Skopje City Mall

  • Креатор на темата Креатор на темата Бергер
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 декември 2010
Мислења
7
Поени од реакции
1
2012 година, Скопје, нов трговски центар, овој пат по најнов концепт, модерен и практичен. Инвеститорот Fashion Group кај Канал во Скопје (до салата Партизан) гради трговски центар по Светски стандарди кој ќе се протега од Илинденска до Партизанска.

Еве го и визуелниот идентитет на City Mall Skopje.

skopje.jpg

02.jpg

03.jpg

04.jpg

06.jpg
 
Ако ова се реализира, браво! Редно е еден така огромен трговски да добиеме. Не можам да зборам од архитектонски аспект, затоа што и не сум архитект, ама од аспект на обичен граѓанин и љубител на трговски центри (:pipi:), ова личи прекрасно:)
 
Се убија градејќи трговски центри. Ќе не знае народов каде попрво да иде да пазарува богати.
 
Точно е дека имаме доволно трговски центри, ама не се на одмет. Се отвараат работни места, се искористува неискористен простор (а во Скопје има бајаги таков).... Иначе, каде би била точната локацијата на чудово?
 
убаво изгледа ама ќе биде кај кај помал од тој ера на саем што ќе биде...
ама овој па порано ќе го отворат...
 
Убаво, нека се гради!
 
ајде уше 2-3 па до го пријавиме скопје у гинис за град со најмногу трговски -.-
 
Се убија градејќи трговски центри. Ќе не знае народов каде попрво да иде да пазарува богати.

А бе тоа да, ама од друга страна и доста луѓе можат да се вработат кога ќе видиш, така да тоа и не е така лошо. :)

Иначе ми се допаѓа тоа што го гледам ,ама додека не се отвори не коментирам, пошо Вероно го пупмаа, а мене не ми се свиѓа. 5 продавници има.

--- надополнето ---

Од зградата гледам право во местово кај шо треба да се гради, ама со ова темпо досега како што оди тешко дека до кај 2015 би го завршиле. А не ме чуди и да имаат проблеми со документации, денационализации, бирократски глупости... почнаа лани да го копаат местото и сега е дупка длабока 5-6 метри преку целото место и кога ќе заврни дожд се претвора во езеро. А откако го ископаа така го оставија, ништо не чепнаа со месеци, од пролетоска веќе. Е сега, поставија некој кран пред некој ден, завчера и еден-два багери внесоа внатре, ама падна снегот и пак така се’ оставија. Не сум баш оптимист дека ќе го биди.
 
На една од сликите, најдесно се гледа катна гаража на 5 нивоа. :)

Иначе ептен убаво изгледа дизајнерски. Внатрешноста, иако на 1 слика, изгледа како сите трговски понови кај нас. И според се, не ми изгледа дека малце продавници ке има, како кај Веро на пример.

Малце мислам дека е вишок трговски уште еден али ај, нека ви биде. Само ке се намалува бројката на посетителите во трговските и ке се пропадне, заради конкуренција и помала заработувачка. Но ај отом-потом...
 
А бе тоа да, ама од друга страна и доста луѓе можат да се вработат кога ќе видиш, така да тоа и не е така лошо. :)

Иначе ми се допаѓа тоа што го гледам ,ама додека не се отвори не коментирам, пошо Вероно го пупмаа, а мене не ми се свиѓа. 5 продавници има.

Се во ред тоа, не ми беше мислата дека ова е лошо. Нека се гради, секогаш и секаде е убаво кога со гради.
Но некако мислам дека се чувствува презаситеност трговски центри, народов не може да си дозволи секој месец да пазарува низ тие брендирани продавници.
Како и да е, ова е само мое мислење, се надевам дека додека го изградат ќе се зголеми стандардот на граѓаните на РМ :)
 
На една од сликите, најдесно се гледа катна гаража на 5 нивоа. :)

.

Многу, ама многу сум скептична околу катните гаражи. 5 години уназад викаат еве овде ќе се гради катна гаража и увек на крај испаѓа нешто друго...:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom