Што е финтава со билбордот " КОЈА Е АНА?"

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Иначе девојкава шо е на корицава ми е пријателка :pipi:

Линк од ФБ не ви давам :baeh:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Абе можеби и до некаде е убаво да се рекламира книга, но реклата на билбордот е бедна - ако воопшто зборуваме дека рекламата е поврзана со книгата.

Можеле да изберат подобар начин да го претстават тоа, ова е грдо!
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
45
Поени од реакции
8
Fintata e tokmu ova

Da se rasirat spekulacii za celta na bilbordot, da se dobie golemo vnimanie za da potoa bide otkriena reklamata.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Требало да биде "Која е Лидија?" тогаш ќе добиел во популарност повеќе билбордот
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.374
Поени од реакции
30.795
како и да е, чим рекламава доби дури и тема на форумов, сигурно е добар маркетинг.
мистериозноста копка нели?
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Ако знае некој нека одговори ... : )
Автор Иле Милевски и романот ЉУБОВТА ЗА АНА е финатата
Цитат:
„Дали некогаш сте сакале некого?
Дали сте го сакале толку силно што вашето срце ќеексплодирало од љубов?
Дали сега сте заедно со личноста што најмногу сте ја посакувале и најмногу сте ја сакале во текот на вашиот живот?
Некогаш, без разлика на тоа колку многу сакаме, работите не излегуваат како што ние сакаме.
Зошто?
Дали Вие знаете
Што е љубовта?
Или само ја поистоветувате со заљубувањето?

Хмм, пеперутки во стомакот, пресекување на нозете,вртоглавица, срцето ќе излезе низ градите... чувства, чувства, чувства...Каде можат да те доведат тие чувства?

Дали не треба никогаш да се откажеме од љубовта кон сакана, личност? Што ќе ни донесе тоа доколку таа љубов е платонска патолошка и невозвратена?

Што ќе направите доколку сте станале зависник од љубовта, а опседнат од саканата личност?

Ова се само дел од прашањата коишто не измачуваат сите нас,мали и големи, млади и стари, без разлика на која возраст и припагате,секој од нас секојдневно се соочува со љубовните проблеми кои што го мачат и измачуваат. Некои од нас успеале да ги решат овие проблеми, успеале да бидат среќни и да уживаат во животот исполнет со љубов. Но што правиме со останатите коишто тапкаат во место само затоа што никој не ги научил што е љубовта и како да ја внесат љубовта во нивните срца?
За некој љубовта претставува заљубување, романтика, желбии мистерија; за друг, болка, патење, агонија и екстаза; за трет, секс, страст, еротичност и сензуалност. Но, не е само тоа.

Љубовта е пријателство, давање и земање љубов, комуникација, поседување,афера, ризик, опасност, моќ, уништување, слобода, боженственост иуниверзалност. Но, драги мои, вистината е: кој вистински сака никогаш непрестанува да сака. Не постои лек. Можеби некој би требало да гоизмисли за да се откажеме од љубовта. Едноставно, одиш вонајблиската аптека и си купуваш апче за откажување од љубовта. Нотаков лек против љубовта, сега за сега, нема.

Бидејќи, се е љубов

Студенски живот онаков каков што е во реалноста, без нагли отстапувања јасно обидувајќи се да не се сокријат пропустите на денешниов систем и општество..

Копнежот на младиот јунак почнува токму со реченицата ,,Се викаше Ана. Колку убаво име.“
И кон самиот крај се прашувате ,,дали некој ќе му помогнена Иан?” - (он топик но, беше потребно да цитирам дел од афторското излагање за сопствениот роман

Од тука дилема или одговор....Која е Ана?

Симболиката не е споменувана, барем јас не сум слушнала, но според мене целта е да се врати книгата во рацете на младите, да се прочита еден исклучитено корисен роман наменет за младите кои се на праг на љубовта со сите свои вкусови, да размислат што сето тоа значи- една голема порака во преносна смисла ,,Која е Ана?“ или „ Која е вашата Ана?“
 
Г

Господ

Гостин
Да али....што промовира?
Нигде не се спомнуе книга.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
^
па општо читањето на книги. Напуштање на електронски уреди и да се посветиш на нешто покорисно :)
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Не сум 100% сигурна но како да прочитав некаде низ весниците дека е овој роман на годината за 2010.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
мистериозноста копка нели?
да, ме копка цели 10тина секунди дур се возам во автобус кога немам абсолутно ништо попаметно да правам :)
бар мене
 

bonbon4e

100% крејзи :P
Член од
4 септември 2010
Мислења
226
Поени од реакции
17
Толку се мачев мислејќи која е Ана, оно тоа книга да ти било.. Глупости на квадрат.
Што успеаја да ме заинтересират и изнервират тоа Да. Ама нема шанси да ја читам книгата.:nenene::helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom