T
Tetro
Гостин
Дали тутунарите ги чека истата судбина како лозарите?
60 денари за килограм тутун. Субвенциите кои ги добиваат тутунарите од државата се највиски во последните 8 години. Прво нема да дадат добра цена, после ќе се фалиме со 60 денари.
Тензии на блокадите на тутунарите
Наместо притисок на тутунарите, денеска во Прилеп имаше притисок на полицијата. Протестите на тутунарите започнаа во тензична атмосфера бидејќи полицијата не им дозволуваше да го блокираат патот Прилеп - Битола, но тие беа упорни и сепак застанаа на блокадите.
И денеска се протестираше и бојкотираше во радовишкиот регион. Тутунарите се жалат, секој ден откупот на тутунот е полош од претходниот, откупната цена никако да мрдне од просечната 80 денари за килограм.
Четири месеци поминаа од катастрофалниот откуп. Лозарите ни пари видоа, ни субвенција.„Ние бараме цена од 12 до 15 денари.
-За пет денари не се исплати“, велеа лозарите.
Но, како поминуваа деновите, така блокадите попуштаа, а лозарите омекнуваа, заедно со грозјето. Имаше тука и кртови земјоделски и владини тактики, министерски ветувања или финти, што би рекле тутунарите.
„Барањата наши се исполнети и мислам дека нема потреба да го држиме тој однос, за вранецот, за смедеревката сметам дека ќе се направат дополнителни напори“, рече Љупчо Аризанов (19.09.2010).
„Со субвенцијата која што вечерва ја изменаџиравме, договоривме, искреиравме, како дополнителна мерка, сметам дека земјоделците навистина би требале да бидат задоволни од вкупниот износ кој што би требало да го добијат по килограм“, изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство (19.09.2010).
60 денари за килограм тутун. Субвенциите кои ги добиваат тутунарите од државата се највиски во последните 8 години. Прво нема да дадат добра цена, после ќе се фалиме со 60 денари.
Тензии на блокадите на тутунарите
Наместо притисок на тутунарите, денеска во Прилеп имаше притисок на полицијата. Протестите на тутунарите започнаа во тензична атмосфера бидејќи полицијата не им дозволуваше да го блокираат патот Прилеп - Битола, но тие беа упорни и сепак застанаа на блокадите.
Продолжува штрајкот на пелагониските тутунари„Да ги засука Груевски ракавите да влезе во Тутунски комбинат и просечната цена во Тутунски да биде 190 денари или како лани“, рече тутунар.
„Истиот проблем беше и лани, во стартот тутунот се купуваше слабо, потоа Тутунски комбинат Прилеп по налог на државата ги зголеми цените и сите приватни откупувачи ја зголемија цената за трка по тутун, па тоа нека го направат и годинава“, вели тутунар.
Инаку сликата во Тутунскиот комбинат и денеска беше иста, тутунарите обвинуваат дека и денеска се давале високи класи само на луѓе кои се блиски до власта за да на таков начин се прекине протестот.
„Се е монтирано, не се плаќа како што треба, ги носат горните класи, прва не даваат, само втора мал дел и а3“, рече тутунар.
„Тие што носат се нивни луѓе, носат само горни класи, нека однесат диб, па ќе видам како ќе им помине“, вели друг тутунар.
„За да нема штрајк, затоа и денеска немаше луѓе како вчера на штрајкот, затоа ги даваат овие класи денеска, некои луѓе сега ќе земат некој денар, поединци ќе добијат, а ние сите останатите ќе платиме за се“, истакна трет тутунар.
Министерот Димовски денеска треба да се сретне со откупувачите, а потоа со тутунопроизводителите. Во прилепскиот регион денеска беа отворени само неколку откупни пунктови, на кои тутунот се откупуваше по цена од 140 до 150 денари по килограм, што е под просечната барана цена од над 190 денари за килограм.„Апелирам до пратениците од партиите на Албанците да помогнат околу предавањето на тутунот, оти нашето население во Долнени претежно живее од тутунот и немаме пари, а децава ни одат на училиште“, вели Рефит Имаровски, с. Долнени.
„Мала е минатогодишната цена во однос на скапотијата, како што поскапи нафтата, бензинот и сè друго“, вели Гоце Трајкоски, тутунопроизводител.
И денеска се протестираше и бојкотираше во радовишкиот регион. Тутунарите се жалат, секој ден откупот на тутунот е полош од претходниот, откупната цена никако да мрдне од просечната 80 денари за килограм.
Вака повеќе не може, излегуваме на масовни протести, нашите деца ќе трпат за леб, се жалеа тутунарите.
„Да разбере оваа власт што се случува,народот нема леб да јаде,на нив им е арно таму што земаат по пет илјади евра плата нека дојдат да ја видат сиромаштијата на народот“, рече тутунар од Радовиш.
„На полошо оди на поарно не, секој ден полошо, нема подобрување на цените“, вели тутунар.
Револтот денеска го зголемија проценителите, им рекле на тутунарите дека не смеат да ценат прва класа, иако тутунот бил квалитетен.
„Нема златен тутун не ти го даваат и крај, вика не смеам да го дадам, зошто не смее, така вика ценачот, а кажува дека е за прва класа, така му викале одозгора“, рече тутунар.