Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Здрави, убави и негувани нокти се украс на раката, како за жените, така и за мажите. Мажите воглавно не обрнуваат многу внимание на ноктите; жените умеат да им обрнат големо внимание на ноктите, за да изгледаат поубаво. Убавит изглед е супер, но ноктите не служат само за маникир. По нивниот изглед, односно по ”маните” од кои ноктите некогаш страдаат, може да се заклучи за вашето здравје. Здрав нокт е благо заоблен, розевкаст, мазен и сјаен. Доколку вашите не се такви, еве што би можело да е причина за проблем.
Површината на ноктите е брановидна: тоа често укажува на сува кожа. Всушност, се работи за мал проблем кој е лесно да се реши со козметички третман и негување на кожата на телото, рацете и редовно мачкање на ноктите (посебно на неговиот корен) со адекватни козметички препарати.
Жолти флеки на ноктите, вдлабнатини, ронење на ноктите: секој од овие симптоми може да значи дека имате некое гливично оволување. Не би требало да бидете сами свој доктор, туку да одите кај дерматолог – и тоа што побрзо, затоа што ваквите инфекции лесно се шират, лесно е да биде заразен и некој друг, а лечењето знае и да потрае.
Ноктите ви се кршливи: тоа е прилично чест проблем и умее да ги ”излуди” жените кои би сакале убави маникирани и негувани нокти – а како тоа да го постигнат кога секој час ноктите им се кршат? Скоро секогаш причина за овие проблеми е тоа што во организмот ви недостасуваат минерали и маснотии.
Линии на ноктите: во најдобар случај може да биде само последица од неправилно постапување при маникир и во негата на ноктите. Во полош случај, се работи за недостаток на цинк во организмот. Ако ни тоа не е во прашање, можно е да постои заболување на некој од внатрешните органи.
Црвено обоена полумесечина кај коренот на ноктот: тоа е нешто кое никако не смеете да го игнорирате, бидејќи е знак дека настанала слабост на срцето и дека постојат пречки во крвотокот.