги принудат одкупниците да платат повеќе.. ветар во магла.. нема да се случи тоа.. нема да купувуваат одкупниците ако некој му диктира цени, нема да има отоворени пунктови, нема да има откуп... така тутунарите ќе гледаат да прдадат на било која цена и ќе биди полошко...

ценовно фиксирање никогаш не успеално и никаде...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Ако не откупуваат “откуците“ , државата треба да им го откупи и да го смести во стокови резерви затоа што и државата има свој комбинати кој откупуваат тутун
 
Член од
28 септември 2009
Мислења
39
Поени од реакции
8
На сите оние што не веруваат во маката на тутунарите ќе им кажам едно-ДА ДАДЕ ГОСПОД ДЕЦАТА ДА ВИ САДАТ ТУТУН!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Колку е смешно ова.. Демек ќе ги принудат одкупниците да платат повеќе.. ветар во магла.. нема да се случи тоа.. нема да купувуваат одкупниците ако некој му диктира цени, нема да има отоворени пунктови, нема да има откуп... така тутунарите ќе гледаат да прдадат на било која цена и ќе биди полошко...

ценовно фиксирање никогаш не успеално и никаде...
АЛО БЕ!!!! никој не збори за цената на откупт... сите зборат за декласирање на тутунот... имаш ти појма за што станува збори што значи тоа декласирање? тутун од прва класа го гледа и му вика дека е 3-та класа... и му плаќа како за трета класа... тутун од 3-та вели дека е 6-та и плаќа како за 6-та... е тоа е декласирање и крадење на народот... башка што субвенциите нигде ги нема веке 2-ра година... ветени, одобрени, дозволени и изгласани субвенции, не се исплатени... јас знам кај се субвенциите... ене ги на плоштад во скопје излеани преку бронзата во шмизли, бикови, звончиња, чистачи, лавови и слични грди статуетки... да не праиме муабет за лавовите анорексични и футуристичко надреални...
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189

Колку што е моабетот врзан со цената на откупот, толку е врзан и со субвенциите а уште помалку е врзан со статуите во Скопје- или како ти одговара, така? Ти знаеш кај се субвенциите? хахах
Декласирање? И тоа не е сеуште сигурно, слушната е само страната на тутунарите и она што тие го тврдат, а секако никој нема да рече дека неговиот тутун е 3та класа, знаејќи дека ќе добие помалку пари. А можеби и годината беше таква (со многу врнежи) што допринело за намалување на квалитетот на тутунот? Ама не, не се гледа тоа... тутунарот вели 1 класа е и готово.
Просечно лани секое семејство кое одгледувало тутун, (да земеме просек) ако имало 2 тона тутун, добило 510.000 денари... малце?
Ако не откупуваат “откуците“ , државата треба да им го откупи и да го смести во стокови резерви затоа што и државата има свој комбинати кој откупуваат тутун
Тутунот не е вино па да биде колку постар толку подобар, квалитетот опаѓа - ќе знаеш што зборувам ако си запалил стар тутун... така да, заеби моабетот за стокови резерви.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Колку е смешно ова.. Демек ќе ги принудат одкупниците да платат повеќе.. ветар во магла.. нема да се случи тоа.. нема да купувуваат одкупниците ако некој му диктира цени, нема да има отоворени пунктови, нема да има откуп... така тутунарите ќе гледаат да прдадат на било која цена и ќе биди полошко...

ценовно фиксирање никогаш не успеално и никаде...
:zver:
Катастрофа. Од лошо на полошо оди. Откупот на тутунот станува неизвесен - со овие зборови денеска е пречекана екипата на А1 на откупните пунктови во струмичко-радовишкиот регион. Наместо да спласнува, револтот на тутунарите расте.

Гласот го креваат и во струмичко. Најголем дел од откупните пунктови се бојкотирани и тутунот не се предава.

Откако втор ден по договорот со министерот за земјоделство не се почитува договорената просечна цена од 170 денари за килограм.

Наместо оваа цена, тутунарите овде на откупниот пункт во Владевци, велат дека просечната цена не се помрднува од 100 денари, а на некои откупни пунктови таа е и пониска.

Тутунарите се категорични и велат - не го даваме тутунот за оваа цена, бидејќи таа е ниска и понижувачка и со неа не се исплаќа тутунарската мака.

Слична е состојбата и на откупните пунктови во радовишко - ниска откупна цена и нереална проценка по класи.

Откако видоа дека подобрување со откупот нема, тутунарите се подготвуваат за масовни протести, но со порадикални мерки. Respect Tomi и :helou:
 
Чекај сеа да видиш кога ќе се јадат меѓусебе за предаторско продавање (на пониски цени од договоренитЕ)..

Во суштина тутунарите кај нас пробуваат да направат картел и да ги кренат цените, картелот секогаш низ историјата бил бајат концепт ако не бил подржан од државата(со закон - во случајов не важи пошто подршката е декларативна само)....

Добро прашање е ако тие купуваат на 100 денари, тогаш кој продава ?? The smart guys!

Финтата е таа на понудата и побарувачката и урамнотежувањето на пазарите. Не можи ти да фаворизираш една група на доход(тутунари), да пумпаш пари во нивниот сектор, да ја зголемуваш нивната релативна матријална положба во однос на другите без да имаш пораст на реалната продуктивност и ефикасност. Можи да, година две.. Но пазарот нема да дозволи (освем ако не му доделиш картел) до бесконечност да ја подобруваш нивната положба за сметка на другите (откупниците, работниците во фабриките, пушачите итн итн).

Ова што го гледаме сега не е предаторски откуп туку сведување на цените/доходите на реалните продуктивности/квалитет...

Кој е тој тутунар што ќе кажи дека тутунот негов е неквалитетен ? И кој е таа будала од бизнисмен што ќе пропушти енрормен профит класираќи подобро и плаќаќи подобро и отпкуваќи го цело производство ?

Имам предлог за сите тутунари: Ако мислите дека тутунот е неправедно платен, неправедно класиран и откупен, здружете го капиталот, направете фирма за откуп, вработете професионалци - откупете го целото производство по праведни цени и класи и напрајте извоз. Не само што ќе земите "правeдна" цена за тутунот туку и ќе земите дел од маржите што ги имаат злобните трговци.
 
Беше така, порано.

Монополите (фирмите за откуп) беа под државата, и зависно заработеното секоја година си делеа дивидента, и тоа голема, помеѓу вработените. Беа акционери, на некој начин.

Државата реши да ги продаде тие фирми, и настана мафија.

И сега, незадоволни се тутунарите, додека се прави добар бизнис. Додека земјоделците се идиоти за државата, а мафијата продолжува да работи на терен.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
„За Нова Година границата е од нас блокирана па тие големите да видиме каде ќе одат, да видиме дали ќе му биде убаво кога ќе го вратиме од границата да не може да оди за Грција на одмор“, рече Андон Божинов, тутунар. :lud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom