Skopje City Mall

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Штом се градат нон стоп нови трговски значи народов имал пари за трошење ! :)
Уф, полесно ми е сега.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Трговскиов центар што ќе се гради ми е позади зграда инаку сликиве сега ги видов, ми се допаѓа архитектурата
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Трговскиов центар што ќе се гради ми е позади зграда инаку сликиве сега ги видов, ми се допаѓа архитектурата
мене ми е пред зграда :pos: кај живееш поточно?
 
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Поубаво е да се гради отколку да се кради. Со ова ќе се отворат и нови работни места, и плус полека полека имаме се повеќе инвеститори од странство што е одлично за нашава земја.
ПС: Обожавам вакви грандиозни и гламурозни објекти.
А како иначе се крадИ ако не се гради?

Се надевам со овој објект ќе се зголеми конкурентноста помеѓу трговските центри, затоа што моментално цените во Рамстор и новиот Веро се безобразни.
Јас па не се надевам дека нешто ќе се смени, затоа што истите тие што се по Рамстор и Веро ќе се насадат и тука.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Carrefour, Inditex и Cineplexx од септември доаѓаат во Skopje City Mall


Интернационалните брендови "Carrefour", "Inditex" и "Cineplexx" се трите најголеми закупци во трговскиот центар "Skopje City Mall", инвестиција вредна 90 милиони евра, што треба да биде отворен во септември.


Овие три големи светски компании со договорот за закуп со компанијата инвеститор Балфин МК добија загарантирани позиции во новиот трговски центар.
Балфин МК го најавува влезот на вториот најголем ланец на супермаркети во светот и најголемиот во Европа - Францускиот интернационален трговец "Carrefour", кој го потпиша договорот за закуп за носечка хипермаркет продавница со вкупна квадратура од 4.650 метри. Договорот бил потпишан уште во јули минатата година, но поради клаузула за доверливост, информацијата за истиот морала да остане во тајност.

Уникатната позиција и предностите на "Skopje City Mall" како регионален шопинг центар со огромно значење за локалниот пазар, ја поттикна компанијата "Carrefour" експанзијата на просторот на бившите југословенски републики да ја започне со отворање на клучен хипермаркет, токму во "Skopje City Mall". Со отварањето на овој хипермаркет, "Carrefour" ќе има преку 9.500 продажни локали, во 33 земји во светот.

Истовремено, Балфин МК објавува дека еден од најголемите модни трговци во светот, интернационалната компнија од Шпанија "Inditex", во рамки на првиот современ шопинг центар во Македонија од европски размери, ќе се претстави со петте реномирани модни концепти: "Zara", "Bershka", "Massimo Dutti, "Pull & Bear" и "Stradivarius" на вкупна површина од 4.350 м2.
Само продавницата на "Zara" ќе зафаќа 2.190 метри квадратни, распоредени на два ката, што ја прави најголемата "Zara" на Балканот. И останатите 4 реномирани бренда ќе го имаат најголемиот можен концепт по квадратура - пракса замо во најголемите светски метрополи.

"Inditex" како докажан лидер во светот на модната индустрија и уникатен бизнис модел со проверен маркетинг концепт кој функционира од 1975 година, денес има повеќе од 5.000 продавници распоредени на пет континенти. Со влезот на "Индитекс" во "Скопје Сити Мол", Македонија станува 80 земја од светот во која Групацијата ќе биде присутна со своите афирмирани модни брендови.
"Cineplexx" во рамки на "Skopje City Mall" ќе се претстави со девет кино сали опремени со современа дигитална технологија преку која македонската публика ќе го искуси најновиот "Real 3D" ефект. Планот на "Cineplexx" не е само да прикажува филмови туку и да овозможи уживање во спортски и музички настани на големото платно, повторно во "Real 3D".

Сите три компании го привршуват процесот на опремување на просторот и го дооформуваат менаџерскиот тим кој со забрзано темпо се подготвува за периодот на отворање.

"Може да се уверите дека "Skopje City Mall" привлече некои од светски најбараните бренд имиња кои меѓудругото за прв пат ќе се претстават на македонскиот пазар. "Skopje City Mall" ќе се етаблира како центар со најдобра селекција на интернационални трговци, давајќи му една поинаква димензија на шопинг искуството . Ова е одличен показател за силата на "Skopje City Mall" и јасна индикација за растот и развојот на Македонија во една динамична и зрела држава. Всушност "Skopje City Mall" отвора нова, современа ера и ги поместува границите на купувањето. "Skopje City Mall" ќе биде место каде уживањето и шопингот се спојуваат во ново, возбудливо друштвено и културно искуство", изјави Петер Џ. Варден Главен извршен директор на Балфин МК и член на RICS.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
2200 нови вработени

2200 x 200 евра ( нека бидат 200 евра просек)

2200 x 200 = 440 000 евра месечно

440 000 x 12 месеци = 5 280 000 евра годишно.


Над 5 милиони евра ќе прими обичниот народ плата. Одлично, нека се гради.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Абе сите се радуваат на Зара мара, уствари сите се радуваат на сезонскиот попуст, чистка на старата колекција, во услови кога имаат продадено голем дел од колекцијата, им се исплати да дадат на распродажжба по смешна цена тоа шо им останало, ама ако не продадат во текот на сезоната добра бројка по добра цена, тешко дека ќе видиме распродажби како по Солун и големи трговски центри, каде што продаваат без број парчиња по редовна цена, и после имаат можност да даат и попуст на останатата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Трите најголеми закупци на трговскиот центар од 90 милиони евра „Skopje City Mall“ се интернационалните брендови „Carrefour“, „Inditex“ и „Cineplexx“, денеска соопшти „Балфин МК“.
-Францускиот интернационален трговец „Carrefour“ потпиша договор во јули за закуп за носечка хипермаркет продавница со вкупна квадратура од 4.650 метри, но досега поради клаузула за доверливост информацијата мораше да остане во тајност, изјави извршниот директор Петер Варден.
Истовремено со „Carrefour“ , интернационалната компанија од Шпанија „Inditex“ во рамки на првиот современ шопинг центар во Македонија од европски размер, ќе се претстави со петте реномирани модни концепти „Zara“, „Bershka“, „Massimo Dutti“, „Pull & Bear“, и „Stradivarius“ на вкупна површина од 4.350 метри квадратни.
Само продавницата на „Zara“ ќе зафаќа 2190 метри квадратни, распоредени на два ката, што ја прави најголемата „Zara“ на Балканот.
Како што посочи Варден, третиот најголем закупец е австриската компанија „Cineplexx“, кој во „Skopje City Mall“ ќе се претстави со 9 кино сали опремени со современа дигитална технологија преку која македонската публика ќе го искуси најновиот „Real 3D“ ефект.
Овие брендови заедно со останатите ќе се претстават на отварањето на „Skopje City Mall“ овој септември.
Официјалните рендери

 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Слушам муабети дека старбакс ќе отварале?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Абе сите се радуваат на Зара мара, уствари сите се радуваат на сезонскиот попуст, чистка на старата колекција, во услови кога имаат продадено голем дел од колекцијата, им се исплати да дадат на распродажжба по смешна цена тоа шо им останало, ама ако не продадат во текот на сезоната добра бројка по добра цена, тешко дека ќе видиме распродажби како по Солун и големи трговски центри, каде што продаваат без број парчиња по редовна цена, и после имаат можност да даат и попуст на останатата.
Дури и цените да бидат пониски и да има поголема распордажба кај нас, џабе.. важен е муабетот: „бев у Солун на шопинг“...

него, Cineplexx, филмови и фудбал во 3D...

 
M

Mario Gómez

Гостин
Се што се гради не е на одмет, нови вработени, пари за македонски градежни компании итн. Треба да се урбанизира Скопје... Има многу запустени делови у градот... да не знајт некој за оние никаквине куќи кај народна банка, кај паркингот на заден влез на ГТЦ, кај олимписки, кога ќе се рушат?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
“Со 150 продавници, во коишто ќе има 24 нови брендови, со хипермаркет од 4.000 метри квадратни, со ултрамодерен 3D кино-комплекс, со сала за куглање, центар за забава и многу други содржини, Скопје сити мол ќе понуди не само ново шопинг-искуство, туку и досега невиден простор за разонода и современ животен стил“, вели директорот на Балфин МК, компанија коинвеститор во најголемиот шопинг-центар во Македонија

Балфин МК, подружница на групацијата Балфин од Албанија, заедно со партнерот Фешн груп од Македонија забрзано работат нa комплетирање на својата голема инвестиција – Скопје сити мол (Skopje City Mall), најголемиот трговски центар досега изграден во земјава, проект што почна да се реализира есента 2010 година. Разговаравме со Питер Ворден, директор на Балфин МК, за тоа што сe ќе им понуди Скопје сити мол на потрошувачите од Македонија и од регионот.

Господине Ворден, кога се очекува да биде завршена изградбата на Скопје сити мол? Колку чини целата инвестиција?
-Се планира објектот да биде завршен и пуштен во употреба во септември годинава, а целиот трговски центар ќе има капитална вредност од над 90 милиони евра.

Сериозни финансиски институции, како што е Европската банка за обнова и развој, влегоа во проектот со свои средства. Според вас, што беше клучно за привлекување вакви инвеститори во проектот? Колкав е уделот на ЕБРД во вкупните инвестиции?
Носителите на проектот уште од самиот почеток работат со висококвалитетни дизајнери и консултанти од светска класа. Високото ниво на професионализам придонесе за создавање доверба во врска со проектот и за привлекување на голем број меѓународни инвеститори и банки, вклучувајќи ја и ЕБРД, која инвестираше речиси 19 милиони евра.

Што го привлече Балфин да инвестира во Македонија?
-Балфин заклучи дека во Скопје има драстичен недостиг од соодветен шопинг-простор и тоа н$ поттикна да побараме погодна локација. Во моментов Скопје има 50 метри квадратни модерен малопродажен простор на 1.000 жители. Споредете го ова со Загреб, каде што има 500 метри квадратни, или со Будимпешта, каде што има 1.150 етри квадратни за истиот број жители, и станува очигледно дека има огромна потреба за малопродажен простор. Недостигот од модерен малопродажен простор спречува голем број меѓународни брендови да отворат свои продавници во Македонија.

Може ли повторно да објасните за нашите читатели што се ќе содржи овој трговски центар?
-Трговскиот центар ќе содржи 39.000 метри кцадратни простор за малопродажба и за разонода, распореден на три ката, како и подземен паркинг на повеќе нивоа за 1.300 автомобили. Ќе има 150 продавници, од мали киосци до големи продавници, на две нивоа за корисниците на голем простор. Во центарот ќе има хипермаркет од 4.000 метри квадратни, со кој ќе раководи меѓународен бренд. Трговскиот центар, освен продавници, ќе обезбедува и простор за разонода и животен стил, кој ќе вклучува барови, места за храна, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава и најсовремено *3D кино со 10 сали за проекции. Сите ресторани имаат тераса, за да можат луѓето да седат надвор на свеж воздух и да пушат ако сакаат. Се на се, посетата на Скопје сити мол ќе претставува многу повеќе од шопинг.

Го најавувате Скопје сити мол како најмодерен трговски центар во регионот. Во што е поинаков споредено со сличните комплекси на Балканот?
-Дизајнот е на Лагварда лоу (Laguarda Low), еден од најзначајните дизајнери на трговски центри во светот, а внатрешно содржи најсовремена климатска опрема и софтвер кој ќе обезбедува минимална енергетска потрошувачка. Дури и стаклото е специјално изработено за да ја минимизира загубата на топлина во зима и навлегувањето на топлината во лето. Дизајнот на продавниците е посебно изработен за да им обезбеди на трговците оптимални услови во однос на просторот...

Целиот текст може да го прочитате во бизнис магазинот "КАПИТАЛ И МЕНАЏЕР" од 14 март 2012 година (среда)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
ако нема Старбакс не им идам :cautious: што ќе ми е мене Зара..
 
P

PewDiePie

Гостин
да не знајт некој за оние никаквине куќи кај народна банка, кај паркингот на заден влез на ГТЦ, кај олимписки, кога ќе се рушат?
За нив ми кажаа дека ќе ги рушат и ќе било деловен објект тоа,а кога ќе ги рушат не знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom