Прегорен зејтин замена за дизел?

Има еден цајкан во Тетово, еднаш месечно оди по кафаните и сендвичарите по целиот град, собира изгорен/искористен зејтин, така собран го става во резервоар ќе сачади неколку улици во градод со издувните гасови( читај веѓи да ти паднат ) и ќе ја однесе женаму до Охрид и назад на поседок кај нејзините. :)
 
баш таков форд имам... 1.8 обичен дизел и нај јаката електроника му се греачите... добро сега и цд-то од внатре во кабина:vozbud:

И на голф 2 може :vozbud:

Онак види побарај на нет има некои рецепти како да направиш биодизел од прегорен зејтин. Пробај како оди, експериментирај па може и еден споменик ќе заслужиш да ти изградиме :salut:.
 
Може бе. Нема проблем дизелот да работи на чудово. Уствари Дизел (човекот што го измисли моторот) планирал да го работи на маст а не на нафта (проверете кај сакате за информацијата), само што нафтата беше багатела пред 100 години и затоа денес се користи дизелот.

1) Зимно време мешајте 50:50 бидејќи маслото за јадење згуснува и може да ви ги затни цревата или дизните.
@онак : Тој од Top Gear ставаше средство (што е некоја форма на алкохол) за да се намали густината на пониска температура. Ништо посебно.
2) Летно време може 90:10.
3) Убаво филтирајте го маслото од гарежи. Јас не знам кај нас кај се продава филтер хартија иначе најубаво е таа филтирирање или газија нешто.
 
Imas filter-hartija od "Spar" vo Vero, ja ima na raftovite kaj kafinjata najcesto, onaa hartija sto se koristi vo avtomatite za filter-kafe. Taman e oblikuvana za da legne vo inka so konusna forma.
-Inaku, jas imam proceduvano nafta za domakinstvo za vo diesel motor i preku keche(eden drugar albanec mi go dade na vremeto). I toa legnuva vo inka perfektno! :d
 
Може бе. Нема проблем дизелот да работи на чудово. Уствари Дизел (човекот што го измисли моторот) планирал да го работи на маст а не на нафта (проверете кај сакате за информацијата), само што нафтата беше багатела пред 100 години и затоа денес се користи дизелот.

1) Зимно време мешајте 50:50 бидејќи маслото за јадење згуснува и може да ви ги затни цревата или дизните.
@онак : Тој од Top Gear ставаше средство (што е некоја форма на алкохол) за да се намали густината на пониска температура. Ништо посебно.
2) Летно време може 90:10.
3) Убаво филтирајте го маслото од гарежи. Јас не знам кај нас кај се продава филтер хартија иначе најубаво е таа филтирирање или газија нешто.

да да... го исцедив преку ГАЗА не газија, и одстранети се сите трошкички во него... еве тест ке праам утре... идам за велес со него, му танкирам вечер 10 литри зејтин, а има веке околу 10-12 литри нафта во него... ке видиме... ако нешто се дешава лошо, ке се деси пред да излезам на автопат... ке му смешам уште вечерва, ке го повозам некој круг за да дојде измешаното до бош пумпа и дизни пеку филтерот за да видиме и како ке пали одсабајле и тоа рано ке тргам, негде околу 7:15, а предвидуваат дека ке биде околу -3 утре одсабајле и то... ке ви кажам утре како прошло...
 
Ja iam videno prijatel na tatko mi so vozese dizel ako vi tekinja na Mitsubishi maestro-to go vozese na ulje od trofostanica, toa e ona so go koristat u trafostanicive za ladenje, i se menja na neznam kolku vreme, i na toa idese maestro-to samo malce poise dimese ali niso ne mu smetase
 
Еден пријател на таткоми возеше голф 1, 1.6 дизел на прегорено масло ама моторно го земаше од автосервисите и го мешаше со нафта црвена. Голф 1 има 40 литри резервоар, тој ставаше 10 литри нафта а другото го полнеше со масло, чадеше како улаф додуша си беше малце и моторот заебан пред тоа и подчаднуваше ама со ова можеше колбаси да чадиш на него. Него муабетот ми беше така го извозе 200.000км и уште ке го возеше ама направи собраќајка и не му се исплаќаше да го прави.
 
Абе се вози така... најдобро е ако имаш некој шо работи во ЕВН, да ти најди трансформаторско масло. Тоа е родено за во дизел машинерија, го менуваат на 2-3 месеци бидејќи го користат како средство за ладење на трансформаторот, a во еден трансформатор бери околу пола тон масло. Е сега проблемот е што е канцерогено кога согорува, така да мора да се искористи целото во Велес или во Свети Николе :)
 
како што реков, вечерва падна мешање на зејтин прегорен со нафта... 10 литри во 10 литри нафта... извозев околу 7-8 километри, сосема доволно за да таа смеша стигне до дизни преку бош пумпата и филтерот... и погодете што? моторот си работи исто... по малку издувните гасови заудараа на пржени компири ама се трпи тоа.. плус општо познато за дизел е дека ако нагло му дадеш гас излегува црн дим... е сега е сифкаст не е толку темен... ај да видиме утре како ке запали, и како ке извози околу 120 километри.. реков идам до велес и назад по некои обврски... ако не се јавам до 17 попладне, сум останал на пат и има да ми платат сите тука што ме убедуваа дека се ке биде во ред...:vozbud:
 
BTW Дизел има направено мотор уште у 1900 година што работи на биодизел односно у случајов на масло од кикирики и тоа по барање на француската влада.
 
BTW Дизел има направено мотор уште у 1900 година што работи на биодизел односно у случајов на масло од кикирики и тоа по барање на француската влада.

Diesel иноваторот на моторот...го планирал на тоа да работи...напишав погоре...
 
ако не се јавам до 17 попладне, сум останал на пат и има да ми платат сите тука што ме убедуваа дека се ке биде во ред...:vozbud:
Aко се јавиш дека се било ко шо треба, има да си дајш по едно за сите шо те убедваја дека ќе биди се во ред :)

и ќе си продолжиш со врткање околу сендвичари и собирање на прегорено масло.

Да ти напоменам, пази само во Битола по сендвичарите користат некое масло од палма кое на нормална температура (околу 20 степени) е во цврста состојба (како сало изгледа) и е поефтино а брка работа за пржење. Е сега тоа срање ако го имат турено во некаков микс со обично масло, кога ќе се излади на нормална температура пак се стврднува. Незнам тоа како се микса со дизелот, ако начекаш такво ќе треба миксот надвор од резерварот да го прајш, оти ако ти се стврдни в резервар си наебал.
 
Diesel иноваторот на моторот...го планирал на тоа да работи...напишав погоре...
Sorry друже али ствааааарно ме мрзеше да читам погоре, само инфово го знам од многу порано и ме испровоцира темава да го напишам.
 
кој од тука присутниве ме убедуваше да ставам прегорен и исцеден зејтин заедно со нафтата и дека ке нема никаков проблем?
 
кој од тука присутниве ме убедуваше да ставам прегорен и исцеден зејтин заедно со нафтата и дека ке нема никаков проблем?
Се случи нешто што не треба???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom