Како и секогаш и вчера историјата се повтори. Нека се фрлаат колку сакаат фановите на Барса, ама веќе е ОПШТО ПОЗНАТО дека Барса не може да победи ниту еден од поголемите тимови без помош од судии(дали со исклучување на играч, дали со пенал, дали со недосудени 10 пенали-како што беше си Челзи). Убаво изјави и Роналдо во интервјуто, убаво си кажа и Мурињо. Тоа е.
И не е само еднаш, не е само на една утакмица. Ова е константно 4 години наназад. Не е со еден тим, со секој тим кој ќе биде пречка за Барса се случува истото. Интер, Челзи, Арсенал(два пати) Реал, Порто(поодамна) итн итн.
Ама ајде нека се радуваат и нека освојуваат на стара слава, ќе биде така уште некоја година, ама после се ќе им се удри од глава.
И сега ќе скокнат фановите на Барса демек и Реал не играл добро. Ок, можда, ама оставете барем еднаш некој тим да си изгуби поштено. Без пенали и без црвени картони. Ама не, тоа не може да се случи, зошто во тој случај, Барса не би можела да победи. И наместо да вадите статистики за посед на топка, извадете некоја статистика за тоа колку време играчите на Барса поминуваат лежејќи на трева и глумејќи повреда, колку време поминуваат во трчање по судијата и вршење притисок. Е во тој поглед, сте ненадминливи.
Како и да е, моја желба е да ја видам Барса со 10 играчи на терен, против силен тим во клучен натпревар. Ќе се случи ли некогаш?!? Да не веруваш.