Во првото полувреме играчите на Реал како да ја изгубија мотивацијата после вториот гол. Повеќето наши дефанзивци играа неконцентрирано и делуваа доста збунето во некои ситуации. Парехо му бегаше на Лас на сите страни, и секоја чест за оној погодок. Исто така се виде и големиот недостатоток на неуиграноста на Рамос и Албиол. Пеналот над Ди Марија по мене е правилно досуден. Акцијата помеѓу Ди Марија и Озил беше совршено темпирана и одиграна, само Озил треба што почесто така да улетува и да го искористува празниот простор пред себе. Но појавата на Бензема во првото полувреме е нешто поради кое се прашувам има ли потреба воопшто да се коментира неговиот удел во играта во првото полувреме. Не знам јас дали тој нема среќа, или стварно е големо дрво.. Се на се, играта во прво полувреме беше катастрофа после примениот гол.
Во второто полувреме играчите како да живнаа, Мурињо своето добро го направи. Бензема беше поподвижен, а одбраната подобро функционираше за разлика од првото полувреме. Но од Бензема освен асистенцијата повторно ништо, требаше да биде поодлучен во онаа ситуација кога имавме 3 на 1, но ете не сакаше да биде себичен, иако 10 пати подобра опција ќе беше тој да ја завршеше акцијата. После тоа во игра влегува големиот мајстор, конечно после долго време на терен. Со неговото влегување се виде обидот на Мурињо да го игра Роналдо како шпиц, баш како што Фергусон се обидуваше со него во Манчестер. Не знам дали тоа Мурињо испробуваше тактика во случај Бензема да си оди, па да останеме само со Роналдо како шпиц ? Кака имаше и шанса за гол, но од тешка ситуација, го извади максимумот тогаш.
Ова не е Реал кој ја заврши 2010 година. Многу работи во тимот не функционираа, и се надевам дека тоа ќе биде само за овој натпревар. Од вечерашниов натпревар треба само да се запамтат трите бода и враќањето на Кака. Се друго треба да се заборави, и се надевам нема да трае понатаму.
Иначе за мене мен оф д меч, Алонсо, не дека одигра кој знае што, али одигра онака како што треба, рутинирано. Би рекол Ди Мариа, ама затоа што ја усра при онаа ситуација 3 на 1 кога можевме да имаме резултат од 4 - 1, и мирно да влезевме кон крајот на натпреварот, а не онака да се тресам ебате..